Post Views: 1
На 06.01.2022 во периодот од 8 до 12 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициски службеници во Охрид затекнале и санкционирале 10 возачи на моторни возила кои управувале возила со брзина поголема од дозволената ( 3 надвор од населено место и 7 во населено место).
Сообраќајните контроли ќе продолжат и понатаму на целото подрачје на СВР Охрид со цел зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи – информираат од СВР Охрид.
Post Views: 4
Гласањето во втор круг ќе има во 29 општини и во градот Скопје, а првиот круг ќе се прегласува на три избирачки места во Струмица и на едно во Долнени.
Избирачкиот материјал е веќе предаден на општинските изборни комисии, кои треба да ги достават до избирачките одбори.
Утре гласаат болните и немоќните лица, лицата кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор и внатрешно раселените лица.
Втор круг гласање за градоначалници ќе има во Арачиново, Берово, Битола, Богданци, Брвеница, Бутел, Велес, Врапчиште, Гостивар, Дебарца, Делчево, Ѓорче Петров, Јегуновце, Кавадарци,...
Post Views: 4
Младите физичари од приватното училиште „Јахја Кемал“ од Струга, нижат меѓународни успеси.
Од „I – sweep“ Олимпијадата која неодамна се одржа во Хјустон Тексас САД, неодамна се вратија со еден златен и два сребрени медали. Нивните проекти кои се однесуваа на изнаоѓање одржливи извори на енергија меѓу најдобрите на олимпијадата.
Меѓународен успех за малдите физичари од приватното училиште „Јахја Кемал“ од Струга. Во конкуренција од 720 ученици, 300 проекти, изработени од ученици на училишта од 72 земји од светот, од кои само 48 од САД, младите физичари од ова училиште...
Post Views: 6
Подготвителниот период за технички прегледи на чамците и пловилата добива на интензитет. Месеците мај и јуни според капетанот на Капетанија на пристаништата на Република Македонија, Горан Устијаноски е период во кој најголемиот број од пловните објекти ги обновуваат пловидбените дозволи и вршат технички прегледи на своите пловила. Устијаноски информира дека сите активности во моментов се одвиваат според определениот план, а за да им излезат во пресрет на сопствениците на пловни објекти, ќе имаат дежурни тимови и во сабота и недела, како и во периодот од 16:30 до 12 часот...
Post Views: 3
Али Разеги, научник од Техеран ја регистрирал неговата „Aryayek“ временска машина во националниот Центар за стратешки изуми. Направата можела да предвиди пет до осум години од иднината на поединец со 98% точност со помош на сложени алгоритми.
„Мојот изум го собира во куќиште за десктоп компјутер, и нема да ве однесе во иднината, туку иднината ќе ви ја донесе вам“, изјавил 27-годишниот научник.
Според Разеги, иранската влада може да ја предвиди можноста за воен конфликт со друга земја, како и промената во вредноста на странските валути и цените на нафтата, сè со помош...
Post Views: 3
Австралиската канцеларија за емиграција и заштита на границите направила тежок гаф и по грешка објавила лични податоци за 31 светски лидер кои учествувале на самитот G20, одржан во Австралија кон крајот на 2014 година. За да биде пропустот уште поголем, со слободна проценка одлучиле за ова да не ги известат светските лидери кои биле засегнати со ова прашање.
Личните податоци, на светските лидери на последниот самит G20 одржан во Австралија, се откриени по човечка грешка, а меѓу откриените податоци на светските лидери се и најмоќните – Barack Obama, Vladimir Putin, Angela...
Post Views: 0
Познати се проектите за кои општината одобри финансиски средства по јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2016 година. Општината од својот буџет годинава за оваа намена издвои 1 750 000 ден. за 58 субјекти кои се јавиле на јавниот повик.
Сметаме дека оваа сума е пристојна бидејќи ние ги кофинансираме , а не ги финансираме проектите. Се надевеме дека сите учесници на јавниот повик се задоволни од доделените средства за нивните проекти, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локланата самоуправа.
Најмногу проекти со кои е...
Post Views: 3
Ако прашате некого кој е најголемиот секс симбол во филмскиот свет во минатото веројатно поголемиот дел од луѓето ќе одговорат Мерилин Монро.
Филмската индустрија направи жените да се поврзуваат со етикетата на секс симбол, но работите несомнено се сменија почнувајќи од појавата на Бред Пит па навака и од тогаш постои рамноправност меѓу половите во поглед на здобивањето со оваа етикета.Само што се појави еден проблем, веројатно непредвиден. Одеднаш сите се обидуваат да се дистанцираат од етикетата, како тоа да е навреда. Кога стана толку страшно да се биде убав и згоден?
Пред...
Post Views: 2
Малку визија, многу работа, посветеност и љубов во она што се работи е доволно за еден мал училишен центар во Ново Место-Словенија да прерасне во фантастичен пример на самоодржливо училиште. Центарот за биотехника и туризам „Грм“ во Ново Место во едно соединение ги спојува знаењата од полјоделството, угостителството и туризмот. Раководејќи се според нивното основно мото „Од нива, до трпеза“, учениците од ова угостителско, туристичко училиште сами ги произведуваат своите намирници, а потоа ги подготвуваат и послужуваат на своите гости.
Комплетирајќи го овој бизнис круг,...
Post Views: 3
Двајца холандски уметници ги земале сите можни парфеми кои излегле минатата година и ги измешале во огромно шише од литро и пол. Мирисот наводно потсетувал на Шанел бр.5.
Инспирирани од бизнисот со парфеми (кој цути како никогаш досега), холандските уметници Ленерт и Сандер преку целата година собирале примероци од сите парфеми (вкупно 1.400) и ги измешале во шише од 1,5 литри.Во интервју за Huffington Post, двата уметника објасниле дека парфемот кој тие го нарекле „Everything“ мириса на првиот бран на мирис што ги облева оние што влегуваат во просечна парфимерија.
„Еден...
Post Views: 3
Детално истражување на 12 аспекти на модерниот живот, покажа дека мажите доживуваат повисоко ниво на среќа, односно дека се посреќни во однос на седум од нив, вклучувајќи физички изглед, плата и облик на телото.
Резултатите кај жените биле подобри во неколку области. Така се покажа дека жените се посреќни во поглед на семејниот живот, љубовта и во категоријата сексуален живот.
Она што охрабрува е податокот дека нивото на среќата кај возрасните испитаници генерално изнесувала 64 отсто.Истражувањето го нарача Benednden Health, а во него се покажа дека просечните жени се...
Post Views: 1
Централната манифестација ќе се одржи во Скопје сити мол во организација на здружението „Во мојот свет“ под покровителство на сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова.
Децата, заедно со поддржувачите на кампањата, ќе составуваат сложувалка со боите на аутизмот, а ќе биде приредена и музичка програма.
Целта е да се придонесе за подобрување на условите за живот на оваа ранлива група граѓани.
По повод Меѓународниот ден, делегација на Македонското научно здружение за аутизам и семејства кои имаат деца со аутизам ќе го посетат претседателот на Република...