Ознака: лето

Одделот за зајмување книги во НУ Библиотека се сели во делот на некогашно „Охридско лето“

Post Views: 1 Од вторник 7-ми декември, во пресрет на големиот празник посветен на Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид, НУ Библиотека „Григор Прличев“ и официјално ќе го отвори адаптираното крило во кое претходно функционираше дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“. Во тој простор во иднина ќе функционира пултот за издавање за деца и возрасни, со истото работно време со корисници на услугите, како и досега од 8 и 30 до 18 и 30 часот. Замислата е библиотеката во иднина да биде од отворен тип, но во време на корона и натаму ќе се почитуваат сите мерки и протоколи против Ковид...

Continue reading

Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“

Post Views: 0 Директорката на Националната установа Фестивал „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и  претседателката на Управниот одбор на фестивалот Нина Момировска вчера во Љубљана, Словенија, на покана од директорот на Љубљански фестивал,  Дарко Брлек остварија работна и мошне конструктивна средба. На средбата беа разменети искуства и идни планови и проекти на двата фестивали. Директорите Поповиќ и Брлек  договорија заемна соработка и заемно преговарање со големите светски имиња од светот на класичната музика. Големиот вљубеник во класичната музика кој 27 години раководи со Љубљански...

Continue reading

Министерството за култура годинава додели многу повеќе средства за „Охридско лето“

Post Views: 1 Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот, кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура доби 32 милиони денари што е значително повисока сума за разлика од изминатите две години кога финансиската поддршка изнесуваше околу 20 милиони денари. Финансиската поддршка која ја добиваме од Министерството за култура за реализација на 40-те фестивалски денови за нас е многу значајна и токму затоа сме благодарни што годинава се издвоени средства кои доликуваат на вака значајна музичко-сценска...

Continue reading

Звуците на гитарата на Игнасио Родес на „Охридско Лето“

Post Views: 4 Фестивалската публика, вечер во рамките на програмата на годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе имаат можност да уживаат во музичките изведби на шпанскиот гитарист Игнасио Родес. Со својата гитара овој светски реномиран гитарист изведува дела на класичната музика на светски познати композитори, а има настапувано во најпознатите концертни сали ширум светот, со светски реномирани оркестри. Концертот започнува во 20:30 во црквата Св. Софија, додека цената на билетот изнесува 400 денари.

Continue reading

Харфистот Емануел Сејсон вечер на „Охридско лето“

Post Views: 5 Првата половина од своето 57. фестивалско издание „Охридско лето“ ќе ја заокружи со вечерашниот концерт на светски познатиот виртуоз на харфа, маестро Емануел Сејсон од Франција. Сејсон има студирано харфа на Конзерваториумот во Лион, а подоцна и на Парискиот конзерваториум во класата на Изабел Морети. Од 2005 година неговата успешна кариера го води во некои од најпрестижните концертни сали како „Вигмор хол“ во Лондон, салата „Гаво“ во Париз, „Карнеги хол“ во Њујорк, „Концертхаус“ во Виена, салата на Берлинската филхармонија и многу други. Во 2004 година Сејсон се закитува...

Continue reading

Концерт на Музичка младина на Македонија на „Охридско лето“

Post Views: 3 Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на уметниците од Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, под диригиентство на маестро Џанлука Матиненги од Италија. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои повеќе од 30 години. Тој е основан како прв сегмент од Летниот музички камп на МММ во 1986 година во Охрид. Овој ансамбл е прв и единствен од ваков вид на просторите на Југоисточна Европа. Во досегашното егзистирање во неговите рамки учествувале повеќе од 300 млади музичари – претежно студенти од...

Continue reading

Камерна музика и „Отело“ вечер на „Охридско лето“

Post Views: 0 „Tурксој“ камерниот оркестар од Tурција и Театарска претстава „Отело“ од Вилијам Шекспир во продукција на Театар на Бугарската Армија, Софија Р. Бугарија, вечер на програмата на „Охридско лето“. „Tурксој“ камерниот оркестар од Tурција, ќе настапи во центарот за култура „Григор Прличев во 20:30, додека Театарска претстава „Отело“, фестивалската публика ќе има можност да ја проследи во предворјето на црквата Св. Софија, во 21:00.

Continue reading

„Ана Комнена“ вечер на програмата на „Охридско лето“

Post Views: 4 Театарот „Џинот“ од Велес вечер, во рамки на официјалната програма, ќе настапи на фестивалот „Охридско лето“ со претставата „Ана Комнена“ од Сашо Димоски, во режија на Ненад Витанов и Васил Зафирчев. Претставата ќе биде изведена во предворјето на црквата „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 20 часот. „Ана Комнена“ е праизведба на истоимениот драмски текст на Сашо Димоски, второрангиран на конкурсот за драмски текст за отворањето на новата театарска зграда во Велес. Претставата е последна, четврта премиера од минатогодишната програма на театарот, поддржана од Министерството...

Continue reading

Четкар и Коштана го отвараат годинешното „Бело лето“

Post Views: 6 Се е подготвено за петтото издание на манифестацијата „Бело лето“. Градоначалникот Никола Бакрачески ветува едно од најспектакуларните изданија на оваа манифестација, која во овој период е добредојдена за охриѓани. „Во овие возбудливи времиња, за охриќани во овие мачни времиња и покрај оваа мачна атмосфера која ја доживуваат со серијата земјотреси изминататите две до три недели, ќе имаат можност на момент да заборават на оваа атмосфера да се релаксираат и да уживаат во уметничките перформанси кои ќе ни ги понудат овие два настани. Ги повикувам охриѓани и туристите масовно...

Continue reading

Директорката на „Охридско лето“ Наташа Поповиќ стана почесен делегат на ЕФА

Post Views: 9 Директорката на најголемата и најзначајната музичко-сценска манифестација во земјава „Охридско лето“ Наташа Поповиќ, на Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА) што се одржа во Гелвеј, Ирска, ја доби титулата почесен делегат. Во конкуренција од 170 делегати од европските фестивали-членки на Асоцијацијата само 5 се здобија со оваа почесна функција. На најголемиот собир кој се одржа од 22 до 24 ноември присуствуваше културната елита од Европа, а Фестивалот „Охридско лето“ стана една од најуспешните приказни кој ги негува културните високи уметнички...

Continue reading

Хотелиерите ова лето се надеваат на странски гости во поголем број

Post Views: 8 Хотелиерите бараат што поскоро да започне  вакцинацијата, во спротивно земјава нема да биде на листата безбедни туристички дестинации. За успешна туристичка сезона потребна е брза имунизација и подготовка на план за безбедност,  што ќе им биде претставен на  странските тур оператори. Нема компанија во туризмот која не забележа загуби од пандемијата, покрај вакцинацијата потребна е и дирекна помош од државата. „Сега се завршните сметки се гледа дека сите се во минус кој 50 , 60 или 70% во минус и по некаков принцип да се доделат некакви средства  по однос на тие загуби...

Continue reading

logo

Откажана претставата на Роберт Вилсон на „Охридско лето“

Post Views: 3 Откажана е претставата „Среќни денови“ од Семјуел Бекет во режија на Роберт Вилсон закажана за 29 јули во 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, соопшти дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“. По посетата на техничкиот директор на претставата било утврдено дека техничките перформанси на Центарот за култура, ниту кој било друг затворен простор во Охрид, не се соодветни за прикажување на претставата и оти македонската публика не би ја видела со полн уметнички квалитет. – Благодарејќи на великодушната покана и желбата за учество на „Охридско...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top