Нов повик за волонтери

Информативни регионални средби на Мировниот корпус на САД. Денес во општина Охрид, вработените во Мировниот Корпус Македонија и волонтерите, споделија информации за нивната работа како дел од глобалното семејство на Мировен корпус на САД.

 |  Николоска Биљана  | 
miroven corpus
мировен корпус

miroven corpusНов повик за волонтери. Мировниот корпус како владина американска агенција денес во Охрид одржа презентација со која на сите наставници, заинтересирани училишта, НВО и околните општини им понуди можност да дознаат како треба да аплицираат за волонтер. Линдита Реџепи која во Мировниот корпус е ангажирана како асистент за програма и обука ги појасни програмите по кои што делуваат волонтерите, односно Американците кои во Македонија доаѓаат на волонтерска основа.

„Мировен корпус во Р. Македонија има две програми едната програма е за развој и унапредување на наставата по англиски јазик втората програма е развој на заедниците каде што општините и НВО се зафатени. Во однос на втората цел на Мировен корпус како организација е размената на културата односно запознавање на американците околу македонската култура начинот на живеење и споделување на истата кога ќе се вратат во Америка тоа води кон третата цел кој што се фактички и првите амбасадори кои што кога се враќаат од Македонија во Америка го споделуваат јазикот и до споделуваат начинот на живот кој што го научиле во текот на 2 годишната служба во Македонија“.

miroven corpusВо црвениот Крст на Охрид тековно и годинава работи волонтер на Мировниот корпус. Мимоза Ставрева нагласи дека имаат позитивно искуство со волонтерите кои доаѓаат од Америка како и тоа дека истите се вклучени во речиси сите проекти на Црвениот Крст.

„Имаме обуки за млади лидери досега, имаме доста актуелени многу интересен час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4 до 7 години кој што веќе петта година се реализира кај нас“.

Мировниот корпус во Македонија на покана од македонската Влада е присутен повеќе од 18 години . Волонтерите доаѓаат во земјава со цел да разменат знаења, да ја споделат американската култура и да научат за културите на луѓето во Македонија. Живеат во семејства домаќини а работат во општините во граѓанскиот сектор или во основните и средни училишта.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top