Жителите од 15-ти Корпус се соочуваат со бројни комунални проблеми

 Жителите од 15-ти Корпус се соочуваат со бројни комунални проблеми.

 |  Валентина Неловска  | 
15 korpus

korpus4000 жители од  урбаната заедница  15 од 15-ти Корпус  во секојдневното живеење се соочуваат со наталожени комунални проблеми. Урбанат заедница се протега на делот од Велгошти кон Лескоец, до стара бензиска и касарната. Во лето прашливи, а во зиам каливи  улички без асфалт, асфалатираните пак со несанирани прекопи, неприклучени канализации, ги набројуваат жителите дел од наталожените  проблеми во населбата. Раскажуваат дека нема детски и спортски игралишта, па децата од  15-ти Корпус  нема каде да играат. 

Секретарот на УЗ 15, Гоце Георгиески вели,  жителите од овој дел  на Охрид сакаат место за живеење кое ќе ги задоволува основните потреби на граѓаните.

„ Во денешно време имаме урбана заедница без основно училиште, амбуланта , спортско игралиште, црква, немаме ништо. Би сакале изградба  на училиште и спортски игралишта“, посочува Георгиески.

korpusПокрај решавање на комуналните проблеми, жителите посакуваат  и уредување на речното корито на Сушица.  Но, од  бројните проблеми ја издвојуваат и главоболката која  им ја задаваат и фирмите загадувачи, напоменува и претседателот на УЗ 15 , Дејан Анѓелески.

 „ Проблем од фирмите кои ја загадуваат урбаната  заедница, базата кај  касарната и една фирма за пластика кај поранешен Нов живот, кој треба да се решат. Запозанета е ЛС со тие проблеми. Имаме дадено барање за асфалтирање на улици. Поставување и на соодветни сообраќајни знаци за премин на децата во  основните училиште  кај црногорците“, додова и Анѓелески.
 
Членовите на урбаната заедница додаваат дека во моментот немаат ни  канцеларија каде што може да функционираат. Така жителите од населбата се ограничени во комуникацијата со своите претставници во заедницата и Локалната самоуправа. Се надеваат дека наскоро ќе се донесе и детален урбанистички план за  урбаната заедница, а со тоа и за касарната. Нивните очи се вперени кон касарната каде што гледаат можност за изградба на објекти кои се потребни во секојдневното живеење.
   

  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top