Ознака: локална

Чинго: Државниот инспекторат за локална самоуправа е орган кој нема правен основ да укинува одлуки

Post Views: 10 Паушално и произволно, без правен основ е известувањето на државниот инспекторат за ЛС дека ќе ги укине одлуките што ги донесле советниците по 24 март, тврди Владо Чинго адвокат и поранешен претседател на Советот на град Охрид. Инспекторатот е орган на министерството за Локална самоуправа кој ги контролира одлуките кои ги носи советот дали се во согласност со законот за локална самоуправа и другите закони кои ја уредуваат таа област. Вршат контроли и надзори , редовен, вонреден и контролен наздор и може врз основа на тоа да укинат некои акти од општината или програми,...

Continue reading

Ќе се изготвува локална стратегија за превенција од ХИВ и туберкулоз

Post Views: 2 Ќе се изготвува локална стратегија за превенција од ХИВ и туберкулоза. Организација на ИПГ Гостивар и ЗГ Опција Охрид разговараа на оваа тема на состанокот кој неодамна се одржа, а причина за тоа е истекувањето на рокот на ,,Локалната стратегија и Акциониот план за одржливост на програмите за превенција на ХИВ и туберколоза во Охрид и негова реализација“ која важеше за период од 2014год-2016год и беше изгласана од советот на општина Охрид. Сега ќе треба да се носи нов план или да се ревидира постоечкиот и истиот да биде изгласан од советот на општината. Планот кој го...

Continue reading

Sasho Lazareski

Незаконски буџет или недолични политички игри

Post Views: 15 Заменик министерот за  Локална самоуправа Сашо Лазарески, денeс оствари работна посета во Струга.  Тој беше запознаен со најновите настани кои се случија околу донесувањето на буџетот на општината за 2012 год. По се изгледа Државниот инспекторат при Министерството за локална самоуправа ќе ја чешла постапката околу донесувањето на буџетот на општина Струга за 2012 година.После тоа ќе се знае дали овој акт кој предизвика големо внимание во јавноста, според укажувањата на членовите на партијата на власт, е или не, законски донесен, вели Лазарески од министерството за Локална...

Continue reading

Локална:нема ништо спорно во изградбата на хотелот во населба Лагадин

Post Views: 4 Нема ништо спорно во изградбата на хотелот во населба Лагадин, велат од Локалната. Од таму објаснуваат дека одобрението за градење на хотелот  е издадено во законски пропишана процедура со прибавување на сите потребни документи пропишани според законот за градење. Додаваат дека не станува збор за хотел со шест ката, како што обвинуваа мештаните од оваа населба и дека се гради во согласност со одобрението добиено од Министерството за животна средина и Министерството за транспорт и врски. Лилјана Јоноска, претставник од секторот за урбанизам,ги покажа сите документи кои...

Continue reading

Bejta i Merko

Министерот за локална самоуправа ќе ги решева проблемите на општините

Post Views: 15 Министерот за локална самоуправа Невзат Бејта во посета на општина Струга и центарот за развој на Југозападниот плански регион. „Од овие средби јас се информирам за секој проблем што го имаат градоначаниците“ истакна министрот Бејта. „ Како министер за локална самоуправа секој градоначалник што има проблем со централната власт може да ме информира за што јас сум спремен да дискутирам и да им помогнaм на општините. Со градоначалникот на општина Струга и претседател на Југозападниот регион разговаравме за многу проблеми како што е финасирањето на регионите и ветив дека...

Continue reading

Локална самоуправа Охрид: Ние работиме транспарентно и отчетно и секоја наша постапка и процедура е отворена за граѓаните

Post Views: 5 „Не можејќи да ја прикријат сликата на инфериорност и дијаметрална различност во работењето помеѓу оваа и минатата локална власт, а фрустрирани од многубројните реализирани проекти кои секојдневно се презентираат во јавноста, СДСМ- Охрид денес како и три години наназад се обиде преку замена на тези да го прикрие девастирачкото однесување кое беше одлика на нивното 8 годишно брутално уништување на вредностите на градот. Зарем свитата на СДСМ- Охрид од чие 8 годишно дивеење ќе патат уште многу генерации во наредните неколку десеттици години има кредибилитет и морално право...

Continue reading

Општина Охрид: Господа од СДСМ многу работи се сработија во Охрид, за разлика од претходно кога вие бевте Локална власт

Post Views: 2 Жално и крајно не сериозно е тоа што СДСМ Охрид не се обиделе нити точно да ги пребројат 100те дена од мандатот, а камо ли да застанат и да ги проверат сите проекти кои се сработени во изминатиот период. Веројатно под наредба од централата, иако знаејќи дека ќе испаднат смешни пред јавноста, од СДСМ Охрид биле принудени да излезат на прес конференција, се вели во реакцијата на општина Охрид во врска со прес-конференцијата на СДСМ Охрид по повод 100 дена нова локална власт. Понатаму во реакцијата се вели: “Драги господа од СДСМ многу работи се сработија во Охрид, за...

Continue reading

Јованоски: 100 дена нова Локална власт предводена од градоначалникот Кирил Пецаков и ВМРО ДПМНЕ, но воедно и 101 лага и 101 празно ветување

Post Views: 18 100 дена нова Локална власт предводена од градоначалникот Кирил Пецаков и ВМРО ДПМНЕ, но воедно и 101 лага и 101 празно ветување дадени на охриѓани, обвини на прес конференција претседателот на СДСМ Охрид Науме Јованоски.  „Граѓаните се во неверување дека поминаа повеќе од три месеци од мандатот на новиот градоначалник бидејќи на терен нема ниту траг од ветените проекти. Прашуваат каде се промените и просперитетот на градот, каде се активностите за Спорт за сите? Кога ќе започне спортскиот развој и изградбата на новите мултифункционални спортски игралишта во Велгошти,...

Continue reading

logo

Охридскиот Црвен Крст ќе добие специјално возило за интервенции

Post Views: 1 Во рамките на своите заложби и активности за надградба на човечките и материјално-технички капацитети, Црвен крст Охрид активно соработува со организацијата на Црвен крст Зеволде, Холандија. Како резултат на таа соработка, во периодот од 29 април до 05 мај 2015 година, во работна посета на Црвен крст Охрид ќе претстојуваат тимови на инструктори и тренери по прва помош од Црвен крст Зеволде и Националниот здравствен сервис на Холандија, кои, со тимовите за спасување на вода и спасување на планина и непристапни терени и тимовите за прва помош  на Црвен крст Охрид ќе реализираат...

Continue reading

logo

Општина Охрид: Вработувањата се стручни и компетентни

Post Views: 7 Денес општина Охрид им се  заблагодарува    на СДСМ- Охрид  за   евиденцијата што тие ја правеле   околу бројот на распишани огласи за вработувања  откако на власт е градоначалникот Никола Бакрачески и притоа потсетува дека овој политички субјект заборавил  да каже дека  во периодот на 2013 година пред доаѓањето на актуелната локална власт,со сомнителни договори за вработување  преку ноќ во општина Охрид работно ангажира  325  партиски лица, од кои голем дел без почитување на законските процедури. Исто така СДСМ – Охрид е партија која го зголеми бројот на вработени...

Continue reading

detsko odmoraliste

Локалната заинтересирана да помогне за реконструкција на детските одморалишта во Охрид

Post Views: 9 Ќе заживуваат ли детските одморалишта во Охрид. На Охридското крајбрежје има две детски одморалишта „Радости“ и „Славејче“. Нив ги одржува и со нив стопанисува Републичкиот Сојуз за грижа и воспитување. Објектите со во добра состојба но факт е дека треба реновирање. Засега раководните структури од одмаралиштата сами се снаоѓаат за опстојување на објектите без поголема помош од институциите, но за поголеми финансиски зафати се надеваат на помош од општествено одговорни компании. Од охридската Локалната самоуправа со оптимистички најави, подготвена е да помогне повторно...

Continue reading

лого

Долгот на општина Охрид, намален за 4 милиони евра

Post Views: 1 Фамозниот наследен долг од околу 35 милиони евра за прв пат во историјата на градот е намален, открива првиот човек на општина Охрид, Никола Бакрачески. Градоначалникот додава дека со овој факт треба да биде запозната охридската јавност, со цел да знае дека оваа локална власт уште од самиот почеток на мандатот се залага за решавање на овој горлив проблем, околу наследениот долг од претходната гарнитура. „Она што збирно можам да го кажам во овој момент за вас како медиуми и за охридската јавност е дека долгот на општина Охрид после година и пол раководење со оваа Локална...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top