Ознака: лига

rakomet

Ракометарите од Охрид 2011 нестрпливо ја чекаат втората полусезона

Post Views: 8 Охридскиот спорт се чини како да се разбудил по долга хибернација. После години тапкање во место, едно утро Охриѓани се разбудија со ракометен клуб во врвот на првата ракометна лига и на чекор од македонската Супер лига. Возобновениот ракометен клуб Охрид 2011 ги врати нашите надежи дека и ние ќе имаме свој претставник во Супер лигата. Очигледно овие момци напорно работеле за да стигнат онаму каде што се наоѓаат во моментот. „Чувството е прекрасно можам да кажам, не само моето лично туку и на сите оние ентузијасти кои се нафатија заедно со мене да го формираме овој клуб....

Continue reading

Lazarov

Пофалби за Лазаров

Post Views: 1 Нашиот најдобар ракометар, Кире Лазаров, беше најзаслужен што екипата на Атлетико Мадрид остана непоразена и по седум кола во ракометната Лига на шампионите. Шпанскиот тим, предводен од седумте гола на Лазаров, од кој последниот во завршницата од мечот, успеа да одигра нерешено на гостувањето кај Чековски Медведи, 29-29. „Лазаров го награди големиот карактер на Атлетико“, стои во насловот на шпанска „Марка“. Тимот од Мадрид имал негатива и од шест погодоци во текот на второто полувреме, но благодарение најмногу на нашиот репрезентативец, успеале да извлечат бод против...

Continue reading

fudbal

Фудбалерите на Охрид 2004 утре играат за да добијат плата

Post Views: 8 Фудбалерите на единствениот охридски претставник во македонската прва лига конечно ќе добијат дел од заостанатите плати. Досегашниот извршен директор на клубот си поднесе оставка како што вели тој „За доброто на клубот кој што сакам да оди напред.“ По неговата оставка, фудбалерите ја зедоа судбината во свои раце и решија да си наплатат дел од долговите кои спрема нив ги има клубот. За таа цел под мотото „Купи билет, навивај за Охрид“ ќе го одиграат утрешниот прволигашки натпревар против кичевски „Напредок“ во рамките на 11то коло од Првата македонска фудбалска лига. „Ние...

Continue reading

nba

Одложен стартот на „NBA“

Post Views: 9 „Верувавме дека нема да дојде до ваквата ситуација, ама во сите точки на преговорите сме уште многу оддалечени и никако не успеваме да се приближиме. Меѓу нас има јаз кој не дели. Сметам дека треба да се фокусираме на компромиси и да спасиме она што можеме повеќе“, изјави Штерн. Во првите две недели од „NBA“ сезоната би требало да се одиграат 100 натпревари. Последен пат почетокот на „NBA“ сезона доцнеше поради „локаутот“ во сезоната 98/99, во која играчите  одиграа само 50 од предвидените 82  натпревари. {loadposition content9}

Continue reading

fk Ohrid

Охрид доби прволигаш

Post Views: 22 „Чувството е прекрасно, играв со Охрид во Првата лига, а еве денес и како тренер се радувам на овај огромен успех. Ова е голем плус за градот, за младите спортисти, кои сигурно ќе имаат многу поголем мотив да продолжат да го играат фудбалот.  Прва лига и си е прва лига, и уште еднаш им честитам на сите во клубот, управниот одбор фудбалерите  што успеавме да го внесеме Охрид во првата лига “- вели стратегот на тимот од Охрид, Зоран ЃорескиПо една долга и напорна сезона Охрид го прекина постот и на 90-годишнината од своето формирање по втор пат ќе игра во најсилната конкуренција. ...

Continue reading

kosarka

Охрид добива младинска кошаркарска лига

Post Views: 4 Младите таленти на охридската кошарка денес зачекорија по стапките на своите идоли. Во Охрид се формира младинска кошаркарска лига. Оваа лига е составена од четири екипи меѓу кои Езерца, Освојувачи, Рисови и Величенствени. Ваквиот начин на натпреварување ќе им овозможи на младите кошаркари да покажат што знаат пред јавноста. „Со големо задоволство сакам да ве известам вас и охридската јавност дека започнуваме со ГЛОБАЛ кошаркарската лига која е во организација на кошаркарскиот клуб ГЛОБАЛ од Охрид. Учествуваат 4 екипи и се натпреваруваат во лига систем.“-рече Дарко...

Continue reading

podmladok

90 години од првата фудбалска топка во Охрид

Post Views: 8 „Средбата на генерациите“ на охридскиот фудбал која се одржа денес, не врати со години наназад до самите почетоци на фудбалската игра во нашиот град. Најзначајните фудбалери од Охрид низ годините од генерациите `48ма, `54та, па се до денес како и екипи и гости, на денешната свечена седница одбележаа еден значаен датум за охридскиот фудбал. „Денешнава седница е одржана по повод 90 години од првата фудбалска топка во Охрид и првиот фудбалски клуб формиран во 1921 година. Се смета дека првата топка била донесена од француските војници кои враќајќи се од Солунскиот фронт...

Continue reading

shah

Младите струшки шахисти треба да се докажат

Post Views: 12 Шахот како древен спорт не смее да згасне во Струга. Посебно имајќи го во предвид фактот што во овој спорт, на светската сцена редовно се спомнува името на врвната шахистка Габриела Коскоска, која потекнува од Струга. Јуниорската лига на шаховски школи започнува утре ВО Струга, а настанот  во телефонска изјава го најави Коскоска. Таа кажа дека максимално се заложиле за учество на млади вљубеници на овој спорт,од кои очекуваат да ги покажат својте квалитети. Коскоска за ТВМ, свој осврт даде и На неодамна одржаната шаховска олимпијада во Русија. Шахот како и останатите...

Continue reading

ЗАПОЧНА СПОРТСКАТА ЛИГА ВО ФУТСАЛ ЗА ПИОНЕРИ

Post Views: 0 Спортската лига во Футсал за пионери (првото коло) започна денес во балон салата “Климент Колески”. Во рамки на првото коло се постигнаа следните резултати: ОУ Живко Чинго Велгошти- ОУ Св.Климент Охридски 2:1ОУ Братство Единство – ОУ Григор Прличев 0:1ОУ Христо Узунов -ОУ Ванчо Николески Лескоец 1:1ОУ Кочо Рацин – ОУ Св.Наум Охридски Пештани 4:1 Во понатамошен период ќе се одиграат и наредните кола. Дополнително во календарот со активности на Сојузот на училишен спорт Охрид, се предвидени натпревари во шах, пинг понг, одбојка и кошарка.

Continue reading

trening

Езерско дерби во недела

Post Views: 8 Дуваат нови ветришта во Охридскиот фудбал. Ф.К „Охрид 2004“ од Охрид во недела игра натпревар од 6-то коло на втората фудбалска лига. На домашен терен тие ја пречекуваат екипата на струшкиот „Влазними.“Новиот тренер на клубот, Зоран Ѓоревски – Џајо кој пред неколку месеци е назначен за нов тренер на ФК Охрид 2004, изјави дека крајно време е да се врати фудбалскиот клуб во прва лига. Во врска со неделниот натпревар Ѓоревски кажа дека само со победа ќе се оправадаат пред симпатизерите на овој клуб. Тој изрази голема благодарност до локалната за досегашните услови...

Continue reading

Liga na Shampioni

Финале во Лигата на шампионите – Интер против Баерн

Post Views: 8 Двата тима веќе биле европски шампиони. Баерн има четири титули, а последната ја освои 2001 година кога во финалето ја победи Валенсија на пенали. За разлика од нив, Интер и неговите навивачи на пехарот чекаат од 1965 година, кога по вторпат (првата титула ја освоија 1964) станаа европски шампиони. Последен пат во меѓусебен дуел двата тима одиграа во сезоната 2006/07 во групната фаза. Баерн победи во Милано со 2:0, а во Минхен беше 0:0. Во тимот на Интер за очекување е нашиот репрезентативец Горан Пандев да добие доверба од Жозе Мурињо и да биде меѓу стартните 11. Инаку,...

Continue reading

Pandev

Пандев прв македонец по 19 години во финале на Лига на шампиони

Post Views: 8 Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев по пауза од 19 години и носи голема промоција на Македонија со своето учество во финалето во Лигата на шампионите  Пандев со Интер ќе игра за титула, со што би бил и прв македонец по двете најголеми легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски, кој освоил пехар за европски шампион. Панчев и Најдоски станаа шампиони во 1991 година со Црвена звезда и досега беа недостижни за македонските фудбалери. Сега Пандев има шанса да им се придружи на листата на освојувачи. Европските медиуми во пресрет на дуелот шпекулираат со имињата и првиот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top