Бела роза за почист Охрид

„Садиме бели рози“. Ова е мотото на проектот кој за прв пат се спроведува во Охрид од страна на Лајонс клубот „Деница“.  Денес симболично во паркот пред хотел Гарден беа засадени  бели рози од кои 23 засадија членовите на ЛК „Деница“, симболично за секоја членка по еден корен бела роза.

 |  Николоска Биљана  | 
denica
деница

denicaАктивистките на Лајонс Клубот „Деница“ од Охрид засадија  бели рози во паркот пред хотел „Гарден“. Ове е најновиот проект и прв од ваков вид во градов  кој членките на „Деница“ го спроведуваат во соработка со Локалната самоуправа. Оваа иницијатива е само почеток на разубавување на градот вели Јулијана Василевска. Додава дека во иднина планираат низ целиот град да се засади белата роза и порача сите кои имаат дворови да се приклучат кон иницијативата на ЛК „Деница“ за поддршка на овој проект.

„Оваа година Лајонс Дистрикт 132 започна една иницијатива која за среќа ние први во Охрид ја почнуваме  а тоа е да работиме за чистотата на својата околина со проектот „Садиме бели рози“. Зошто бели рози?!  Затоа што белите рози го собираат оловото од природата па еве еден мал наш придонес да развивиме и прочистиме. Со негување на зеленилото, можеме да делуваме за почиста животна околина“. -изјави Јулијана Васелевска, ЛК „Деница“.

denicaПретседателот на ЛК „Деница“, Лила Вучетиќ,  нагласи дека со овој проект сакаат на Охрид покрај епитетот „бисер на Балканот“ да му додадат уште еден епитет- „Град на белите рози“. Исто така таа додаде дека нивната цел е и ноември да биде месецот на белите рози како препознатлив симбол на Охрид, градот со модерни луѓе кои се грижат за еколошката димензија и за општиот амбиент.

„Благодарност до Лајонс членката Славица Петроска која во оваа активност се даде неизмерно во реализирање на овој ден и се надевам дека нашиот град и нашите граѓани ќе земат учество во овој проект, затоа што не е некоја голема инвестиција и секој може да  допринесе за својата околина и за  својот дом да се обележи месецот ноември. Со тоа се надевам дека охрид ќе добие нов епитет Градот на белите рози“.  – изјави Лила Вучетиќ, претседател на ЛК „Деница“.

denicaКлиме Шешоски деновиве редовно е присутен на речиси сите хуманитарни акции. Присутен беше и денес на засадувањето на белите рози во паркот на охридските лајонисти.

„Како четири Лајонс клубови и еден Лео, јас како зонски шеф, ја поддржуваме акцијата овде и планираме и понатаму да имаме поголеми акции. Се надеваме дека како хуманитарна организација Лајонс клубовите ќе помагаат во сите сфери на живеење во Охрид“.

Акцијата на членките на ЛК „Деница“ навистина го разубави денешниот тмурен ноемвриски ден. Инаку белите рози не само што убаво изгледаат туку тие се и корисни бидејќи се најдобриот извлекувач на тешките метали од почвата. Климата во Охрид, температурата на воздухот, големиот број сончеви денови и влагата создаваат идеални услови за одгледување на ова цвеќе. Убаво би било што поголем број на охриѓани да ја поддржат иницијативата на ЛК „Деница“, со цел сите  да придонесеме Охрид навистина да стане градот на белите рози.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top