Без грчки екипи во Балканската кошаркарска лига

Клубовите од Грција го откажаа настапот во премиерната сезона од Балканската лига во кошарка (БИБЛ), во која ќе настапат и екипи од Македонија.

 |  Крсте Голабовски  | 

Клубовите од Грција го откажаа настапот во премиерната сезона од Балканската лига во кошарка (БИБЛ), во која ќе настапат и екипи од Македонија.

Раководството на БИБЛ соопшти денеска дека преговорите со грчката кошаркарска федерација и директно со поканетите клубови не довеле до позитивен одговор од нивна страна.

Со оглед на тоа дека нема сериозен интерес од грчка страна, БИБЛ донесе одлука да не чека повеќе, така што грчки екипи нема да учествуваат во премиерната сезона, официјално е соопштено.

Официјалниот почеток на сезона во БИБЛ е закажан за 7 октомври, а од Македонија ќе настапат екипите на Фени индустри и Работнички.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top