Post Views: 8
Запуштениот простор каде што се наоѓаше некогаш за охриѓани омилената кино бавча ќе се обновува. За таа намена ресорното министерство веќе одобри 200.000 денари, пари кои за овој проект ги побарал Центарот за култура. На почеток ќе се инвестира во средување на просторот на кој се планира да се постават 200 монтажни седишта и бина истакнува директорот на Ценатрот, Драгана Боцевска.
„Целта ние да го осовремениме и адаптираме просторот на летната кино бавча кој во моментов е запуштен. Просторот ќе има повеќе наменски активности почнувајќи од фолклорните ансамбли, камерни...
Post Views: 2
Иако најавуван од голем број пратеници, од најразлични владеачки гарнитури, нити една од нив досега не го направила овој чекор.
Конечно ќе се донесе нормативната рамка со која ќе се направи обид да се заштити старото охридско градско јадро. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, за ТВМ изјави дека веќе изработениот закон влегува во собраниска процедура. По влегувањето во Собраниска процедура се очекува да бидат одржани јавни расправи на кои своите ставови и мислења ќе можат да ги искажат и заинтересираните субјекти, експерти, здруженија на граѓани...
Post Views: 17
Златара Горан под инспекциски надзор. Реакцијата на граѓаните и дуќанџиите во врска самоволието на поединци кои прават зафати врз своите деловни простори во строго заштитената зона, допре до уштите на надлежниот инспекторат. Утрово од страна на овластен градежен инспектор стопирани се зафатите врз златарата Горан која што се наоѓа во трговскиот центар АМАМ. Како што веќе ТВМ информираше сопственикот на дуќанот, Кире Булески вчера во два наврати изнесе две контрадикторни изјави. Најнапред рече дека ќе прави санација на фасада за која има одобрение од пред една година,...
Post Views: 1
Недела за борба против болеста, која после Дијабетисот е втора водечка причина за слепило во светот.
Др.Соња Филева, олфталмологот при ЈЗУ Општа болница од Охрид, вели дека станува збор за болест на очниот нерв, при што поради покачен интраокуларен очен притисок, доаѓа до негово оштетување. Болест која предизвикува трајни и медицински и социјални последици кај пациентите.
Филева додаде дека оштетувањата на видниот нерв, предизвикани од оваа болест се трајни и иревирзибилни. Колку болеста порано се открие, дотолку со соодветен третман може да се спречи прогресот кај...
Post Views: 3
Раководителите на секторите од локалната самоуправа со аргументи против обвинувањата упатени кон нив од страна на ВМРО ДПМНЕ. На денешната пресс конференција секој од нив даде отчет за она што го сработиле во текот на минатата година. Во име на секторот за комунален развој, сообраќај и улици, говореше Зоран Шикалески. Тој посочи дека минатата година овој сектор до советот поднел 4 извештаи од кои три квартални и еден годишен. „На вчерашната пресс конференција беа изнесени низа лаги и невистини за работата на овој сектор. Добро е познато дека секоја програма има приходен...
Post Views: 10
Охридската чаршија спаѓа во строго заштитена споменичка целина на градот. Секоја измена во таа зона, дали се работи за доградба, надградба или санација на фасада на објекти, треба да помине низ повеќе институционални филтри, секако со уредно доставена проектна документација од страна на барателот на услуга. Од страна на Завод и Музеј Охрид, како една од релевантните страни за добивање зелено светло за видоизменување на објектите кои спаѓаат под заштита, директорката Тања Паскали Бунташеска, вели дека се работи по строго дефинирани правила согласно новите измени и дополнувања...
Post Views: 9
Пред Основниот суд во Охрид започна распитот на сведоците за најголемата бродска несреќа во водите на Охридското езеро.
Прв сведочеше, Горан Балески, кој заедно со неколкумина колеги, бил дел од тимот нуркачи задолжени за извлекување на телата од жртвите. И Балески и Милутин Секулоски кој исто така бил дел од тимот, пред судот изјавија дека на дното затекнале како еден од прозорите од долната палуба на бродот како изваден од лежиште се наоѓал на дното од езерото.
Следуваше сведочењето на поранешниот капетан на Охридската капетанија, Златан Клечкароски. Тој кажа дека...
Post Views: 1
Конечно зрно надеж дека Охрид ќе влезе во очекуваната втора фаза на децентрализација. Општинскиот долг кој градот го спречи да влезе во втората фаза се наоѓа пред подмирување. Советот на општина Охрид даде зелено светло за банкарскиот кредит кој ќе го покрива долгот.
Долгоочекуваниот кредит кој треба да ја спаси општината од наследениот долг, доби зелено светло од советниците на Охрид. Една од причините поради која нашиот град сеуште не влегол во втората фаза од децентрализацијата е токму финансискиот долг спрема фирми во државна сопственост. Се работи за условен кредит...
Post Views: 0
Потресна реконструкција на кобниот 5-ти септмеври, кажана од првообвинетиот, капетанот на бродот „Илинден“, Сотир Филевски. Денес пред Основниот суд во Охрид, искажувајќи сочувство на семејствата на починатите Филевски изјави: -„Подобро јас да загинев, отколку петнаесетмината патници“. Филески кажа дека на денот на несреќата тој лично како заповедник на бродот извршил дневен преглед на пловилото, вклучително и неговото машинско одделение.
„Не се чувствувам виновен, бидејќи бродото кај мене беше во максимално исправна состојба, се одржуваше редовно, се правеа контроли.....
Post Views: 6
Годишната програма за поставување урбана опрема ќе почека некоја наредна седница. Ќе биде донесена откако советниците од сите политички партии ќе се произнесат по овој предлог.
Да се спречат загубите кои ги трпи општина Охрид поради диво поставените тезги на кејот. Советниците на ВМРО-Народна со став-поставувањето на тезгите долж кејот на езерото да се стави во законски рамки. Минатата година, годишната програма за поставување на урбана опрема и покрај тоа што била едногласно донесена, нејзиното спроведување на дело одело многу потешко. Повеќето советници сложни околу...
Post Views: 2
Бројката од 10.600 невработени лица во општина Охрид е идентична со стапката на невработеност во земјата и изнесува 32 посто. На пазарот на трудот во Охрид, вишок се сите професии, укажува Пеце Павловски од Агенцијата за вработување, советник на меѓуопштинскиот тим за пазар на трудот. „Суфицитарни се сите професии, ама најбарани со ниско образование се шивачите, заварувачите, и во лето келнерите и готвачите. Со високо пак, се најбарани информатичарите и градежните инжинери,“ објаснува Павловски. Статистиката за Југозападниот регион на земјава, во кој меѓу неколкуте...
Post Views: 1
Градоначалниците на педесет и осум општини од Македонија како и нивната општинската администрација, денес и утре ќе зборуваат за имплементацијата на најновите законски решенија во областа на урбанизмот и комуналните работи.
Финално решение на проблемите со урбаниот хаос во Македонија. Со овие зборови, Министерот за Транспорт и врски, Миле Јанакиевски го објасни предлог Законот за постапување со бесправно изградените објекти кој неодамна стапи на сила. Јанакиевски додаде дека овој закон претставува одлична основа за добро урбанистичко планирање во иднина. На прашање...