Ознака: лига

Вечер на Лигата на шампиони

Post Views: 5 Погледнете некои од најинтересните натпревари кои се играатвечерва во рамките на Лигата на шампиони. Фудбалерите на рускиот Зенит го дочекуваат Реал Мадрид, во второто коло на Х групата во Лигата на Шампиони. Зенит се надева на прв гол во вториот натпревар кој ќе го игра во Лигата на шампиони, а потребни му се два голови за да заокружи на 100 погодоци во 59-от меѓународен натпревар. Холанѓанецот на клупата на Зенит Дик Адвокат, знае колку овој натпревар е важен за неговата екипа, после најавата за неговото заминувањеод Зенит. Но, сепак тој знае дека нема да биде лесно...

Continue reading

Купот на УЕФА ќе стане Европска лига

Post Views: 1 Од наредната сезона Купт на УЕФА ќе се вика Европска лига, одлучи вчера Извршниот комитет на Европската фудбалска унија (УЕФА). На состанокот одржан во Бордо донесена е одлука да биде променет и системот на натпреварување, па така во иднина 48 екипи ќе бидат поделени во групи и ќе играат по системот секој со секого во двокружен бод систем, како во Лигата на шампиони. Ова претставува уште еден обид да се врати атрактивноста на ова натпреварување, што целосно се изгуби по формирањето на Лигата на шампионите во која играат најдобрите европски клубови.На состанокот било...

Continue reading

Барселона – Спортинг, ја отвараат новата сезона на Лигата на шампиони

Post Views: 0 Фудбалерите на шпанската Барселона и португалскиот Спортинг ја отвараат новата сезона на Лигата на Шампиони. Тие во склоп на Ц групата, ќе ги одмерат силите на Ноу Камп стадионот. Новиот тренер на Барселона, Жозеф Гвардиола ќе се обиде да стане шестиот човек кој ја освоил Лигата на шампиони и како играч и како тренер. Почетокот на сезоната покажа дека таа задача ќе биде многу дешка, имено Барса и после две кола, сеуште е без победа. После две разочарувачки сезони, раководството на Барселона одлучи дека наместо Френк рајкард, на местото на прв тренер ќе го постави некогашниот...

Continue reading

Без грчки екипи во Балканската кошаркарска лига

Post Views: 1 Клубовите од Грција го откажаа настапот во премиерната сезона од Балканската лига во кошарка (БИБЛ), во која ќе настапат и екипи од Македонија. Раководството на БИБЛ соопшти денеска дека преговорите со грчката кошаркарска федерација и директно со поканетите клубови не довеле до позитивен одговор од нивна страна. Со оглед на тоа дека нема сериозен интерес од грчка страна, БИБЛ донесе одлука да не чека повеќе, така што грчки екипи нема да учествуваат во премиерната сезона, официјално е соопштено. Официјалниот почеток на сезона во БИБЛ е закажан за 7 октомври, а од Македонија...

Continue reading

sah

Симултанка во Охрид

Post Views: 4 Симултанка во Охрид. Петнаесетина дечиња од шаховската школа Ласкер од Охрид и од шаховскиот клуб од Струга денес играа симултанка со интернационалниот мајстор Никола Димовски. Тие беа видно возбудени бидејќи ова е нивно прво вакво искуство. Димовски кажа дека шахот е негова љубов и опсесија од најмали нозе. Тој има одиграно многу симултанки. Неговиот рекорд е на  40 табли. Во неговото шаховско досие има многу награди, многу натпревари и рекорди. Овој интернационален мајстор за прв пат игра симултанка во Охрид. Шаховската школа Ласкер постои речиси една година. Таа сеуште...

Continue reading

sah

Шахистите од школата Ласкер од Охрид вистински велемајстори

Post Views: 0 Пролетна проверка на знаењата за шахистите од школата „Ласкер“ од Охрид. Тие одиграа одлично на пролетниот турнир против добро познатите противници од шаховската школа „Алкалоид“ од Струга. Младите шаховски мајстори од Ласкер, забележаа сигурна победа над своите противници против кои одиграа четири кола, и постигнаа резултат од 5:3 во поени. Еве како дел од нив го доживеаа овој турнир. „Не може да се каже дека беше лесно, треба размислување, противниците беа тешки. За да се изигра еден потег добар, околу една минута треба, а за да научиме, да се извежбаме убаво да знаеме...

Continue reading

topki

Женскиот ракомет се враќа во Охрид после долга пауза

Post Views: 9 Не стивнува ракометната еуфорија во Охрид. Последна и најсилна причина е формирањето на женскиот ракометен клуб „Моби Дик“. Тоа е клубот кој ќе го понесе товарот да ги потсети охриѓани на историјата, но и да им ја покаже иднината на женскиот ракомет, кој за жал долги години го немаше во Охрид. Го посетивме нивниот прв, официјален тренинг, а бројката на девојчиња кои тренираа беше огромна, па не испуштивме да ги запрашаме зошто ги привлекол токму ракометот. „Долго време чекав ракомет, и сега се отвори. Интересно е досега, се надевам и натаму ќе биде.“ „Во градов немаше...

Continue reading

РК Охрид

РК „Охрид 2011“ ќе се натпреварува и покрај неправедната казна

Post Views: 16 Ракометниот клуб „Охрид 2011“ продолжува со натпреварите во првата лига. Вака синоќа одлучи управниот одбор на ракометниот клуб по казната која им ја изрече Ракометната федерација.  РК „Охрид 2011“ е казнет со 120.000 денари и три месечна забрана на спортски ангажман за тренерот Горан Андоновски. Наместо да се санкционира клубот „Ринија“ заради заканите и физичкото насилство врз охридските ракометари, ракометната федерација го казни РК Охрид. Со таквата одлука РФМ примени двојни аршини за насилничкото однесување на РК „Ринија“. Овој клуб и во 2011 на гостување во Охрид...

Continue reading

odbojkarki

Српски одбојкарки задоволни од спортските услови што ги нуди Охрид

Post Views: 0 Женскиот „Одбојкарски клуб 98“ од Лесковац своите спортски подготовки ги привршува во Охрид. Оваа млада, надежна екипа се натпреварува во Втората одбојкарска лига во Србија, а нивните амбиции се влез во првата лига.  Одбојкарките се за прв пат тука и како што велат не зажалиле што за подготовките го избрале  Охрид.  Александра  Јовановиќ и  Нина Стојановиќ се дел од екипата на „Одбојкарски Клуб 98“ Лесковац и се воодушевени од хотелската услуга и  од одличните услови за тренирање.  Максимално ги користат спортските терени околу хотелот Метропол, теретаната и езерото. Подготовките...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top