Продолжува уништувањето на игралиштето во населбата „Гоце Делчев“

Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, a сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме.

 |  Голабовски Крсте  | 
igralishte
игралиште

igralishteДолго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, a сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме.

За изградба на игралиштето и реквизитите во малиот парк, жителите од  населбата „Гоце Делчев“  чекале 30 години. Но за само една година, овој партерно уреден простор во континуитет се уништува.

Од Локалната самоуправа информираат дека редовно ги одржуваат 14-те детски и спортски игралишта во повеќе делови од градот. Но, ги загрижувава тоа што постојано се атакува врз нив и што се кршат реквизитите.

Од Локалната го осудуваат унуштувачкиот однос и веруваат дека тоа го прават тинејџерите кои на тој начин ги лечат младешките фрустрации. Ова го потврдуваат и психолозите.

igralishteВелат дека нагонот за уништување е присутен кај младите особено кај децата од дисфункционални семејства, децата кои имаат недостаток на родителска љубов и внимание, па се до големиот степен на дисциплина која ја применуваат некои родители. Некои деца пак манифестираат физичката моќ поради зголемувањето на популарноста  меѓу врсниците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top