Чешка вечер на Охридско лето

Концертот 4 пијана „Бах за вас“, во изведба на уметници од камерниот оркестар „Чешки виртуози“  е  поддржан од амбасадорот Мирослав Томан.

 |  Соња Рилковска  | 

Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето”  го носи концертот 4 пијана „Бах за Вас” во изведба на уметници од Камерниот оркестар „Чешки виртуози” со врвни пијанисти.  За овој голем проект, вечерва  во предворјето на катедралната Света Софија од Чешка допатуваа четири инструменти пијана од познатиот и единствен производител во Европа  „Петров’, кои ќе останат во нашата земја.
И покрај пандемијата уметниците поддржани од Чешкиот амбасадор н е се откажаа од овој прв ваков проект на најреномираната културна манифестација во земјава.
 „Овој концерт немаше да се случи без големата великодушност на компанијата Петров, која произведе и испрати 4 пијана за вечерва. Овие пијана ќе останат во Северна Македонија  и ќе бидат сестени во Скопје и секој кој сака да ги види, користи или купи ќе биде добредојден. Станува збор за пијана од најстарата и најпознатата компанија во Чешка која произведува пијана повеќе од  150 години“-,вели Мирослав Томан  амбасадор на Чешка во РМ.
Идејата за овој уникатен настан  е на македонската врвна пијанистка Ема Једличка – Гогова, по потекло од Штип,  која со години живее и работи во Чешка.
„Вечерната програма која носи назив Бах за вас му е посветена на еден од најголемите композитори светски музичари Јохан Себастијан Бах, во чест на  335 години од  неговото раѓање, и 270 години од неговата смрт што воедно се поклопува со јубиејната година на фестивалот Охридско лето. Се трудевме ова по било која цена преку сите препреки да ги споиме јубилејите“, вели Ема Једличка – Гогова пијанист.
На фестивалската сцена  во рамките на традиционалната Чешка вечер на Охридско лето,  покрај македонката  Ема Гогова, ќе настапат и  Хелена Сухарова, Сара Медкова и Лукаш Клански, сите врвни светски пијанисти.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top