Охрид доби прволигаш

По една долга и напорна сезона Охрид го прекина постот и на 90-годишнината од своето формирање по втор пат ќе игра во најсилната конкуренција.

 |   | 
fk Ohrid
фк Охридф

„Чувството е прекрасно, играв со Охрид во Првата лига, а еве денес и како тренер се радувам на овај огромен успех. Ова е голем плус за градот, за младите спортисти, кои сигурно ќе имаат многу поголем мотив да продолжат да го играат фудбалот.  Прва лига и си е прва лига, и уште еднаш им честитам на сите во клубот, управниот одбор фудбалерите  што успеавме да го внесеме Охрид во првата лига “- вели стратегот на тимот од Охрид, Зоран Ѓорески
fk Ohrid
По една долга и напорна сезона Охрид го прекина постот и на 90-годишнината од своето формирање по втор пат ќе игра во најсилната конкуренција.  Охридскиот градоначалник кој прв им го честиташе пласманот на “рибарите“ во првата лига потенцираше дека локалната самуправа со ребалнсот на буџетот ќе застане зад спортскиот колектив.

“Сигурно ова е голем ден за охридскиот спорт и за Охрид.  Во ребалансот на буџетот, ќе предвидиме повеќе средства за за сите спортови, меѓутоа сигурно дека приоритетен ќе ни биде фудбалот . Убеден сум дека ќе бидеме добри прволигаши.  Ја сум сигурен дека овај успех ќе даде импулс и во другите спортови и покрај туристички, културно-историски центар да биде и спортски центар во Македонија. Секако, ние како општина Охрид ќе дадеме максимална подршка и со прволигашки тим сигурно дека ќе можеме да угостиме и познати екипи и од Македонија, но и од странство. Јас сум убеден дека со мали засилувања оваа екипа може да игра многу важна улога во првата македонска лига“- изјави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top