Post Views: 7
4000 жители од урбаната заедница 15 од 15-ти Корпус во секојдневното живеење се соочуваат со наталожени комунални проблеми. Урбанат заедница се протега на делот од Велгошти кон Лескоец, до стара бензиска и касарната. Во лето прашливи, а во зиам каливи улички без асфалт, асфалатираните пак со несанирани прекопи, неприклучени канализации, ги набројуваат жителите дел од наталожените проблеми во населбата. Раскажуваат дека нема детски и спортски игралишта, па децата од 15-ти Корпус нема каде да играат.
Секретарот на УЗ 15, Гоце Георгиески вели, жителите од овој...
Post Views: 6
Денес 12- ти март, во периодот од 15 до 16 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на дел од улицата „15- ти Корпус“. Од 13 до 15 часот без струја ќе остане дел од населбата Чекоштина, а од 11 до 12 часот дел од „Железничка“ и улицата „ Винковачка“, информираат од ЕВН Македонија.
Од ЕВН објаснуваат дека причина за прекините е реализацијата на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.
{loadposition content9}
Post Views: 0
Јавни тоалети, тротоари, асфалтирање на улици, изградба на детски и спортски игралишта, поставуавње на автобуски постојки се само дел од потребите на жителите од урбаните заедници Стар град, 8 септември и 15 -ти Корпус.
Во овие урбани заедници заврши изборот на новите раководства на Советите. Течат законските рокови кога за 30 дена од Советите кои имаат од 3, 5 или 7 членови мора да изберат претседатели на урбаните заедници. Избраните претседатели од урбаните заедница треба да се алката помеѓу жителите во населбите и Локалната самоуправа за подобрување на нивното...
Post Views: 2
Ј.П. Охридски Комуналец согласно програмата за тековна работа денес со активности на повеќе локации.
Како дел од активностите екосењето на тревите од страна на коловозите, се уредува и чисти во селото Подмоље,на улицита „Кленоец“, „Живко Чинго“ и „15-ти Корпус“.
{loadposition content9}
Post Views: 2
Поради изведување на градежни активности на улицата „15-ти Корпус“, денес 29.04.2021 година (четврток) ќе има отежнат тек на сообраќајот, а можни се и повремени застои. Градежните активности ќе започнат во раните утрински часови (4:00 часот) и ќе траат во текот на денот.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се препорачува, доколку е можно и да се избегне овој дел за сообраќај додека траат градежните активности.
Post Views: 4
Нов повик за волонтери. Мировниот корпус како владина американска агенција денес во Охрид одржа презентација со која на сите наставници, заинтересирани училишта, НВО и околните општини им понуди можност да дознаат како треба да аплицираат за волонтер. Линдита Реџепи која во Мировниот корпус е ангажирана како асистент за програма и обука ги појасни програмите по кои што делуваат волонтерите, односно Американците кои во Македонија доаѓаат на волонтерска основа.
„Мировен корпус во Р. Македонија има две програми едната програма е за развој и унапредување на наставата по...
Post Views: 8
Поради изведување на градежни активности за подготовка на коловозот за асфалтирање, на улицата „15-ти Корпус“, на потегот пред градските гробишта на 01.04.2021 година (четврток) ќе има отежнат тек на целиот сообраќај, а можни се и повремени застои.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат според соодветната сигнализација со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. Се препорачува, доколку е можно и да се избегне овој дел за сообраќај додека траат градежните активности.
Post Views: 4
Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што рано утрово околу 05 часот и 30 минути се случи на улицата „15 корпус“ во Охрид.
Ранко М. (51) од Охрид на лице место им подлегна на повредите во момент кога патничко моторно возило „Опел калибра“ со швајцарски регистарски таблички, управувано од Ф.К. (31) од Охрид, директно со десниот преден дел удрило во сега починатиот кој управувал моторцикл марка „Џилера“. Сударот се случил кога сега починатиот се обидел со моторциклот оставен на левата страна од коловозот да се приклучи во правец кон селото Лескоец. ...
Post Views: 0
Основното училиште Братство Единство доби Англиско катче. Тоа официцијално започна со работа денеска, а истото е наменето за учениците од матичното училиште, но и за дечињата од останатите училишта во Охрид. Учениците веќе го посетиле и се радуваат што токму таму многу повеќе ќе го научат англискиот јазик.
Англиското катче е замислено како центар или библиотека која учениците би ја користеле помеѓу часовите, но и како училница за време на часовите. Наменета е за сите основци кои имаат желба да читаат англиска литература.
„Проектот го работевме долго време. Идејата...
Post Views: 2
Велигденски јајца, колачи, украси, пилиња. Основците од Св. Климент Охридски од Охрид и Св. Наум Охридски од Пештани за Велигден подготвија хуманитарни продажни акции. Продажната хуманитарна акција во ООУ Св. Климент Охридски е проект на советот на родители и истата од година во година е се поорганизирана и поуспешна.
„Како и секоја година, така и оваа организиравме продажна хуманитарна акција. Парите кои ќе се соберат се наменети за дечињата од социјално загрозените семејства, поточно за оние кои не се во можност да платат за престојните екскурзии“, вели преставникот...
Post Views: 2
Четврток и петок денови за детски приказни на англиски јазик. Црвениот крст и мировниот корпус го продолжуваат проектот „Детски час за приказни“. Проектот е наменет за деца од 4 до 10 години, а се изведува преку игра, креативни вежби и на англиски јазик.
„ Детскиот час е замислен како креативно катче каде децата не учат како на редовнот воспитен процес во ибразованието, туку преку читање, пеење песни, изработка на креативни вежби. Децата е поделени во две групи од 4 – 5 год. и деца од 6 до 10 години“, вели Мимоза Ставрева – проект координатор – Охрид.
Децата се мотивирани...
Post Views: 8
„ Поновата детска литература е снабдена преку гранд на USAID и преку мировниот корпус во Македонија.Тој гранд се искористи да се набави литература за деца. Идејата да биде оваа литература за деца е затоа што сакавме да им го претставиме англискиот јазик на децата и иако тие не зборуваат јазикот во оваа литература има толку убави слики да гладаат и приказни да се читаат, а тоа ќе може да го направат и дома“, вели Карен Шон, волонтер мировен корпус во Македонија.
Шон вели дека првично биле заинтересирани да донираат и друга англиска литература за деца, но по согледувањето...