Ознака: лето

Еnio Morikone

Енио Мориконе го отвори овогодинешното „Охридско лето“

Post Views: 9 Музичкиот спектакл “Беше еднаш во Македонија” под диригентската палка на светски познатиот композитор на филмска музика Енио Мориконе го отвори синоќа 49-то „Охридско лето”. Италијанскиот композитор Мориконе диригираше со унгарскиот филхармониски оркестар „Гјор”, кои во Античкиот театар во Охрид изведоа колаж од неговата авторска музика во филмовите „Добриот, лошиот и грдиот”, „Беше еднаш на Дивиот Запад”, „Беше еднаш во Америка”, „Недопирливите”, и други. Најпрестижната културна манифестација во Македонија, „Охридско лето” свечено ја отвори македонскиот претседател...

Continue reading

Ilic Rivas

Светското диригентско чудо Илич Ривас вечер на Скопско лето

Post Views: 1 Шеснаесетгодишниот Илич Ривас од Венецуела,  кого критиката го нарекува „светско диригентско чудо од дете“, вечер во Македонската опера и балет ќе го води Младинскиот оркестар на КултурОп во рамки на фестивалот Скопско лето. На програмата се дела од Верди, Чајковски и од Менделсон, а како солист ќе настапи виолинистот Климент Тодоровски.Ривас во Македонија гостува на покана на Симон Трпчески кој на прес-конференција по повод настанот истакна дека е импресиониран од својот млад пријател, од неговиот, како што рече, природен, нормален, спонтан однос и од „човечка димензија...

Continue reading

Специјално признание за НУ Фестивал Охридскo лето од Општина Охрид

Post Views: 1 Специјално признание за високи достигнувања во областа на културата и посебен придонес за градот за НУ Фестивал Охридско лето. Признанието го додели општината со одлука на Градскиот совет а на предлог на Градоначалникот Константин Георгиески. „Годинава Охридско лето славеше јубилеј 60 години во услови на корона вирус, но успеавме да го реализираме фестивалот. Оваа награда ќе ни биде мотив да продолжиме и понатаму да ја градиме успешно приказната на Охридско лето, рече директорката на фестивалот Наташа Поповиќ заблагодарувајќи се за признанието. Инаку, Фестивалот Охридско...

Continue reading

Шпанија завиена во црно

Post Views: 0 Шпанската непобедлива репрезентација доживеа шок. Браќата Гасол и друштвото не само што нема да го играат долго сонуваното финале со САД, туку нема да освојат ниту медал. Такво нешто ни во лудило не очекуваа. Ослабената Франција без Паркер приреди првокласна сензација победувајќи ја со 65-52, во последните неколку години, најсилната генерација на стариот континент. Иако Французите се европски прваци и минатата година по прв пат ја совладаа Шпанија  во еден голем натпревар, победата во четвртфинале спаѓа во сосема друга категорија. Разликата е во тоа што на ова Светско...

Continue reading

Џез квартетот „Форплеј“ ќе го отвори годинешното „Охридско лето“

Post Views: 0 Годинешното 57 издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде отворено со концертот на џез квартетот „Форплеј“, кој во својата интерпретација вклучува елементи на R’n’B и поп музика. Денес во Скопје се одржа прес конференција на која беа кажани новитетите на одржувањето на фестивалот. Директорот на Охридско лето, Оливер Арсовски, смета дека на фестивалот му e потребна нова енергија, како и некои новини во маркетиншкиот дизај. Годинава за драмскиот дел ќе се погрижи новиот селектор Зоран Љутков а за музичката селекција Ѓорѓи Цуцковски. – Од оваа година со професионалноста...

Continue reading

„Охридско лето“ донесе уникатна програма на четири пијана и гудачки камерен оркестар со чешки уметници

Post Views: 3 Вечер што долго ќе се памети приредија синоќа врвни уметници од Република Чешка кои во рамките на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, во предворјето на црквата „Света Софија“ го одржаа концертот „Бах за Вас“. Концертот го најави амбасадорот на Република Чешка во Република Северна Македонија, Мирослав Томан, кој порача, дека во ова тешко време, не смееме да се фокусираме само на епидемиите, туку, како што рече, мора да продолжиме да живееме. -Во ова незгодно време многу е важно сите да се држиме заедно. Драго ми е и горд сум што Република Чешка успеа да...

Continue reading

Чешка вечер на Охридско лето

Post Views: 0 Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето”  го носи концертот 4 пијана „Бах за Вас” во изведба на уметници од Камерниот оркестар „Чешки виртуози” со врвни пијанисти.  За овој голем проект, вечерва  во предворјето на катедралната Света Софија од Чешка допатуваа четири инструменти пијана од познатиот и единствен производител во Европа  „Петров’, кои ќе останат во нашата земја. И покрај пандемијата уметниците поддржани од Чешкиот амбасадор н е се откажаа од овој прв ваков проект на најреномираната културна манифестација во земјава.  „Овој концерт немаше да се случи...

Continue reading

Волшебна ноќ на „Охридско лето“ -домашна џез музика и публика од сите генерации

Post Views: 0 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со извонреден настап на членовите на Здружението на џез музичари на Македонија- Колектив со гудачи. Премиерниот концерт под ѕвезденото небо над сцената „Долни Сарај“ и пред публиката која го исполни и последното место од гледалиштето го изведоа 23 врвни македонски музички уметници под диригентската палка на маестро Емин Џијан. -Ова е втор настап на Здружението на џез музичари на „Охридско лето“. Претходниот пат одржавме целовечерен концерт во 2017 година со „Биг бенд“, бендот на Здружението. Годинава...

Continue reading

Јубилеј на кореографката Рисима Рисимкин на Охридско лето

Post Views: 1 Со претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ , една од водечките домашни кореографи, уметнички директор на светски реномираниот „Скопје танц-фест“ и основач на првата официјална компанија за современ танц во земјата, Рисима Рисимкин, денеска  во 21 часот во Предворјето на црквата „Св. Софија“, ќе го одбележи јубилејот, триесет години активно кореографско творештво, како дел од годинешното издание на Охридско лето. „Среќна сум што и покрај ситуацијата што нѐ затекна, успеваме да најдеме начин на работа и споделување на уметноста со нашата публика, што...

Continue reading

Врвни уметници и квалитетна програма донесе Француската вечер на „Охридско лето“

Post Views: 10 Обоистката Ариан Баке и пијанистот Теодор Ламбер од Франција испишаа уште една магична ноќ во историјата на „Охридско лето“ со концертот што синоќа го одржаа во рамките на традиционалната Француска вечер на фестивалот.Овој фестивалски настан секоја година се организира со поддршка  на Амбасадата на Република Франција во  Република Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје. Синоќешниот концерт во црквата „Света Софија“ го проследи и амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, кој рече дека во град што е под заштита на УНЕСКО како што е Охрид, треба...

Continue reading

Ткаченко: Мојата порака до „Охридско лето“ е да ги продолжи ваквото ниво и квалитетот на програмата што ја нуди

Post Views: 2 Изборот на потешките дела од класичната музика што ги изведоа Ткаченко и Лопатински, само потврди дека се работи за двајца уметници, кои иако млади, сепак се виртуози на своите инструменти. И двајцата првпат настапуваат на „Охридско лето“, но како што рекоа, добро се информирани дека станува збор за фестивал со огромно реноме кој ги негува високите уметничко-естетски вредности. -На двајцата ни е прво учество на „Охридско лето“. Чувствувам огромен наплив на емоции, не само од настапот во „Света Софија“, туку и од сета таа убавина што нѐ опкружува. Многу сум благодарен...

Continue reading

„Дисонанс“ – врвно уметничко доживување за публиката на „Охридско лето“

Post Views: 1 Уште едно врвно уметничко доживување приреди фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер во црквата „Света Софија“ со концертот на словенечкиот гудачки квартет „Дисонанс“.Извонредните музичари од овој музички состав, Јанез Подлесек-прва виолина, Матјаж Поровне-втора виолина, Оливер Диздаревиќ-виола и Клемен Хвала-виолончело, преку својата маестрална изведба донесоа програма што беше во знакот на повеќе јубилеи. -Исто како и годинешното „Охридско лето“ што е јубилејно, и нашата програма со која настапивме е јубилејна. Целиот свет одбележува 250 години од раѓањето на големиот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top