Post Views: 2
Тим од Македонија составен од неколку преставници кои години наназад работат на заштита на Охридското Езеро десет дена беа во Јапонија каде имаа можност да ги согледаат начините за рехабилитација на цевките на колекторските системи и начинот на којшто се управува со водоводниот систем. Оваа посета е дел од проектот за рехабилитација на колекторскиот систем на Охридското Езеро.
– Она што го видовме на лице место, презентацијата за начинот како ќе се врши рехабилитацијата на системот беше навистина позитивно и апликативно за нашето езеро и неговиот колекторски систем....
Post Views: 0
Националните специјалитети, македонската гостопримливост, разните видови на вкусната традиционална кујна, добропознатото македонско вино, како и многуте други изложени македонски производи и прикажувањето документарен филм за убавините на Македонија, беа причините што ги привлекоа многубројните посетители.НАТО секоја година организира хуманитарен базар на кој учествуваат сите дипломатски преставништа во седиштето на Алијансата во Брисел. Собраниот приход од базарот е наменет за добротворни цели.
На овој хуманитарен базар, Македонија учествува по 5-ти пат, каде што...
Post Views: 1
На картата на светот која можеме да ја видиме кога ќе кликнеме на линкот Операции (Operations), на кој со потемна боја се означени членките на Северноатлантскиот сојуз, а со ѕвезди разни подрачја на делување на НАТО, за членка е прогласена Македонија, а Хрватска не е означена, иако на друго место на интернет страната на второ место е наброена како членка.
Во меѓувреме во Лисабон трае НАТО самитот на кој Хрватска прв пат учествува како полноправна членка и Хрватска.Република Македонија на Самитот е поканета како земја-придонесувач во мисијата ИСАФ во Авганистан и како...
Post Views: 7
Охрид ги доби првите едуцирани бартендери, односно професионалци за приготвување коктел во баровите. Денеска во охридското средно угостителско училиште „Ванчо Питошески“ 20 невработени лица кои ја следеа обуката за стекнување со меѓународен сертификат за бартендер, полагаа испит. Идните бартендери задоволни се од обуката и велат дека воопшто не била тешка, а дел од нив веќе имале искуство во работа на шанк, послужување на гости и подготовка на коктели. Еден од кандидатите, Бобан Пашоски, кажа дека оваа обука за него претставува дополнителна можност да се научи, како...
Post Views: 5
Терминот „македонско“ со години се однесува исклучиво на грчко вино во ЕУ, соопштуваат од ЕK во Брисел по објавената информација за забранет увоз на вино од Македонија со истата придавка во Германија и Словенија.
Од информациите кои ги добивме од седиштето на Европската унија дознаваме дека всушност Грција одамна го има заштитено и македонското географско потекло како исклучиво нејзино, а во службениот весник на ЕУ на 15 септември 1989-та е заштитен и терминот „Македонија“ како грчки. Бидејќи Грција е земја-членка на ЕУ, најприродно таа имала предност во заштитата на...
Post Views: 0
Раната идентификацијата на талентите треба да започне од најраната возраст. За прв пат во Македонија се реализира еден грандиозен проект „Откривање и работа со надарени и талентирани во предучилишните установи“. Според проф. Љупчо Кевероски, во фокусот на овој проект е раната идентификација и препознавање на талентите или со други зборови кажано, Македонија прави еден радикален чекор кога станува збор за компетенциите за воспитниот и другиот стручен кадар, да направи своевиден пресврт во однос на гледањето на оваа популација.
„Се работи под секакво соучество на еминентни...
Post Views: 3
Во Македонија привршува бербата на јаболката а Преспа е регион препознатлив по оваа култура зашто, докажано, климатските услови таму се идеални.
Но дали само климата доволна, без употреба на пестициди?Не сите, ама кај некои јаболка се забележува вкус, што би се рекло, „на хемија“.Некои произведувачи велат дека прскањето и повеќе од 10 пати е неопходно за да изгледа јаболкото убаво за око, оти таквите постигнуваат цена. За експертите употребата на хемиски препарати е неизбежно во ера на зголемена потреба од храна и масовно производство.
-„Надворешно има позитивно влијание,...
Post Views: 10
Целта на маршот е испраќање апел за политичка толеранција и намалување на говорот на омраза на политичката сцена. Овој марш се одржува по повод Меѓународниот ден на толеранцијата, 16 Ноември, воспоставен од ОН во 1995 година.– Апелираме за политичка толеранција и конструктивен дијалог меѓу сите креатори на јавните политики, јавното мислење и вредности! Апелираме за меѓуетничка толеранција и почитување на етничките, културните и религиозните разлики! Апелираме за толеранција и за превземање на решителни мерки за да стави крај на дискриминацијата врз основа на...
Post Views: 3
Извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската унија, нашето членство во НАТО алијансата, но и проширување на соработката и билатералните односи на Македонија и Латвија. Ова беа главните точки на дискусијата на денешната работна средба помеѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски и неговиот колега од Латвија, Едгарс Ринкевичс. Министерот Попоски вели дека државата е во очекување на извештајот за напредокот на земјата во спроведување на реформите за членство во Европската унија, со која од наредната година ќе претседателствува токму Латвија. Според...
Post Views: 1
Охрид, Галичица, св Наум, охридскиот бисер, филигранството и пештерните цркви во Струга ќе се промовираат во светот преку кратки филмови кои ќе ги изработи холивудска продуцентска куќа.
Од утре па се до 10ти септември во Македонија ќе престојува тим на компанијата Infinity pictures and HMB (Hollywood Media Bridge). Познатиот CNN Travel Guru, репортер, продуцент и поранешен дипломат Перси Вон Липински, во Македонија на инфо тура која ќе трае 18 дена носи екипа составена од познати професионалци во филмската индустрија. Тимот на Липински го сочинуваат: Филип Голдфајн...
Post Views: 7
Како што информираат од EVN Македонија, од почетокот на акцијата склучени се над 4.500 спогодби, при што 70 отсто од договорите склучени се во Скопје.Поголем интерес за расчистување со тужените долгови има кај домаќинствата, додека кај правните лица интересот е нешто помал, велат од EVN Македонија.Според компанијата, расте и бројот на склучени спогодби со оние граѓани кои на почетокот се чуделе од каде се долговите кои им се прикажани на сметките за струја.Новиот наплатен систем има можност да ги прикаже сите долгови па така и тужените долговите кои ЕВН ги наследило...
Post Views: 3
Историско издание на 27та Седница на совет. Покрај тоа што се водеа дискусии поврзани со поблиската и подалечната историја на државава на оваа седница се донесоа и историски одлуки за градов. Охрид од денес има нов грб и знаме. Советничката група на СДСМ побара оваа точка да биде тргната од дневен ред со објаснување дека вака важни одлуки не треба да се носат избрзано, нетранспарентно и без при тоа да биде запознаена пошироката охридска јавност. Тие реагираа на тоа дека не била запазена постапката при донесувања на вакви решенија. Секретарот на Општината Димитар Спасески...