Младината се едуцира како да препознае и да пријави семејно насилство

Граѓаните се повеќе се охрабруваат да пријават семејно насилство, но во нашиот град нема шелтер центар ниту СОС линија.

 |  Јаковлева Лионела  | 
deca
деца

Подобро да се спречи отколку да се лечи. Младината се едуцира како да препознае и како да пријави семејно насилство. Средношколците од економското училиште денес од преставници на невладиниот сектор и од преставници на СВР Охрид слушнаа како да се однесуваат доколку се сведоци на семејно насилство. Тие велат дека делумно знаат, но никогаш не  ена одмет да се дознае нешто повеќе.semejno nasilstvo

Податоците со кои располага СВР покажуваат дека се повеќе се зголемува бројот на лицата кои пријавуваат семејно насилство. Од таму велат- не дека во минатото семејно насилство имаше помалку туку сега  граѓаните се повеќе се охрабруваат да го пријават. Само за споредба во 2009год. до СВР имало 262 поплаки за семејно насилство, во 2010 имало 408, а во 2011, 510 или трипати повеќе од 2009год. Нада Мартиновска, од Женскиот центар „Бисера“ вели дека и според нивните податоци расте бројот на пријави на семејно насилство. Таа додава дека покрај останатото тоа се должи и на добрата едукација на младите. Затоа всушност и се спроведуваат овие предавања кај средношколците. Единствен проблем за постигнување поголеми резултати во оваа област се финасиските средства. Во нашиот град нема шелтер центар или прифатилиште за жртви на семејно насилство, а и СОС линијата во ЖЦ „Бисера“ не функционира, додава Мартиновска.

Вакви предавања се спроведени во сите средни училишта во градов освен во „Ванчо Питошевски“ кое ќе биде посетено во наредниов период. Минатата година се едуцирале и осмооделенците, кажува Мартиновска. Таа додава дека нивните активности на ова поле не застануваат, но им треба помош од останатите институции и државата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top