Ознака: лек

Најбрз природен лек за болно грло

Post Views: 2 Чувството на пецкање и кашлање се најчести тегоби во зимските месеци, кои нема да ве легнат в кревет, но телото ќе биде исцрпено и ќе предизвика нервоза. Доколку сте приврзаници на природното секако дека во вашите домашни рецепти треба да направите место за најбрзиот чај кои ќе ги елиминира болките во грлото и истовремено ќе го подобри вашето расположение. Ѓумбирот во последно време се вкорени не само во кујната како омилен зачин од предјадење до десерт, туку и како спасоносен лек за бројни тегоби. Ова неугледно растение ја намалува мачнината, ја поттикнува циркулацијата...

Continue reading

pills

Нов лек кој ги убива сите вируси

Post Views: 2 Стручњаците во лабораторијата на Институтот Линколн во Кембриџ, во сојузната американска држава Масачусетс, направија лек ДРАКО, кој може да ги излечи сите типови на болести кои се предизвикани од вируси – од настинка, грип, па се до ебола и HIV.Овој лек, според мислењата на стручњаците, би можел да стане најголемото медицинско откритие уште од појавата на антибиотиците. Благодарение на овој лек сите заболувања предизвикани од вирус можат да бидат излечени во само еден ден. Лекот ДРАКО се врзува за инфицираните клетки правејќи ги самодеструктивни. Досега истражувачкиот...

Continue reading

Во државава има бруцелоза, но има и лек за тоа

Post Views: 2 Во Македонија алармантна состојбата со бруцелозата. За триесетина години во државава се евидентирани 11 164 заболени. Годишно во земјава се регистрираат и до 500 нови заболени лица. Оваа бројка реално е голема  и загрижувачка,  велат стручните лица. Бруцелозата е болест која се пренесува од животните на луѓето. Скоро 60% од населението се заразува од бруцелоза преку  конзумирање продукти, додека 40% како резултат на близок контакт со животните, велат експертите.Ако ветеринарните служби не реагираат навреме, секоја година ќе се зголемува бројот на заразени од бруцелоза....

Continue reading

Dalga

Во охридските ресторани ни за лек нема охридска пастрмка

Post Views: 2 Охридската пастрмка и понатака ја нема ни за лек во охридските ресторани, тврдат охридските угостители. Тие во моментов на гостите  им понудат белвица или охридски крап, но не и специјалитети од ендемичниот вид на пастрмка по која е познат градот. Овој проблем е присутен 15 години и кога се понадеваа дека на  проблемот ќе му се стави крај со издавање на езерото под концесија, непријатно се изненадени. Ендемичната охридска пастрмка ја има во главниот град и во внатрешноста на земјата, ама ја нема во Охрид, вели познатиот охридски угостител Љупчо Патчев.   „ Ние не добиваме...

Continue reading

senada

Апел до Тодоров

Post Views: 10 Ќе се најде ли лек за Сенада Махмудоска од Охрид? Таа боледува од ретка болест на очите и го губи видот. Родителите на Сенада се во очајна битка со болеста на нивното дете и бараат спас насекаде. Засега нивните напори се без резултат. Како што кажа нејзината мајка, Зајде Махмудоска, докторите во Македонија не и влеале никаква надеж. Тие се решиле преку медиумите да го повикаат министерот Никола Тодоров, да ги посети и да оствари со нив разговор, надевајќи се дека сепак тој како прв човек на македонското здравство посебно ќе се заложи за нивниот случај. „Нашата намера...

Continue reading

lekovi

Матичните лекари со нов режим за препишување лекови од 2013

Post Views: 0 Новини во договорите кои Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги потпишува со матичните лекари. Овие договори кои се потпишуваат секоја година, од почетокот на 2013 година ќе имаат повеќе измени меѓу кои и нов режим на издавање на лекови од страна на матичните лекари. Склучувањето на договорите е во тек, а веќе од почетокот на новата година, тие договори ќе стапат и на сила. „Има режим на препишување на лекови во кој режим на препишување, е строго дефинирано од страна на еминентни стручњаци, кажано е кој лек-кој го препишува, кој лек-како се дава, како се...

Continue reading

petreski ace

Градоначалникот ќе го тужи Министерството за транспорт и врски

Post Views: 4 Градоначалникот Александар Петрески ќе поднесе тужба до Управниот суд, а ќе се жали и до Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС против Министерството за Транспорт и врски. Причина за тоа е одземањето на ингеренциите на Локалната од страна на Транспорт и врски за постапување по случајот на дивоградбата на ИВ- ИРЕ  во Трпејца. Петрески вели: Јас не сум против тоа министерството да излезе и да руши, туку јас сум против одземањето на ингеренциите на Општина Охрид бидејќи немаме направено никаков прекршок за да се направи тоа. Градоначалникот тврди дека Министерството...

Continue reading

cinar -upevce

Кога би можел да зборува Чинарот

Post Views: 0 Бутурниот Чинар, како што сакаат од милост да кажат постарите охриѓани за најпознатото дрво во центарот на градот, крие многу историја за некогашното  живеење во Охрид. Повеќе вековното дрво е сведок на многу случувања, настани и личности кои   одбележале едно минато  време на  градот под Самоиловите кули. Симболот на Охрид, платановото стебло, Чинарот, со латинско име Platanus orientalis L е високо 25 метри, распонот на гранките исток -запад е 16,40 м, а на север- југ 12, 60 метри. Обемот на кореновиот систем е 26,7 метри, а обемот на градната висина на 1,30 метри...

Continue reading

alkohol

Алкохолот и лек и отров

Post Views: 0 Загрижува податокот што во нашата земја неодамна МВР заплени поголемо количество фалсификуван алкохол, а Охрид имун од тоа. Внимавајте со алкохолот. Македонскиот народ се труе со фалсификувани алкохолни пијалоци. Мастика, узо, вотка, коњак и друго се најфалсификуваните производи на македонскиот пазар. Тие најчесто завршуваат на места каде што најтешко може да се препознае фалсификат од оргинал. Ги има во дискотеките и во кафулињата каде најчесто се мешаат со мраз и безалкохолен пијалак, па дури и најупатените конзументи тешко можат да ги препознаат. За можност од ваква...

Continue reading

Levitra

Левитра, нов лек против ерективна дисфункција

Post Views: 3 Левитрата и нејзиното дејство денес беа презентиран пред охридските лекари и фармацeвти.Податоците покажуваат дека над 150 милиони мажи имаат проблем со ерективна дисфункција. Левитра нов лек против проблемите со ерективна дисфункција. Овој препарат денес беше презентиран пред охридските лекари и фармацвти. Проф. Владимир Георгиев вели дека новиот лек е многу поефикасен од досегашните и има многу помал процент на нус појави. Овој лек може да се прима заедно со храна или пијалок, а не како што беше случојот со досега познатите лекови против проблемите со ерекцијата. Проф....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top