Ниска еколошка свест – смет се фрла каде што не му е место

Ниска  еколошка свест- смет се фрла каде што не му е место.

 |  Валентина Неловска  | 
gubre
gubre

Ниската еколошка свест и понатака присутна во градот. Негрижата на поединци кон животната средина и понатака присутна слика во нашето секојдневие. Расфрлан отпад од секаков вид може да се заблежи на разни делови од градот и околината.  Деновиве таков беше случајот на потегот од црквата Каменско  до улицата Кирил и Методиј. Несовесни граѓани фрлале отпад во шумата со што се нагрдува пролетната глетка со расцветаните бадеми.gubre

За среќа после  нашата сугестија до раководството на Комуналец за проблемот на овој потег, просторот е исчистен и се собрани 5 метри кубни отпад. Директорката на ЈП „Комуналец“ Елена Скрческа  вели ги извршуваат сите редовни активности за подигање на смет по работниот календар, но  се подготвени да се грижат за чистота и по јавувања за вакви и слични диви депонии и надвор од планираните зафати.

„ Ние реагираме  на информациите  било од медиумите,  било на  граѓаните кои ќе најават каде што има смет и без разлика дали  комуналната инспекција ќе ни даде налог ние сме секогаш подготвени да одговориме на повиците и да расчистиме некој простор“, вели Скрческа.

Граѓаните продолжуваат со навиката да се ослободуваат од сметот на местата каде  што се отстранија контејнерите. Така пред своите домови создаваат грда слика заборавјќи дека и животната средина е нивниот дом.gubre

Скрческа објаснува дека  редовно ги информираат  граѓаните за деновите на собирање на смет и нивниот работен календар. За жал  дел од нив се однесуваат и понатака неодговорно кон животната  средина иако некои од нив се бесплатни и на повик од граѓаните.

„Има одредени денови за подигање и на кабаст отпад. Секоја сабота во урбаните заедници се подига и зелен отпад. Нас ни се случува толку убава глетка ,а граѓаните не се придржуваат кон редот и објавените акции. Приморани сме и крајно време е со комунлната инспекција да најдиме некое решение преку казни за оние кои го прекршуваат тој ред“, потенцира директорктаа на ЈП Комуналец.  

Глетката со расфрланиот отпад не е исклучок  и на спортските терени каде што спортуваат младите лица. Расфрлени пластични шишиња од употребени пијалоци се  наоколу терените. Тука треба да придонесат со свои совети и сугетсии и спортските работници. Свој придонес покраj спортските успеси  да дадат и со  потсетување на младите  спортисти и на значењето на  чистата животна средина.   

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top