„Сотир, живееше за тој брод“

Во Основниот суд во Охрид започна распитот на сведоците за најголемата бродска несреќа во водите на Охридското езеро.

 |  Крсте Голабовски  | 
Sotir Filevski
Сотир Филевски

Пред Основниот суд во Охрид започна распитот на сведоците за најголемата бродска несреќа во водите на Охридското езеро.

Прв сведочеше, Горан Балески, кој  заедно со неколкумина колеги, бил дел од тимот нуркачи задолжени за извлекување на телата од жртвите. И Балески и Милутин Секулоски кој исто така бил дел од тимот, пред судот изјавија дека на дното затекнале како еден од прозорите од долната палуба на бродот како изваден од лежиште се наоѓал на дното од езерото.

sudenjeСледуваше сведочењето на поранешниот капетан на Охридската капетанија, Златан Клечкароски. Тој кажа дека Капетанијата е стручен и оперативен орган кој се грижи за безбедноста во сообраќајот. Додаде дека во капетанијата постоеле податоци дека во 1962 година бродот „Илинден“ можел да пренесува 63 патници, но по неговата реконструкција бројот бил намален на 43. При извршен технички преглед во 2003 та година од страна на комисија задолжена за тоа, на капетанот Филевски му било посочено да не превезуваа патници на клупите на задната горна палуба, во интерес на зачувавање стабилноста и статиката на пловилото, забелешки кои Филевски ги почитувал. Но, охридската Капетанија во ниту еден момент, не издала забрана за пловидба на „Илинден“. Клечкароски за судот изјави дека од 2003 –та па се до неговото пензионирање во октомври 2006-та „Илинден“, немал пловидбена дозвола. Поранешниот прв човек на капетанијата се огради од одговорност, бидејќи после неговото пензионирање е донесен нов закон за пловидба.

Адвокатите од одбраната ја оспорија изјавата на Клечкароски, потенцирајќи дека не постои документ за забелешките во врска стабилноста и статиката на пловилото. Никакви сознанија за за нарушена стабилност на бродот „Илинден“, немало , а пловниот објект уредно и редовно бил регистриран, изјави адвокатот Димитрија Цобоски. Со одбраната согласен и поранешниот капетан на „Илинден“, Петар Василевски, кој пред судот потенцира дека забелешки околу стабилноста на бродот никогаш не ни имало.

„Сотир живееше за тој брод, секојдневно го проверуваше, подмачкуваше…се за да биде секогаш подготвен за пловидба“, кажа Василевски.
Додаде дека забелешките кои се однесувале на бројот на појасите можеле да бидат изменети, доколку се зголемел бројот на појасите.

Капетанот на бродот „Кристина“, Васко Јанески, како и сопственикот на бродот „Александрија“ Зоран Гилевски, изјавија дека пост регистрациони конторли на пловилата немало. Гилевски кажа дека сопственикот на бродот бил должен да води сметка за техничката исправност на пловилото, но што се однесува до бројноста и распоредот на седењето на патниците, таа контрола требало да ја спроведува Охридската Капетанија. Што се однесува до прегледите кои Баиќ Бранко, овластеното лице од германскиот „Лојд“ ги спроведувало, биле долги само првиот пат. Подоцна се спроведувале рутински и за половина час.

„Првиот преглед трае подолго, останатите бидејќи веќе се запознале со пловилата траат пократко. Околу самиот нашин на преглед, разлика не постои.“

Гилевски потенцираше дека претставниците на сегашната овластена компанија која го изведува техничкиот преглед, Биро веритас, барала од нив подводни снимки од трупот на бродовите, нивно вадење на сув док како целосна техничка и проектна документација според која би се извршила повторна класификација на бродовите. Денешниот распит на сведоци заврши со исказот на сведокот Владо Устијаноски, кој покрај Филевски бил член од екипажот на бродот „Илинден“ на денот на несреќата.

Инаку според одлуката на Основниот суд од Битола на обвинетиот Бранко Баиќ кој повторно не се појави на распитот ќе му биде судено во отсуство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top