Ознака: лига

Извлечени двојките за полуфиналните мечеви во Лига Европа

Post Views: 2 Денес во Нион се одржа и ждрепката за полуфиналните двојки во Лига Европа. Во полуфиналето на Лигата на Европа ќе се сретнат Шахтјор – Севиља и Виљареал – Ливерпул. Севиља и Шахтјор играа во осминафиналето во Лига Европа во 2007 година, а победник беше Севиља, додека Ливерпул и Виљареал се среќаваат за прв пат. Севиња е бранител на титулата која го освои во 2014 година. Полуфиналните средби се закажани за 28 април, а возвратните на 5 мај, додека во финалето се игра на мај во Базел.     

Continue reading

Спектакл во Лига Европа: Ливерпул-Манчестер Јунајтед

Post Views: 8 Уште 16 екипи останаа во игра за трофејот на Лига на Европа, а на денешната ждрепка се извлечени следните парови од кои најспектакуларен е вечното дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Осмина финале на Лига Европа: Шахтјор – Андерлехт Базел – Севиља Виљареал – Баер Леверкузен Атлетик Билбао – Валенсија Ливерпул – Манчестер Јунајтед Спарта Прага – Лацио Борусија Дортмунд – Тотенхем Фенербахче – Брага

Continue reading

Поради страв од тероризам натпревар од Лига Европа без гледачи

Post Views: 2 Овој четврток натпреварот од Лигата на Европа помеѓу Бриж и Наполи ќе се игра без присуство на гледачи. Одлуката ја донел градоначалникот на Бриж, Renaat Landuyt, а Клуб Бриж на својата официјална страница објави дека не може да гарантира безбедност на овој натпревар со оглед на тоа дека локалната полиција е преоптеретена, а сојузната полиција е распоредена во Брисел поради безбедносните мерки во земјата. Белгија моментално е во центарот на истрагата за терористичките напади изведени во Париз, бидејќи најмалку двајца од бомбашите живееле во таа земја. Брисел е под максимални...

Continue reading

Европа добива Лига на шампиони и во кошарка?

Post Views: 7 На состанокот биле присутни претставници на Фенербахче, Макаби, Олимпијакос и Реал Мадрид, претседателот на кошаркарскиот сојуз на Грција, Италија, Шпанија, Турција и челните луѓе на актуелната Евролига. Предложено е Лигата на шампиони да биде водена од компании чии сопственици би биле најголемите европски клубови (50%) и нивните инвеститори (50%). Спрема истиот предлог клубовите учесници годишно би поделиле по 30 милиони евра при што во формирањето на клупските буџети би бил обврзувачки финансискиот фер-плеј. За овој предлог клубовите и националните сојузи се обврзани...

Continue reading

Тежок инцидент во Албанија, прекинат натпревар од Европската лига

Post Views: 6 Првиот натпревар од третото претколо на Европската лига помеѓу албанскиот Кукеши и варшавска Легија е прекинат на почетокот на второто полувреме поради инцидентот кои го предизвикаа навивачите на домашната екипа. Иако навивачите на Кукеши и Легија се гаѓаа со камења за време и пред натпреварот, наводно има и потешко повредени, до прекинот дошло кога домашните навивачи со камен го погодија во глава играчот на Легија, Ондреј Дуда, откако Легија го постигна водечкиот гол за водство од 2-1. Дуда падна покосен, изнесен е од теренот, но по лекарската интервенција сепак се...

Continue reading

Повторно спектакуларни натпревари во Лигата на шампиони

Post Views: 4 Интересен е податокот дека единствено Баерн Минхен го добил повеќе пати Реал Мадрид во Лигата на шампиони отколку Јувентус. Баерн славел осум пати, а Јувентус пет. Ждрепката сакаше да се сретнат Јувентус – Реал Мадрид и Барселона – Баерн Минхен, додека во Лигата на Европа се среќаваат Севиља – Фиорентина и Наполи – Днипро. Реал Мадрид, Баерн, Барселона и Јувентус се четирите клубови кои останаа во конкуренција за овосезонската Лига на шампиони. Полуфиналните двојки ги извлече Карл-Хајнц Ридл, светски првак со Германија во 1990 година и освојувач на Лигата на шампиони...

Continue reading

Tanja Stojanska

Охридската тенисерка Тања Стојановска со одлични резултати во САД

Post Views: 5 Тања Стојановска од Охрид, која е студентка на Медицинскиот факултет и стипендист на Универзитетот во Бафало, држава Њујорк, изминатите две недели ги бранеше боите на својот Универзитет на два меѓу-универзитетски тениски турнири од Првата НЦАА Универзитетска тениска лига. Притоа, забележа одлични резултати. Имено, играјќи на првата позиција за својот Универзитет, го освои првиот турнир кој се одржа во Бафало, а на кој учествуваа четири Универзитети од Првата НЦАА тениска лига, и притоа беше прогласена за спортист на неделата на својот Универзитет. На вториот турнир,...

Continue reading

Барселона е спремна да ги напушти Реал и Примера

Post Views: 3 Фудбалскиот клуб Барселона и официјално го поддржа правото на каталонскиот народ за самоопределување по повод скорешниот референдум за отцепување од Шпанија, односно независност за Каталонија. Претседателот на Барселона, Хозе Мариа Бартомеу, потпишал “Национален пакт за самоопределување” кои го поддржале сите најважни каталонски институции. Ако помине референдумот и Каталонија стане независна држава, што во моментов е сосема извесно, без оглед што централата во Мадрид тврди дека нема да ги признае резултатите од референдумот, Барселона ќе мора да ја напушти шпанската...

Continue reading

Повторно закани кон Каталонците

Post Views: 6 Каталонија се спрема за референдум на 14 ноември оваа година и со кампањата ЗА, тргна и кампањата ПРОТИВ. Имено, ова се однесува и за фудбалскиот дел од јавноста, а се заговара исфрлање на Барселона од Примера доколку дојде до отцепување на Каталонија. “Ако Каталонија се осамостои, Барселона и Еспањол нема да можат да играат во шпанската лига. Би морале да го смениме законот за спорт”, рекол првиот човек на шпанската лига Javier Thebes. Со ова фактички им запретил на челниците на Барселона бидејќи познато е дека тој трофеен клуб отворено го заговара отцепувањето, а во...

Continue reading

Спортска новинарка открила сексистички смс-и од фудбалери

Post Views: 2 Додека статите во Англија се полни со скандалот на екс менаџерот на Кардиф, Malky Mackay, кој е под истрага поради откривање на расистички, хомофобни и секситички смс пораки, во Белгија голема прашина во јавноста, крена новинарка. Hilde Van Malderen  неколку години известувала за фудбалот, поточно за екипата на Бриж, а сега одлучила да издаде книга под името “Toys” (играчки), во која се објавени смс пораките, и да открие што се случува во тој “машки свет”. Еве дел од нив: Поранешен фудбалер на Бриж: “ Знаеш дека сакам шампањ? Сакам да те полијам со него и да го излижам...

Continue reading

На нас тренираат строгост а ПСЖ и Сити играат во ЛШ

Post Views: 8 Претседателот на Парма, Томазо Џиарди, се повлекол од функцијата и го ставил клубот на продажба откако на Парма и е ускратена лиценцата за настап во Европа. Џиарди, Парма ја превзеде во 2007 година и ја спаси од финансиски крах и ја врати на високи позиции во италијанскиот фудбал. Во штотуку завршената сезона Парма на терен избори пласман во Лига Европа, меѓутоа лиценцата и е ускратена поради даночен долг од 300 илјади евра. “Луѓето во фудбалот треба да се срамат, ни го зедоа заслужениот пласман во Европа. Само будали можат да помислат дека сум се обидел да заштедам...

Continue reading

Светски раритет во светот на фудбалот

Post Views: 2 Шкотската престолнина Единбург во иста сезона остана без двата клуба во највисокиот ранг на натпреварување. Откако, многу порано испадна Хартс, вчера истото му се случи и на Хиберниан, кој во возвратниот натпревар пред своите навивачи доживеа катастрофа и покрај тоа што имаше предност од 2-0 од првиот натпревар. Двата ривали сега се во понизок ранг. Хартс прв пат по 23 години, а Хиберниан по 15 години. Нивното ривалство е едно од најстарите во фудбалскиот свет, бидејќи за прв пат се сретнале на Божик 1875 година, а досега одиграле 615 дерби натпревари. Следната година...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top