Ознака: кои

gubre

Ниска еколошка свест – смет се фрла каде што не му е место

Post Views: 1 Ниската еколошка свест и понатака присутна во градот. Негрижата на поединци кон животната средина и понатака присутна слика во нашето секојдневие. Расфрлан отпад од секаков вид може да се заблежи на разни делови од градот и околината.  Деновиве таков беше случајот на потегот од црквата Каменско  до улицата Кирил и Методиј. Несовесни граѓани фрлале отпад во шумата со што се нагрдува пролетната глетка со расцветаните бадеми. За среќа после  нашата сугестија до раководството на Комуналец за проблемот на овој потег, просторот е исчистен и се собрани 5 метри кубни отпад....

Continue reading

кабли

„Пајакова мрежа“ над улицата „Даме Груев“

Post Views: 8 По се изгледа, почна да се расплетува „пајаковата мрежа“ од кабли, на улицата „Даме Груев“. Веќе неколку дена над тротоарот на дел од ваа улица висат кабли кои се или телефонски или на некој од кабелските оператори. Токму над главите од пешаците висат каблите кои од непозната причина надвиснале над тротоарот, што може да се допрат и со рака. Веќе втор ден како никој од оние кои ги користат бандерите не интервенирал на терен за да ги обезебеди и врати во првобитната состојба. {loadposition content9}

Continue reading

urbana

Прво подмирени долгови, а после одобрение за поставување урбана опрема

Post Views: 3 Врз основа на одлуките за усвојување на годишната програма за поставување на урбана опрема за 2014 година за угостителските објекти, за зоните и висината на цената за краткотраен закуп на уредено градежно земјиште за поставување столови и маси и за утврдување на висината на комуналната такса за користење простор пред деловни простории за вршење дејност, општина Охрид го објави упатството за добивање на одобренија. Барањата за поставување урбана опрема за оваа година може да се поднесуваат за период од минимум 3 месеци, со можност за продложување и тоа со поднесување ...

Continue reading

polenov kalendar

Алергиите земаат се поголем замав

Post Views: 2   Алергиите заземаат се поголем замав. Годинава поради високите температури и малото количество на врнежи на дожд и снег бројот на пациенти со поленозни алергии во охридската алерголошка амбуланта е зголемен за седум проценти. Тие доаѓаат да се лекуваат тука и од другите градови во државава. -Синот имаше проблеми со алергија уште пред две години.  Киваше, му отекуваше носот и очите. Долго време немавме решение и примаше антибиотици. Ние сме од Дебар и не упатија да дојдеме тука. Сега син ми е многу подобар бидејќи прима соодветна терапија, вели таткото на еден пациент. Алергологот...

Continue reading

narodna

Наместо тунел во Скопје, да се изградат регионални депонии – ВМРО – НП

Post Views: 5 На Македонија не и треба тунел и панорамско тркало во престолнината и треба изградба на регонални депонии, велат од ВМРО – НП Охрид. Претседателот на народна Ванчо Костоски, смета дека 100 те милиони евра кои Владата ги предвидела за изградба на два километри тунел од центарот на Скопје до Железничка станица, дел од тие средства да ги пренаменат за изградба на регионални депонии. А наместо панорамскто тркало за кое Владата планира да потроши 18 милиони евра да се направат 25 претоварни станици, со кои според ВМРО – НП ќе се намалат трошоците, а ќе се зголеми профитот...

Continue reading

playboy Sahin

Закани за Муслиманката од насловната на Плејбој

Post Views: 5 „Ја посрамоти муслиманската женственост…се проституира за пари…нека биде внимателна“. Ова се само дел од пораките кои почнаа да пристигаат до првата Турчинка која се соблече за Плејбој, 25 годишната Сила Сахин. На исламистичките web сајтови Сахин е окарактеризирана како „западна к..ва„. Семејството на атрактивната Сила која живее во Берлин уште веднаш ги прекина односите со неа, а сега почнаа да пристигаат и првите закани. „ Ќе мора да плати “ пишува на еден од постовите на овие сајтови. Исламското германско друштво повика на бојкот на серијата „Добри времиња,...

Continue reading

igralishte

Продолжува уништувањето на игралиштето во населбата „Гоце Делчев“

Post Views: 3 Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, a сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме. За изградба на игралиштето и реквизитите во малиот парк, жителите од  населбата „Гоце Делчев“  чекале 30 години. Но за само една година, овој партерно уреден простор во континуитет се уништува. Од Локалната самоуправа информираат дека редовно ги одржуваат 14-те детски и спортски игралишта во повеќе делови од градот. Но, ги загрижувава тоа што постојано се атакува врз нив и што се кршат реквизитите. Од Локалната го осудуваат...

Continue reading

uciliste

Директорите на училиштата сугерираа во иднина да не се злоупотребуваат образовните институции за партиски цели

Post Views: 1 Директорите на училиштата сугерираа во иднина да не се злоупотребуваат образовните институции за партиски цели бидејќи децата кои таму учат се на сите нас. Директорот на најголемото основно училиште во градов, „Христо Узунов“, Тони Симоноски рече дека мора да проговори за невистините кои беа искажани од страна на СДСМ. Тој ги демантираше тврдењата од општинските социјалдемократи дека на некои училишта во градов им биле блокирани жиро сметките поради неисплаќање на опремнините на пензионерите. -Во ниту едно училиште не е заостаната неисплатена опремнина на пензионерите...

Continue reading

krvodaruvanje

Црвениот крст од Охрид на поединци, институции им додели благодарници за развој и унапредување на крводарителството

Post Views: 1 Црвениот крст од Охрид го одбележа Светскиот ден на крводаротелството. Претседателот Сашо Точков рече дека изминатата година била и повеќе од успешна со реализирани 1734 дарувања крв и надминување на предвидениот план за 2.79 отсто. На вчерашната централна манифестација на Црвениот крст на РМ во Скопје, ЦК Охрид се здоби со посебно признание и плакета за исполнет план на крдовадарителството за изминатата година. –Особено радува фактот што најголем број од крводарувањата кои се реализирани се од млади луѓе од средните училишта и факултетите. Тоа секако ни дава поттик...

Continue reading

kredit

Со спогодбени договори општинскиот долг намален за 10 милиони денари

Post Views: 1 Локалната самоуправа води спогодбени преговори со правните и физичките лица кои имаат извршни побарувања од општината.  Колкав е бројот на фирмите кои се спогодиле со Локалната самоупрва одговор побара  советникот од ЛДП Дејан Блажески.„Колку од фирмите од кои ги побаравте за отпишување на долгот го отпишаа“, праша Блажески.   Градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека во моментов најсложена и најтешка  операција е деблокирањето на општинската сметка.    Според списокот од Министерството за финансии  општината е должник на 155 субјекти.  Дневно се пресеметуваат и по...

Continue reading

sednica

Советниците прашуваа, градоначалникот одговараше

Post Views: 1 Денес се одржа 21 та седница на Советот на општина Охрид. На дневен ред се најде само една точка и тоа поставување на советнички прашања. Динамиката на поставување на пршањата беше однапред утврдена и редоследот беше запазаен од страна на советниците. Советничката говорница прв ја употреби Тони Тунтев, координаторот на СДСМ. Неговото прашање се однесуваше на превработеноста во Локалната самоуправа и во ЈП. „Зошто се вработуваат или колку се вработени нови луѓе во Локалната и во ЈП ако знаеме дека основната жалба на Локалната власт беше дека Јавната администрација е...

Continue reading

Големо предупредување на Светската здравствена организација

Post Views: 2 Избивањето на ебола во западна Африка се оттргна од конторла, но ширењето на болеста може да се запре, им изјавила, во петокот шефицата на Светската здравствена организација (WHO), Margaret Chan на претставниците на Гвинеја, Либерија, Сиера Леоне и Брегот на слонова коска на состанокот во Конакри. “Болеста се шири побрзо отколку нашите напори за да ја ставиме под контрола. Ако таа ситуација продолжи да се влошува, последиците би можеле да бидат катастрофални а постои можност од ширење и во други земји”, рекла Chan, додавајќи дека денешниот состанок мора да претставува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top