Завршени двата типизирани објекти за продажба на сувенири

Завршени двата типизирани објекти за продажба на сувенири.

 |  Валентина Неловска  | 
kukarka
kukarka

Двата типизирани објекти за продажба на сувенири кај Чинарот и пристаништето  се во завршна фаза. Монтажата на типизираните објекти за продажба на сувенири која започна на почетокот од месец јули  беше  довршена  деновиве,  месец и половина по отпочнување на  работите.

Објектите беа најавени дека ќе се градат уште минатото лето. Изминува уште една туристичка сезона, а ресорното министерство не успеа да ги доврши и стави во функција навреме двата објекти.  

Јавноста го поставува прашањето зошто не се забрза градбата и се дозволи да се пропушти туристичката сезона? Од Министерството за култура информираат дека работите се одвивале според планираното темпо па дури и се завршиле порано од планираното. Објектите се во завршна фаза и за 20- тина дена ќе се стават во функција и ќе бидат предадени на стопанисување на Завод и Музеј, вели државниот советник во Министерството за култура , Дарко Стефаноски.    
kukarki
Стефаноски за доцнењето со реализација на проектот посочува дека во претходните три години не нашле заеднички јазик и не воспоставиле соработка со поранешната локална власт. Објаснуваат дека станувало збор за сложена процедура која барала издавање на градежна дозвол што било испочитувано од новата локална власт.
Во овие објекти од времен карактер  туристите ќе може да купуваат сувенири- копии од артефакти пронајдени на  археолошките локалитети од Македонија.  Директорот на Музеј на Македонија Перо Јосифоски,информира дека сувенирите ги имаат на залиха и веднаш штом се предадат објектите во владение на охридскиот Музеј, истите  ќе бидат снабдени со сувенири кои се одобрени од Владата.
 
Според  тендерот на министерството за култура покрај овие две локации треба да се изгради уште еден објект во центарот на градот.   

Со овој проект Министерството за култура на повеќе гранични премини и во повеќе градови ќе постави 20 монтажни објекти за продажба на сувенири. Вакви објекти се веќе поставени во Скопје, Крушево, Берово Дојран, а последниот кој е отворен е на преминот Богородица.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top