Ознака: локална

sdsm

О.О на СДСМ: „Отчетот на Бакрачески-партиски памфлет“

Post Views: 4 Општинската организација на СДСМ, отчетот на градоначалникот Бакрачески го оквалификува како партиски памфлет за она што не чинело во минатото. На денешната прес конференција тие упатија остри критики околу содржината на презентираниот извештај на градоначалникот, за кој од СДСМ велат дека бил побаран пред два месеци, а презентиран дури сега и тоа поради жестокиот притисок од опозицијата. „Она што веднаш паѓа в очи е првиот и најдолгиот дел од извештајот – сирова и субјективна партиска критика на поранешната локална власт – нешто што го слушаме по којзнае кој пат, бидејќи...

Continue reading

rezim na soobracaj

Никако да се изготви сообраќајната студија за градов

Post Views: 3 И ова лето ќе имаме импровизаторски режим на сообраќај. Сообраќајната студија која се најавува години наназад, никако да се изготви. И оваа локална власт навреме не се зафати со овој сложен проект па не ќе може сообраќајот низ градов да се регулира врз основа на некои посериозни истражувања направени од стручи тимови. Мора да се направи една сондажа колку возила има во градов во летниот а колку во зимскиот период. Тоа е една сложена постапка. Треба сериозно да му се пристапи овој проблем бидејќи минатите лета имаше  сообраќаен хаос во градов. Студијата е неопходна, вели...

Continue reading

drvo na kola

Падна дрво врз кола во Косел

Post Views: 18 Во центарот на охридското село Косел падна чинар врз возило марка Мерцедес. Возилото е речиси уништено. Искршените стакла од возилото и деловите од распуканите гранки од стеблото на чинарот сеуште не беа отстранети од местото каде се случи овој немил настан. Од сопственикот на возилото дознавме дека чинарот паднал вчера некаде околу 21 часот. Случајот бил пријавен во СВР Охрид. Направен бил увид и записник од страна на крим техника. Сопственикот најави дека ќе бара надомест на штета од Локалната самоуправа, бидејќи чинарот се наоѓал на јавна површина во сопственост...

Continue reading

plan

Локална: Нема нерешлив проблем, но законот пред се

Post Views: 2 Локалната самоуправа на Охрид, денес се огласи во врска со реакциите на неколку охридски семејства кои живеат во објекти кои не одговараат на стандардите на современо урбано градско живеење. Имено, според Томе Џамтоски портпаролот на општина Охрид, Локалната самоуправа и градоначалникот Бакрачески, имаат потполно разбирање за тешката состојба во која се наоѓаат неколку социјални семејства. Тој додава дека за жал, нивните можности за помош во тој поглед биле лимитирани од причина што законските прописи не оставале многу простор за работа. „Во најголем број случаи овие...

Continue reading

malari;na

Сеуште неизвесна судбината на здравствениот дом во Охрид

Post Views: 1 Сеуште неизвесна судбината на здравствениот дом во Охрид, попознат како Маларична. Надлежните институции во дилема дали да се реконструира или да биде изграден нов објект на друга локација. Оваа здравствена установа е  во незавидна состојба бидејќи многу е руинирана па речиси во неа и да нема услови за работа. Охриѓани кои голем дел се и пациенти кај докторите чии ординации се наоѓаат токму таму, со поделени мислења околу иднината на здравствениот дом. Министерството за здравство е тоа кое треба да одлучи што со Здравствениот дом во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески...

Continue reading

kukarka

Завршени двата типизирани објекти за продажба на сувенири

Post Views: 9 Двата типизирани објекти за продажба на сувенири кај Чинарот и пристаништето  се во завршна фаза. Монтажата на типизираните објекти за продажба на сувенири која започна на почетокот од месец јули  беше  довршена  деновиве,  месец и половина по отпочнување на  работите. Објектите беа најавени дека ќе се градат уште минатото лето. Изминува уште една туристичка сезона, а ресорното министерство не успеа да ги доврши и стави во функција навреме двата објекти.   Јавноста го поставува прашањето зошто не се забрза градбата и се дозволи да се пропушти туристичката сезона? Од...

Continue reading

vmro np

ВМРО НП: Се вршат притисоци врз доверителите за да се откажат од побарувањата кон општината

Post Views: 9 ВМРО Народна партија даде своја оценка на досегашното работење на новата локална самоуправа. Тие сметаат дека во изминатите 100 дена се правеле само куртоазни средби со одредени групи на граѓани, се асфалтирале некои помали улици, и одржувале манифестации кои години наназад биле одржувани. Од ВМРО Народна прашаа што е различно во поставувањето на урбаната опрема, освен новата давачка за угостителите за закуп на просторот. Од Народна сметаат дека најавуваните изградби на нова автобуска, затворен пазар и катна гаража веќе требало да се започнати, бидејќи за сите нив има...

Continue reading

orman

Охридските села не искористиле пари од фондовите од Европската унија и Владата

Post Views: 2 До 8 јули тече третиот повик за користење на средства од владината Агенција за за поддршка на земјоделски и рурален развој.   Од ЕД Грашница во  соработка со жителите од село Орман реагираат дека институциите се неажурни во подготвување на апликациите за да се искористат средства за развој на селата. Борис Стојаноски  од ЕД Грашница, напоменува дека досега  охридските села не искоритиле пари за развој нити од ИПАРД фондовите на Европската унија , но ни од Владата на Македонија. Поголемиот  број на села имаат нужна потреба од канализација, водовод, патна инфрстатруктура,...

Continue reading

prevoz

Времено замрзната исплатата на патните трошоци за наставниците од Охрид

Post Views: 3 На почетокот на минатата учебна година, претходната Локална самоуправа и регионалниот одбор на Самостојниот синдикат за образование наука и култура – СОНК од Охрид потпишаа меморандум со кој, Општина Охрид ги презеде трошоците за превоз на наставниците. Но, пред самиот крај на оваа учебна година, времено се замрзна исплатата  на патните трошоци за  превоз на наставниците од Охрид и селата кои гравитираат кон нашата општина. Димитар Спасески, секретар на општина Охрид објасни дека една од причините за ваквиот потег на локалната, се резултатите од направената анализа...

Continue reading

sovet

Советот за локална превенција притекна на помош

Post Views: 10 Во полн состав претставници на локлната самоуправа, полицијата, невладини организации, ОДСЕ  како и директорите на двете средни училишта седнаа на маса да најдат долгорочно решение за учениците од понеделник да се вратат на настава. Советот за локална превенција од Струга, денес во полн состав се состана за  заеднички да го надминат проблемот со конфликтите во „Нико Нестро“.Јазичните делби во средношколскиот центар нема да го нарушат соживотот во Струга, вели директорката на „Нико Нестор“. До оваа ситуација доаѓа од претходното образование и воспитување, проблемот не...

Continue reading

sr

Охридското Супер радио, најслушанa локална радио станица во РМ

Post Views: 4 Охридското Супер радио, кое минатата година прослави 20 години успешна работа и официјално е најслушаната локална станица во Република Македонија. Според анализите од 15-ти април објавени на официјалната страна на Советот за радиодифузија на Република Македонија, Супер радио со уддел од 14,7 % е водечката локална радио станица во државата. – Јас можам само да искажам огромна благодарност до целиот тим на Супер радио, до сите кои со еден мал дел во моментов, но и годиниве наназад ставија по една коцка во мозаикот наречен Супер радио. Искрена благодарност до сите...

Continue reading

безбедност

Бирото за јавна безбедност ќе поведе истрага за криминални дејности на претходната локална власт

Post Views: 4 Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков    во Охрид се сретна со градоначалникот Никола Бакрачески. Чавков и Бакрачески разговарале во врска со основани сомневања за одредени криминални активности на претходната локална власт. Засега овие сомнавања се во форма на основи, но се доволна причина за понатамошно интензивирање и продлабочување на истрагата.  По средбата, директорот Чавков  најави  подетална истрага поврзана со криминални активности во работата на претходниот градоначалник. „ Целта на посетата и состанокот беше еден општ разговор околу одредени...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top