Ознака: кои

most na nina

Ќе никне нов „Мост на Нина“

Post Views: 1 Грдата слика на остатоците од некогашниот „Mост на Нина“, набргу ќе исчезне. Новиот идеен проект за мостот во тродимензионална техника веќе е на маса кај првиот човек на градот Рамиз Мерко. Градоначалникот вели дека идејниот проект ги поминал сите институционални и јавни филтри, така што веќе за него може да се даде зелено светло и да се објави тендер за изградба и да се избере изведувач. Мерко рече дека новиот мост ќе се разликува од досегашниот кој поради неговата небезбедност се заменува со нов. Мостот на Нина се најавуваше дека ќе биде готов уште минатата година,...

Continue reading

gjubre

Ачик, градежен шут во центарот на Струга

Post Views: 0 Цела струшка чаршија и пошироко, одлага смет на едно место, во строгиот центар на градот. Во комуналната сфера владее невиден хаос и самоволие на поединци, за кои очигледно не важат законски пропишаните норми во делот на одржување на јавната чистота во градот, реагираат граѓаните. Струга, како познат туристички центар, пред бројните гости треба да се покаже во добро светло а не да се препушти во рацете на досегашното лошо менаџирање на раководство во комуналното претпријатие на градот, сметаат дел од нив. Градежниот шут на неколку фрекфентни места во градот, боди очи....

Continue reading

Microsoft го прослави својот 40-ти роденден

Post Views: 7 Компанијата на 4 април 1975 година ја основаа Bill Gates и Paul Allen, а од мал софтверски производител за Altair компјутерите и подоцна за IBM-компатибилните PC уреди, од осумдесетите години на минатиот век па сѐ до денес, прерасна во најдоминантната компанија на светот. Во овој период компанијата изроди три милијардери (од кои Bill Gates е најбогатиот жив човек) и 12.000 милионери, кои работеле во Microsoft. Денес Microsoft вработува преку 125.000 луѓе ширум светот и е трета највредна компанија на светот – пред неа се само Exxon Mobil и конкурентот Apple, додека Google...

Continue reading

leten kamp

Камп на заднички насмевки и желби

Post Views: 5 Прекрасно е чувството, а задоволството неизмерно кога ќе се види насмевката кај само едно детенце, велат волонтерите на „Црвениот крст“. Амбициозниот проект кој за прв пат беше реализиран во 2005-та година, деновиве го живее и своето второ издание. Деновиве во Струга, десетици дечиња со вродени или стекнати срцево-садови заболувања, кои се лекуваат во Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори” учествуваат на летниот камп. Акцентот на неколкудневните активности е ставен на поттикнување на здравите капацитети кај овие деца и изразување на нивната внатрешна...

Continue reading

Се продава една од најголемите колекции на Swatch

Post Views: 0 Една од најголемите приватни колекции на часовници Swatch на светот, која 25 години ја собирал пасиониран љубител, оваа недела оди на продажба во Хонг Конг и се очекува дека би можела да достигне цена поголема од 1,2 милиони евра. Swatch внесе нов живот во швајцарската индустрија на часовници на почетокот на 80-те со својот имиџ на колорит и пластика и кои беа достапни часовници кои станаа култен феномен. Оваа колекција од повеќе од 5.800 часовници, меѓу кои се и ограничени изданија со потписи на уметници како што се Kiki Picasso и Keith Haring, Sotheby’s ќе ги понуди...

Continue reading

Zdravstven dom Struga

Не стивнуваат обвинувањата за директорката на Здравствениот дом во Струга

Post Views: 0 По вчерашното обвинување за мобинг врз вработените во Здравствениот дом во Струга, денес повторно полни раце работа за директорката Вера Попоска. Сестрите од Здравствениот дом денес излегоа со листа барања за подобрување на условите за работа. Тие тврдат дека условите во кои досега работеле се под секое ниво и дека тие не се во можност ефикасно да си ја вршат својата работа. Сестрите потврдија и дека во Здравствениот дом дошла и Трудовата инспекција и направила свој записник, но досега тие не успеале да го видат овој записник ниту пак знаат дали по овој записник е постапено. „Нашето...

Continue reading

Третата економија во еврозоната би можела да биде поголем проблем од Грција

Post Views: 6 Ако кризата во Грција е акутна, тогаш онаа во третата економија по големина во еврозоната, Италија, може да се нарече хронична, наведува американскиот Wall Street Journal, додавајќи дека европската монетарна унија ќе се соочи со проблем многу поголем од грчкиот, доколку податоците од Рим во мај не покажат дека Италија е излезена од тригодишната рецесија. Италијанското стопанство всушност опаѓа веќе со десетлетија. Спрема податоците на ММФ во ’80-те просечниот годишен раст на БДП изнесувал 2,1% за да во ’90-те падне на 1,4%, а во првото десетлетие од овој век достигне...

Continue reading

затвор

„Рехабилитација“ за терористи

Post Views: 2 Саудиска Арабија се надева дека ќе му застане на патот на верскиот екстремизам на Ал каеда со тоа што на уапсените терористи ќе им понуди „луксузна рехабилитација“, која вклучува советување, спа-третмани и рекреација во луксузен рехабилитациски центар во Ријад. Државата не штедела пари па така затворениците имаат затворен олимписки базен, сауна, теретана и дневен престој со телевизор.Оние кои добро се однесуваат имаат право на дводневна пауза, а за оние што сакаат да бидат сами со своите жени достапни им се специјални „апартмани“, кои се наоѓаат во составот на комплексот. Луксузниот...

Continue reading

Охриѓани не практикуваат прегледи кои би можеле да спречат појава на мозочен удар

Post Views: 2 Превенција на појавата на мозочен удар и неговите последици како најдобар начин на справување со оваа состојба. Третманот на пациентите кои доживеале мозочен удар кај нас сеуште не е оптимизиран, смета д-р Маја Божиновска-Смическа од Здружението „Мозочен удар“. Токму затоа, според неа е исклучително важно да се посвети многу внимание на превенирањето на појавата на мозочен удар. Тие денес организираа  превентивни прегледи за сите охриѓани, правеа ЕКГ, мереа крвен притисок и шеќер во крвта на сите заинтересирани кои сакаа да дознаат нешто повеќе за нивните предиспозиции...

Continue reading

ЕУ е уморна од Google и покренува обвинение

Post Views: 2 Европската унија, како што пишува The Wall Street Journal, наскоро ќе подигне обвинение против Google поради злоупотреба на положбата на пазарот, а ако тој процес заврши со казна за американската компанија таа би можела да плати повеќе од 6 милијарди долари. Имено, спрема прописите на ЕУ во такви случаеви компанијата може да се казни со најмногу 10% од годишните приходи. Истрагата на ЕУ над Google трае 5 години, а освен тоа што била попречувана три пати, предизвикала и политичка бура. Меѓутоа комисијата на Juncker овој пат одлучила да оди до крај и побарала од компаниите...

Continue reading

Razlicni li sme

Дали навистина сме толку различни?

Post Views: 3 Сличностите кои постојат помеѓу етничките заедници кои живеат во Струга, треба да се покажат заедно со мултикултурните убавини на таа средина. Така Унеско клубот „Values of Struga“ денеска на чаршискиот мост во центарот на градот  организира настан како дел од проектот „Дали сме различни“ под наслов „Различни ли сме“. Зојка Наскова, национален стручен претставник на УНЕСКО во земјава посочи дека изборот на Струга како место каде овој ќе биде реализиран не е случаен. „Во текот на развојот на програмата и со консултација со локалните партнери избрани се три пилот општини,...

Continue reading

Поради Google луѓето мислат дека се попаметни

Post Views: 0 Благодарение на интернет пребарувачите како Google, денес во само неколку секунди можеме да дознаеме сѐ што нѐ интересира, додека во минатото за пронаоѓање на некои информации било потребно повеќедневно истражување по летературата и библиотеките. Бројни се предностите на пребарувањето по Google, но како што покажало неодамнешното истражување помеѓу студентите на Yale, поради Google и интернет пребарувањето, границата помеѓу она што знаеме и она што мислиме дека знаеме станува сѐ потенка. Истражувањето на над повеќе од 1.000 студенти покажало дека лицата кои барале информации...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top