Ознака: кои

spomenik

Одбележани 69 години слободен Охрид од фашистичката окупација

Post Views: 24 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, значаен историски датум беше одбележан со одавање почести на жртвите паднати за слободата на градот. На свечената седница беше одржан историски час на кој Никола Стефаноски, потпретседателот на Сојузот на борци на Охрид и Дебрца, се наврати на значењето на 7-ми Ноември. Потсети на 40- тината млади борци  кои своите животи ги положија за слободата. „Заедно да го споделиме  споменот во одбележувањето на датумот кој го чува и означува времето кое треба да го паметиме и да не го заборавиме“, им порача на присутните во своето...

Continue reading

stalak

Се крадат сталаците за испитување на аероседиментно загадување

Post Views: 8 Се краде се и сешто па крадците посегаат дури и по сталаците и балоните поставени за мерење аероседиментно загадување. Од пропишаните 4 мерни места во градов  засега функционираат само две. Сталаците се поставуваат на фрекфентни сообраќајни места од каде еднаш месечно се земаат примероци со кои се испитува концентрацијата на честички прашина во воздухот.  Д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија, од Центарот за јавно здравје, информира дека вакви пунктови за испитување на  аероседиментното загадување биле поставени кај  автобускат станица,...

Continue reading

dobroljubie

Дневните центри за деца со посебни потреби, бараат помош од локалната

Post Views: 4 15 дечиња со посебни потреби веќе осум години се згрижени во дневниот центар Доброљубие кој се наоѓа во просториите на црквата Св. Ѓорѓија. Тие таму го поминуваат и осмислуваат своето време под надзор на дефектолог, медицинска сестра и уште неколку лица кои се ангажирани околу нив. Овој дневен центар се отвори на иницијатива на католичката и православната црква, а е финансиран преку проект од германската влада. Никола Кукоски, проект менаџерот вели дека центарот добро функционира, но има и некои проблеми со кои се  соочуваат веќе подолго време. Бараме локалната или некои...

Continue reading

Пет психолошки трикови на рестораните за брза храна

Post Views: 2 Дали понекогаш одеднаш чувствувате потреба за хамбургер или овошен шејк? Можеби тоа не е случајност. Иако сублималните пораки воглавно спаѓаат во доменот на фикција, рестораните за брза храна имаат свои суптилни трикови со кои привлекуваат муштерии и ги поттикнуваат на поголем трошок. Еве неколку од листата кој ја припремил Business Insider. Користење на топли бои Претпоставката дека топлите бои поттикнуваат апетит можеби е точна. Ако ги набљудувате ланците за брза храна ќе забележите дека нивното уредување, но и амбалажата на производите воглавно се во црвена, портокалова...

Continue reading

denica

Бела роза за почист Охрид

Post Views: 0 Активистките на Лајонс Клубот „Деница“ од Охрид засадија  бели рози во паркот пред хотел „Гарден“. Ове е најновиот проект и прв од ваков вид во градов  кој членките на „Деница“ го спроведуваат во соработка со Локалната самоуправа. Оваа иницијатива е само почеток на разубавување на градот вели Јулијана Василевска. Додава дека во иднина планираат низ целиот град да се засади белата роза и порача сите кои имаат дворови да се приклучат кон иницијативата на ЛК „Деница“ за поддршка на овој проект. „Оваа година Лајонс Дистрикт 132 започна една иницијатива која за среќа ние...

Continue reading

hrana protiv brcka

Избришете ги брчките преку храната

Post Views: 6 Жените добар дел од домашниот буџет го трошат на нови и револуционерни креми против брчки. Присетете се дека убавината доаѓа од внатре и посегнете по намирниците кои содржат колаген. Колагенот е протеин кој игра клучна улога за изгледот на нашата кожа и е одговорен за затегнат и младешки изглед. Со текот на годините неговата концентрација опаѓа а резултат на тоа е опуштена кожа со брчки. Но, место веданаш да посегнете по скапи препарати, нахранете ја кожата одвнатре. Постојат прехрамбени намирници кои се толку богати со колаген што можат да направат чудо за вашиот...

Continue reading

ohrid

Секој со своите аргументи

Post Views: 2 Цените на услугите, висината на давачките за поставување урбана опрема, локалната патна инфраструктура се само дел од проблемите кои ги мачат угостителските работници од градов. Од еснафот на угостители велат дека генерално се задоволни како измина туристичката сезона, но додаваат дека би била уште подобра доколку се минимизираат овие проблеми. Тие бараат да се зголеми соработката со Локалната самоуправа. Локалната немаше време да се подготви за оваа сезона. Но се надевам дека нејзините служби ги увидоа недостатоците. Очекувам во иднина плодна соработка со цел решавање...

Continue reading

desareti

Од Лајонс Клубот „Десарети“ и годинава хумани

Post Views: 18 Лајонс клубот „Десарети“ од Охрид и годинава традиционално се вклучува во неделата во борба против гладта. Претседателот на клубот Иво Захариески истакна дека секоја хуманост, а посебно онаа кон ранливата категорија на луѓе е нешто што секој го исполнува. Тој вели дека во иднина ќе се трудат и повеќе да помагаат на луѓето кои имаат реални потреби од тоа. „Ова е шеста по ред акција во која се вклучуваме во светската недела. Инаку пакетите се составени по терк на светската здравствена организација и содржат комплет намирници неопходни за потребите на едно четири члено...

Continue reading

palma

Засадени неколку палмини стебла од предвидените сто

Post Views: 3 На охридското крајбрежје денес беа посадени  неколку палми.  Младите стебла се дел од 100-тината палми кои треба да бидат засадени на повеќе локации во Охрид. Стеблата ги посадија  Градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на Македонски шуми Жарко Караџоски. Градоначалникот Бакрачеси со оваа акција наговестува повеќе зеленило во градот.   „ Со што сметаме дека е даден придонес за хортикултруно уредување и разубавување на централното градско подрачје. Ова е еден почеток кој во иднина со Македонски шуми ќе спроведуваме активности заедно со ЈП Комунално за хортикултурно...

Continue reading

rabotilnica

Есента-сликар со волшебни бои

Post Views: 12 Есента со сите нејзини бои и убавини прикажана во изработки од пластелин, лисја, овошје, зеленчук и што ли уште не. Дечињата од прво и трето одделение од основното училиште „Григор Прличев“ денес своите ремек дела ги изложија во училишните хоници. Тие преку нив ја покажаа својата креативност и фантазија. Идејата за ваквата изложба потекнала од вработените. Тие биле иницијатори првачињата да направат сликовници на тема есен. Наставничките заедно со учениците собирале суви лисја, шишарки и плодови од кои ги направиле несекојдневните изработки. Ваквата изложба која во...

Continue reading

crven krst paketi

Доделени дел од хуманитарните пакети собрани за време неделата на гладта

Post Views: 10 150 пакети со прехранбени продукти и средства за лична хигиена денес и утре ќе добијат социјално најзагрозените семејства од Охрид. Доделувањето на хуманитарните пакети е завршна активност од акцијата по повод неделата во борба против гладта од 16ти до 22 Октомври. Дел од пакетите денес беа доделени на социјално загрозени граѓани кои се наоѓаат на списокот на Црвениот крст од Охрид. Остатокот од пакетите ќе се додели до крајот на оваа недела. „Овие хуманитарни пакети, дел од хуманитарните пакети ќе бидат донирани во Здружението на лица со пречки во развојот-„Зраци“,...

Continue reading

droga

113 паковки хероин и 2 најлон кеси марихуана пронајде СВР-Охрид

Post Views: 5 СВР-Охрид со нова акција за сузбивање на наркокриминалитетот. Во текот на вчерашниот ден полициските службеници како резултат на претходно спроведени активности, пронашле вкупно 113 паковки со опојна дрога хероин како и две најлон кеси со опојна дрога марихуана. Дрогата била пронајдена на подрачјето околу Самоиловите тврдини. „Оваа акција резултираше со приведување на три лица наркозависници од Охрид и Струга кои во текот на вчерашниот ден се приведени во СВР-Охрид. Против две од нив е поднесена кривична пријава. Од она што натамошниот тек на работењето на ова казнено...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top