Ознака: крајбрежјето

Повторно гореше трска на крајбрежјето на потегот Струга- Калишта

Post Views: 6 Еколозите од Охрид СОС повикуваат надлежните институции да го запрат криминалот врз појасот трски на Охридското Езеро. За само десетина дена во два наврати е запалена трската на Охридското Езеро на патот Струга – Калишта , а надлежните институции молчат и на општинско и на државно ниво. Палењето трски на заштитено подрачје е кривично дело, потсетуваат активистите од Охрид СОС . Бараат одговорност од соодветните институции за, како што велат, екоцидот што се случува на струшкиот дел од крајбрежјето. На потегот Калишта Струга со приближување на летната сезона почнува да...

Continue reading

Граѓански активисти повторно го кренаа гласот против неконтролираната урбанизација и девастација на Охрид и крајбрежјето

Post Views: 0 Белиот лебед ја загуби битката со прекумерната урбанизација и девастација на охридското крајбрежје.  Својот последен танц го одигра на звуците на Лебедово езеро по што беше однесен во црна врќа од пред општинската зграда. Ова е само дел од уметничкиот перформанс кој се одржа денеска пред општина Охрид во организација на граѓанската платформа Охрид СОС и здружението Стар Лагадин. Активистите со пароли и на повеќе светски јазици ги повикаа надлежните во одбрана на  природното и културно богатство на Охрид и крајбрежјето. Општиот акт за с. Лагадин е дело на претходната...

Continue reading

Неконтролираното градење по крајбрежјето еден од најголемите предизвици со кои треба да се справат Охрид, Струга и Поградец

Post Views: 8 После милиони години постоење најстарото и најбистрото езеро во Европа   денес се соочува со бројни предизвици. Прекумерната урбанизација,  неводење грижа за автохтоноста на брегот на Охридското езеро, негрижата  за природните реткости и биодиверзитетот , како и загадување со отпад .Првите луѓе на трите градови на брегот, денес на Денот на Охридското езеро,  по традиција најавија  поголема грижа и заштита на еко системот, но и заедничка битка со бројните предизвици.   Клучен проблем се дивоградбите в долж крајбрежието. Општините Охрид и Поградец  веќе започнаа ревизија...

Continue reading

Невремето повторно предизвика штети на крајбрежјето

Post Views: 0 Силниот ветар од јужен правец што вчера попладнето и ноќта го зафати Охридскиот регион повторно го разбранува Охридското Езеро предизвикувајќи високи бранови што наместа ги префрлаа бетонските бариери на езерскиот Кеј. Поголеми проблеми не се предизвикани, освен на местата каде нема физичка можност водата сама да се врати во езерото, а Колекторскиот систем за негова заштита нема доволно капацитет наеднаш да прими толкави количини. Со намалувањето на брзината на ветерот ситуацијата се нормализира и водата повторно се врати во езерото. Од брановите повторно настрадаа...

Continue reading

prazna plaza

Струшките плажи се испразнија

Post Views: 0 Празни плажи. Деновиве се забележува драстично намалена фрекфенција на посетители на струшките плажи. Полупразни се и угостителските објекти долж крајбрежјето во делот на Струга. Туристичките работници велат дека влијанието на рамазанските пости е очигледно. Поради тоа и бројот на туристите е преполовен. Шефи Речи концесионер на машка плажа во Струга, вели дека прометот е паднат дури за 80% во споредба со минатиот месец. Тој додава дека туризмот во Струга го прават гостите од Гостивар, Тетово и Кичево. Садик Ала, исто така концесионер на една од струшките плажи, вели...

Continue reading

СЕ УРЕДУВААТ ПЛАЖИТЕ НА КРАЈБРЕЖЈЕТО ВО ПРЕСРЕТ НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА

Post Views: 4 Со цел да се обезбеди соодветна подготовка на охридското крајбрежје во пресрет на овогодинешната туристичка сезона, Општина Охрид и екипите на општинските јавни претпријатија деновиве интензивно спроведуваат активности за чистење и уредување на плажите, на кои во текот на претходниот период се отстрануваа бесправно изградните објекти. Извршено е посипување со автохтон песок на неколку локации. Се спроведоа активности за чистење на дивата вегетација. Во моментот се врши засадување на нови садници на дрвја, се поставуваат нови контејнери, канти за отпад и се поставуваат...

Continue reading

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ЗА АКТУЕЛНИТЕ СОСТОЈБИ ПОВРЗАНИ СО УРЕДУВАЊЕ НА КРАЈБРЕЖЈЕТО

Post Views: 3 – Сериозната посветеност на Општина Охрид во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО и одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, во делот на уредување и управување со крајбрежјето е веќе видлива на терен. Покажавме вистинска волја, капацитет и подготвеност да се соочиме со проблемите и да започнеме со средување на наследените катастрофални состојби. Како резултат на неколку-неделната активност за отстранување на бесправните градби на плажите, ставаме крај на долгогодишниот хаос, злоупотреби и узурпации...

Continue reading

СЕ ЧИСТИ И УРЕДУВА КРАЈБРЕЖЈЕТО ВО ЛАГАДИН

Post Views: 9 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со чистење и уредување на дел од крајбрежјето во потегот на месноста „Лагадин“, каде што претходно се работеше на отстранување на бесправните објекти. Денеска се изведуваат активности за отстранување на поситни остатоци од бетон и други градежни материјали, а се врши и уредување на дивата вегетација и кастрење на дрвјата. На овој потег во текот на наредниот период, планирано е да бидат засадени и нови садници на дрвја. Минатата седмица екипите на ова јавно претпријатие беа ангажирани и за хортикултурно уредување на потегот...

Continue reading

sirena

Малото пристаниште наспроти Палас продолжува да пропаѓа

Post Views: 5 Локалната самоуправа не најде решение за малото пристаниште пред хотел Палас. Иако пред една година од Секторот за урбанизам при локалната самоуправа имаше најава дека ќе го средуваат потегот на овај дел од крајбрежјето,  тоа не се реализира. ТВМ оваа тема ја  отвори на 7 јуни 2013 година и посочи на фактот дека пристаништето се распаѓа од ден на  ден пред очите на надлежните, а за тоа никој не реагира.Од локалната кажаа  дека за крајбрежјето е валиден  деталниот урбанистички план  донесен на 22 мај 2001 год.Според планот на тој простор стои истата маркица – пристаниште. ...

Continue reading

ezero

Охрид домаќин на „Ден на езерото“

Post Views: 11 Уметничка програма, забава, велосипедски караван околу крајбрежјето на Охридското Езеро, се само дел од содржините од заедничкото одбележување на Денот на Езерото, на трите соседни града Охрид, Струга и Поградец. Нашиот град годинава, домаќин на оваа манифестацијата. Промоција на целокупната туристичка понуда на охридското крајбрежје, е само дел од низата активности предвидени во рамките на одбележувањето на овој настан, изјави Ѓоко Апостоловски, раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој. Воедно Апостолоски најави што ќе се случува во текот на...

Continue reading

plaza Palas

Oд понеделник ќе се знае судбината на пристанишетето спроти хотелот Палас

Post Views: 15   Секторот за урбанизам при локалната самоуправа ќе го средува потегот од крајбрежјето. Од понеделник стручен тим ќе го разгледува деталниот урбанистички план за овој потег. По стручните консултации ќе се знае и иднината на малото пристаниште наспроти хотелот Палас, за кое ТВМ минатата недела пишуваше во два наврати. Од локалната откриваат дека последниот детален урбанистички план кој е валиден во овој момент за крајбрежејето односно за овој потег бил донесен на 22 мај 2001 год. „Планот е валиден и сега на тој простор стои истата маркица – пристаниште, онака...

Continue reading

dom

Почитување на еколошките стандарди на Охридското крајбрежје, побара Лилјана Попоска од Дом

Post Views: 2 Еколошките стандарди мора да се почитуваат на Охридското крајбрежје, порача од Охрид претседателката на Дом, Лилјана Попоска. Во охридскиот туризам  треба почитување на еколошките стандарди во повеќе области како што се  урбанизмот, колекторскиот систем, отпадот и бучавата, кажа Попоска. Додаде дека во  екологијата на туристичкиот центар  ќе требаат сериозни вложувања и домаќинско работење. Нашите советници од Дом ќе бидат дежурна еко патрола што ќе се грижи за тоа, потенцираше Попоска. „ Еколошките стандарди треба да важат за сите, тие да важaт и за срцето на Охрид...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top