Post Views: 15
Во градов се појави ново собиралиште на наркозависници и други извршители на малолетничка деликвенција. Откога пред две години беа срушени неколку стари куќи кои се наоѓаа во близина на училиштето Христо Узунов, а беа собиралиште на наркозависници, сега тоа се прави на нова локација, тврдат мештаните од овој дел на градот. Тие објаснуваат дека собиралиште на наркомани, а и на проститутки е надвозникот на улицата Питу Гули.
Од Свр Охрид велат дека досега кај нив не е пријавен ваков случај. Тие потврдуваат дека во овој дел од градот пред две-три години имало неколку...
Post Views: 4
Ангела, Катерина, Никола, Ема, Ева, Милан, Ѕвонко, Леа, Јован и Ирена се актерите аматери кои утревечер на сцената на Центарот за култура ќе ја одиграат преставата „Погодете кој доаѓа на вечера“. Овие млади средношколци, талентирани актери-аматери и волонтери на ОО на Црвениот крст за само две недели импровизираа комедија која ветува смеење до солзи. Никола Србинсоки е еден од ликовите во преставата за која вели дека сами ја подготвиле со помош на десиминаторите од ПХВ.
„Сите имаме икуство со глумењето, досега сме работеле и на други престави и немавме проблеми...
Post Views: 14
„АД ЕМО Охрид почна да оди напред и нема да дозволиме никој да ни застане на патот на успехот“. Ова е ставот на извршниот директор на охридско ЕМО, Зоран Филоски, во врска со идејата на Локалната, во атарот на ЕМО да гради фабрика за преработка на отпад. Филоски вели дека Локалната не може и не смее имотот на ЕМО да го гледа како идна депонија на Охрид. Тој истакна дека сосема бил затечен од неодамнешните изјави на директорот на ЈП Охридски Комуналец, секако со амин на Локалната, кои дрско, без претходно да ги известат ниту писмено ниту усмено, дека размислуваат за...
Post Views: 2
Опасниот медицински отпад ќе се третира децентрализирано. Со ова значително би се намалиле трошоците за негов транспорт до депонијата во Дрисла, а би се минимизирал и бројот на лицата кои би дошле во контакт со овој високоризчен смет, предлагаат од Министерството за здравство. Инаку реализацијата на овој проект би се спровела преку јавно-приватно партнерство, помеѓу ресорното министерство и комуналното претпријатије групацијата ЕКО, од кое веќе започнаа со обука на медицинските лица од здравствените установи низ повеќето градови од земјава, објаснува Сашо Јанакиевски...
Post Views: 27
Во уметноста навистина нема граници. Ако се сомневавте во ова, можеби ќе успее да ве разубеди невообичаената изложба на слики која вчера беше поставена во центарот за култура „Григор Прличев“. „Скаменети шишарки“ е насловот на оваа интересна изложба.
Токму така, добро слушнавте, сите триесет и една слика кои авторот Даниела Илиеска ги изработила, се направени од борови шишарки.
„Јас шишарките не ги имав во предвид дека ќе ги направам во слика. Природата ни е најголемиот уметник на нашето постоење. Таа ни дава слики кои не ги гледаме. Повеќепати сме шетале покрај парк,...
Post Views: 5
Подобро да се спречи отколку да се лечи. Младината се едуцира како да препознае и како да пријави семејно насилство. Средношколците од економското училиште денес од преставници на невладиниот сектор и од преставници на СВР Охрид слушнаа како да се однесуваат доколку се сведоци на семејно насилство. Тие велат дека делумно знаат, но никогаш не ена одмет да се дознае нешто повеќе.
Податоците со кои располага СВР покажуваат дека се повеќе се зголемува бројот на лицата кои пријавуваат семејно насилство. Од таму велат- не дека во минатото семејно насилство имаше помалку туку...
Post Views: 3
Оваа препорака доаѓа од вонредната средба на комисијата за заразни болести при министерството за здравство, по двата смртни случаи во земјава од западно нилската треска и неколкуте хоспитализирани пацинети од ова вирусно заболување. Препораките за ново запрашување посебно се однесуваат на општините каде што има дополнителен ризик за развој на ова заболување, во кои спаѓаат Охрид и Струга, затоа што ова се места каде има води, мочуришта, блато, поточно услови за размножување на комарците.
Директорот на центарот за јавно здравје Атанаско Михаилов потполно се сложува дека...
Post Views: 11
Децата со интелектуална попреченост по завршувањето на основното се вклучуваат во средното образование. Најчесто овие ученици го продолжуваат образованието во стручните општински училишта. Од Бирото за развој на образованието нагласуваат дека наставната програма за овие средношколци е прилагодена. Од друга страна пак, професорите кои во пракса се сретнуваат со ваков начин на инклузија на учениците во образовниот процес велат дека имаат потреба од стручна помош на дефектолозите. Засега, нив како кадар во средните училишта ги нема. Дефектологот Наташа Илоска, од основното...
Post Views: 5
Охриѓани она што не успеаа да го направат во рок од цели 5 години ќе се обидат да го завршат во следниве 5 дена. Оттаму и гужвите за заменување на старите возачки дозволи со нови, биометриски. Во службите на СВР Охрид, денвно се регистрираат и повеќе од 150 поднесоци, информира Стефан Димоски портпарол на СВР од Охрид.
„Тоа значи дека значителен број од граѓаните не ја имаат направено оваа законска обврска односно не ги имаат заменато старите со нови биометриски возачки дозволи. Оттука е зголемениот број на поднесоци со кои се соочува нашата служба имаме гужви пред просториите...
Post Views: 5
Децата на возраст од 4 до 7 години ќе имаат можност и ова есен да посетуваат „Детски час за приказни“. Од октомври, секој четврток децата ќе учат англиски јазик преку игра и креативни вежби. За едукација на најмалите охриѓанчина ќе се грижат две волонтерки од Американскиот мировен корпус во Македонија и 4-ца волонтери од општинскиот Црвен крст, вели Мимоза Ставрева, координатор за организациско-стручни работи.
„Ние преку читање на приказни, кој ги имаме во изобилство од англиска литература, ги внесуваме децата во светот на приказните и бајките. Со тоа тие го слушаат...
Post Views: 31
Охридскиот здравствен дом по речиси една деценија ќе добие нов персонал, а ќе се поднови и со нови возила. Директорот Митко Дабески за ТВМ откри дека се бројат деновите кога четирите нови современи комби возила марка Пежо, кои ги обезбеди министерството за здравство, ќе ги заменат дотраените Мерцедеси и Лади. Со ова ќе се овозможи охриѓани да добиваат побрза и подобра 24 часовна помош. Возилата наменети за итната медицинска служба во Охрид се дел од проект за набавка на 80 амбулантни возила на ниво на држава, како и едно возило специјално изработено за потребите...
Post Views: 3
Консултативни средби помеѓу охридските советници и пратеници на ВМРО – ДПМНЕ. Оваа средба е во насока да се зацврсти добро проверената пракса, координирано делување на локално и централно ниво околу бранењето на интересите на Охрид, вели координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски. Тој додава дека интересот на Охрид е сериозно нарушен од узурпираното мнозинство во Советот бидејќи одлуките кои се носат во Советот не се во интерес на граѓаните туку се бранат личните интереси на поединци.
„Тие одлуки допрва штетно ќе се чуствуваат во Охрид. Ние сакаме...