Градоначалникот ќе го тужи Министерството за транспорт и врски

Петрески тврди дека на Локалната незаконски и се одземени ингеренциите во случајот со дивоградбите на ИВ- ИРЕ. Од Вмро Дпмне пак, целосно ја подржуваат одлуката на министерството и велат дека тоа е последниот можен правен лек

 |  Јаковлева Лионела  | 
petreski ace

Градоначалникот Александар Петрески ќе поднесе тужба до Управниот суд, а ќе се жали и до Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС против Министерството за Транспорт и врски. Причина за тоа е одземањето на ингеренциите на Локалната од страна на Транспорт и врски за постапување по случајот на дивоградбата на ИВ- ИРЕ  во Трпејца. Петрески вели:

Јас не сум против тоа министерството да излезе и да руши, туку јас сум против одземањето на ингеренциите на Општина Охрид бидејќи немаме направено никаков прекршок за да се направи тоа.

Градоначалникот тврди дека Министерството за Транспорт и врски вчера им ги одзело ингеренциите за гореспоменатиот предмет, а со тоа го прекршило законот. Тој објаснува дека Локалната пред десет дена го завршила предметот. Сопственикот има рок од 15 дена да се жали по донесената одлука за рушење на објектот или истиот самиот да си го сруши. Бидејќи овој рок не е изминат на Локалната и се врзани рацете нешто да превземе бидејќи со тоа ќе го прекрши законот и може да биде тужена и оштетена со дури еден милион евра, тврди Петрески. трпејца

Од ВМРО ДПМНЕ, пак, се согласуваат со одлуката на Транспорт и врски  и велат дека е повеќе од оправдана. Никола Митровиќ,портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, ова бил последниот можен правен лек.

 

И додека локалната и централната власт се препукуваат секој тврдејќи дека ја кажува вистината, трпејчани можат многу да изгубат со оглед на фактот што уште 100тина дивоградби, во локалната чекаат за легалицазија. На самиот почеток на туристичката сезона ова и не е е баш некаква позитивна кампања. Туристите несакаат да се сончаат и капат, а некој над нивните глави со багери да руши.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top