Нoви Совети во урбаните заедници стари проблеми

Нoви Совети во урбаните заедници стари проблеми.

 |  Валентина Неловска  | 
сг
сг

Јавни тоалети, тротоари, асфалтирање на улици, изградба на детски и спортски игралишта, поставуавње на автобуски постојки се само дел од потребите на жителите од урбаните заедници Стар град, 8 септември и 15 -ти Корпус.

аеВо овие урбани заедници заврши изборот на новите раководства на Советите. Течат законските рокови кога за 30 дена од Советите кои имаат од 3, 5 или 7 членови  мора да изберат  претседатели на урбаните заедници. Избраните претседатели од урбаните  заедница треба да се алката помеѓу жителите во населбите и Локалната самоуправа за подобрување на нивното урбано живеење.

Граѓаните од УЗ Стар град 1 очекуваат од избраните  претставници да издејствуваат решавање на старите добро познати комунални проблеми кои ги мачат со години. Бараат јавни тоалети, поставување на клупи, линиски превоз.

 

 

рсИсто така, и жителите од урбаната заедница 9 „ 8-ми Септември“, која ги опфаќа улиците Седми Ноември, дел од Железничка,  Абас Емин и Дејан Војвода имаат комунални потреби, па  очекуваат од новото  раководство  тие да бидат надминати. Бараат тротоари ,асфалт на улицата како и спортски игралишта за младите.

И жителите од 15-ти Корпус наведуваат бројни проблеми кои очекуваат да бидат решени.  Средување на нечистото корито на реката Сушица, дислокација на Бетонската база, поставување на автобуска постојка, дислокација на руинирани објекти околу автобуската станица.

Од 18-те урбани заедници во градот избрани се совети на 15 заедници. На 18 март ќе се избира совет  во урбаната заедница Воска. За урбаните заедници Студенчишта и Чекоштина нема да се врши избор затоа што нема граѓани со постојано место на живеење, информираат од Локалната самоуправа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top