Шахистите од школата Ласкер од Охрид вистински велемајстори

Тие во четири одиграни кола беа подобри од струшката школа на „Алкалоид“.

 |  Мишел Наумоски  | 
sah
шах

Пролетна проверка на знаењата за шахистите од школата „Ласкер“ од Охрид. Тие одиграа одлично на пролетниот турнир против добро познатите противници од шаховската школа „Алкалоид“ од Струга.

turnir sahМладите шаховски мајстори од Ласкер, забележаа сигурна победа над своите противници против кои одиграа четири кола, и постигнаа резултат од 5:3 во поени. Еве како дел од нив го доживеаа овој турнир.

„Не може да се каже дека беше лесно, треба размислување, противниците беа тешки. За да се изигра еден потег добар, околу една минута треба, а за да научиме, да се извежбаме убаво да знаеме да играме, треба да вежбаме повеќе месеци.“

„Се натпреварував со двајца противници по две партии. Со нормални резултати како што треба.“-рекоа дел од дечињата.

Покрај екипните бодови, како најдобри поединци на турнирот беа прогласени Јана Анѓелкоска, Иво Илинчев, Филип Неделкоски и Константин Лушески, сите членови на шаховската школа „Ласкер“.

proleten turnir sah„Ова е втор пат како играме и си правиме некакво искуство со екипата на „Алкалоид“ размена. Во есенскиот дел бевме на гости ние, сега тие дојдоа кај нас. Правиме турнири за да ги видиме дечињава до каде напреднале, колку се стекнале со знаења, до каде сме едноставно, за да можеме да одиме во лига, мора да ја знаеме тежината на нашите противници, а тие ни се еден од противниците. Заради тоа ги правиме тие работи меѓу клубовите. Би сакале да можеме да одиме и до Прилеп, до Битола, но тоа веќе бара парични средства и затоа со најблиските играме моментално.“-вели Борис Лушески од шаховската школа „Ласкер“.

Шахистите од „Ласкер“, годинава за прв пат ќе земат учество и во Младинската лига во шах, за што добиле лично покана од Шаховската федерација на Македонија.

sahisti Lasker„Прво се двоумевме дали да одиме бидејќи треба и парични средства, а од друга страна не знаеме која ни е силата, бидејќи не учествуваме на турнирите во јуниорска младинска конкуренција. Секој еден таков турнир трае по неколку дена каде што треба да се престојува во Скопје, бидејќи таму најмногу има замав шахот. Има повеќе клубови, па таму е полесно да направат натпреварување. Една партија отприлика трае два и пол часа. Во денот максимум може да се одиграат две партии, значи за да одиме на еден турнир каде треба 5 до 7 партии да се одиграат, ние треба 3 до 4 дена да престојуваме во Скопје, сето тоа не сме во можност да го оствариме.“-рече Лушески.

Инаку според првичните информации кои ги добиле од Шаховската федерација на Македонија, првите натпревари би требало да се играат во месец Мај, преку викендите и тоа две гостувања во Скопје и едно во Струга.

Токму затоа од Шаховската школа „Ласкер“ ги повикуваат сите правни субјекти и воопшто донатори кои би можеле финансиски да ги помогнат нивните гостувања надвор од Охрид, тоа да го направат на следната жиро сметка: 210-0671342401-70 ЗДРУЖЕНИЕ НА МАТЕМАТИЧАРИ ОХРИД, Охрид, депонент НЛБ Тутунска банка, матичен број 6713424, даночен број 4020011516608, со назнака Младинска лига во шах 2013година. Затоа покажете ја вашата хумана страна и помогнете, можеби во некој од овие мали шахисти се крие новиот Каспаров.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top