Ознака: концесија

ribarenje

Заврши осумгодишниот пост во ловењето со блинкер

Post Views: 11 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, сигурен дека доделувањето на концесиите за рекреативен и стопански риболов ќе помогнат во зачувувањето на рибниот фонд. Министерот призна дека навидум тоа изгледа контрадикторно, но смета дека тоа е вистинскиот начин не само за соочувување, туку и за проширување на рибниот фонд во езерото. „Дојдовме до констатација дека постоечката ситуација е неодржлива и дека е потребно сепак да има еден организиран начин на рибарење би реков во Охридското Езеро, во водите на Охридското Езеро, но тоа да биде комбинирано....

Continue reading

Nikola Mitorvik

Паркинзите повторно тема на пресс на ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 7 Доделувањето на градските паркинзи под концесија, од страна на Локалната, повторно тема на прес конференција на општинската ВМРО-ДПМНЕ. Портпаротлот Никола Митровиќ истакна дека нашиот град веќе осум години е заложник на неодговорната политика на градоначалникот  Александар Петрески како и на мала група блиска до него која буквално во последно време го тероризира Охрид. Портпаролот Митровиќ додаде дека криминал има и во спроведувањето на тековното работење со градските паркинг простори. „Имено, според наши извори дознаваме дека соодветните инспекциски служби утврдиле...

Continue reading

blinker

Се враќа блинкерот во Охридското езеро

Post Views: 23 Се враќа ловот на пастрмка и белвица со блинкер во Охридското езеро. Овој некогашен, можеби и подзаборавен начин на лов на риба, охриѓани, стружани па и останатите страсни риболовци, со душа го чекаат околу осум години. Директорот на Пастрмка 2012 Ристе Танасоски, кој деновиве и официјално од страна на Министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски, беше назначен за концесионер за стопански и рекреативен риболов, вели дека им претстои период на одговорна работа. Танасоски за 8 ми септември го најави стартот на блинкерот и појасна што треба да направат...

Continue reading

plaza

Сакате плажа од 21 век или од 20-ти?

Post Views: 1 Предупредувањата се реализираа. Плажите кои останаа без стопан поради ригорозните услови за добивање концесија кои ги наметна Министерството за транспорт и врски, го нагрдуваат охридското крајбрежје. Една од нив е и некогашната плажа „Корали“ на која нема ниту траг од онаа на која само пред едно лето уживаа голем број гости. Само остатоците од шанкот и од тоалетите асоцираат на тоа дека тука имало некакви содржини. Од друга страна пак плажите кои се под концесија веќе наголемо ги пратат европските трендови. Тие се убаво уредени, просторот е осмислен, а хигиената е на...

Continue reading

ribari

Коњаноски: „Со доделувањето на Езерото под концесија,Владата доби партнер

Post Views: 6 Со добивањето концесионер на Охридското Езеро, за излов на риба за стопански риболов,  Владата доби партнер кој ќе се грижи заедно со сите државни институции за дополнителна заштита на рибниот фонд, изјави заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски кој денеска го посети Хидробиолошкиот институт во Охрид. Министрот додава дека Риболовните основи кои ги изработиле стручните лица од хидробиолошкиот институт и 14 доктори на науки, беа неопходни за да се прецизира како ќе се врши изловот на риба,  како да се објават тендерите  и како...

Continue reading

Dimitrievski

СРД „Св. Апостол Петар“ : Езерото не е зрело за стопански риболов

Post Views: 9 Борбата на спортските риболовци за Охридското Езеро продолжува. Претседателот на срд Св. Апостол Петар, Радован Димитриески вели дека конечно надлажните признаа и докажаа дека не се способни да го заштитат рибниот фонд на Охридското Езеро. Додава дека тоа е единствената причина поради која езерото е издадено под концесија. „Надлежните институции кои требаше досега да ги спречат рибокрадците на успеаа во тоа и сега за да не се фрли вината на нив пред изборната кампања тие по секој случај го дадоа езерото на концесија, која според риболовната основа која е предвидена да...

Continue reading

ldp pres

ЛДП реагира поради издавањето на езерото под концесија

Post Views: 16 ЛДП е смета дека многу е рано Охридското Езеро да се дава под концесија за стопански риболов, затоа што како што велат сеуште не е стабилизиран рибниот фонд во езерото, а одлуката за давање под концесија била избрзана и бесмислена. „Неофицијално, идниот концесионер е избран и веќе има склучено договор. Договорот се однесува за период од 6 години, а концесионерот има обрска на државата за истиот тој период да и исплати 12 милиони денари, а да за таа сума, добива дозвола да улови 20 тони пастрмка и 1200 тони плашица. Со овој договор, треба да се вработат и 24 рибари што...

Continue reading

plaza

Крпа и пченка или лежалка и нескафе

Post Views: 1 Враќање во минатото. Се сеќавате ли кога лежевме и се сончавме на охридските плажи на крпи а не на лежалки, а за да ја поставиме крпата претходно требаше да подзачистиме затоа што плажата не се гледаше од шутот и тревата која се наоѓаше на неа. Се сеќавате ли на чичковците кои ви застануваа над глава нудејќи ви топли пченки. А се сеќавате ли дека кога ќе се искапевме во езерото, а водата беше матна и со реси поради бранот чекавме да се пуштат прскалките на блискиот тревник за да се истушираме. Е по се изгледа охриѓани и гостите ова лето ќе уживаат во една ваква плажарска...

Continue reading

plaza

Нема плажа без гњаважа

Post Views: 0 Концесионерите на охридските плажи изиграни. Најголемиот дел од нив велат дека Министерството за транспорт и врски не игра фер плеј. Условите кои ги наметна овојпат за давање на плажите под концесија ги натера да направат радикален чекор. Поголемиот дел од концесионерите на охридските плажи нема да аплицираат за повторно да добијат право да стопанисуваат со нив. Тие велат дека да можат би го вратиле времето назад и воопшто не би се впуштиле во оваа неисплатлива авантура. Поранешните концесионери објаснуваат дека само мал дел од нив заработиле од плажите, повеќето се...

Continue reading

ezero

Да или Не за стопанската концесија на езерото?

Post Views: 1 Да се стопира конкурсот за доделување стопанска концесија. Ова барање на спортско риболовното друштво Свети Апостол Петар сеуште актуелно. Од таму ни велат дека сите научни истражувања покажале дека Охридското езеро во моментот нема капацитет за да биде експлоатирано во поголеми размери. Количината на риба во езерото велат не е доволна за да може да се сноси со товарот на една стопанска концесија, а во минатото ваквата концесија се покажала како уништувачка за рибниот фонд. „Ние како спортски рекреативни риболовци уште пред месец дена најавивме дека ќе се бориме до крај...

Continue reading

pres

ВМРО-ДПМНЕ : „Да се избришат одлуките за поскапување на комуналиите“

Post Views: 1 Општинската организација на ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања упатени кон градоначалникот Петрески за она што според нив е: обид за манипулација за продажба на МЈП Проаква. „Петрески вчера призна една од многуте свои грешки“-велат од ВМРО-ДПМНЕ. Воедно најавија дека нивната политичка партија и натаму ќе се залага за бришење на одлуките за поскапување на комуналните услуги. Тема на денешната прес конференција беше стопирањето на давањето под концесија на МЈП Проаква, но и поскапувањето на комуналните услуги. Од ДПМНЕ велат: Овој пораз на Петрески е само уште еден во низата на...

Continue reading

pastrmka

Државата сеуште без тендер за концесија на Охридското езеро

Post Views: 4 Владата сеуште нема објавено тендер за концесија, иако донесе ваква одлука пред еден месец. По седум години мораториум на Охридското езеро, ова е решението за да се зачува  рибниот фонд од понатамошно нелегално  ловење. Со одлуката е предвидено електронското лицитирање за концесијата да го организираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за информатичко општество. Почетната цена на лицитацијата за првата година ќе биде 10 посто од вредноста на дозволената количина за риболов или околу 1 милион денари. Според  Законските прописи,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top