Post Views: 2
Изнаоѓање на поефикасен регионален концепт за превенција и сузбивање на трговијата со луѓе, една од целите на дводневната средба на земјите од регоинот, на регионалната конференцја за подобро справување со трговијата со луѓе. Размената на национални искуства се извонредно важни бидејќи преку нив може да се осознаат добрите пракси но и проблемите со кој се соочуваат институциите со што регионот може да стане поефикасен во превенирањето и сузбивање на овој феномен, нагласи директорот на МАРРИ Трпе Стојаноски.
„Трговијата со луѓе е инаку темелен феномен повеќеслоен, каде...
Post Views: 5
Охрид ќе добие ново зелено катче и детски парк. Започна уредувањето на просторот во непосредна близина на основното музичко училиште. Ова е дел од програмата на Локалната чија цел е да ги оплемени деловите на градов кои досега биле грда слика на Охрид.
Локалната самоуправа заедно со јавните претпријатија од сопствени средства ќе изградат еден современ плоштад како оние што ги направивме во изминативе две години кај некогашната библиотека, кај Влашка маала, а во петок свечено ќе го пуштиме во употреба плоштадот што го направивме во Рача, рече градоначалникот на Охрид,...
Post Views: 6
Зголемената стапка на инфекции чии причинители се резистентни (отпорни) кон антибиотици, доведе до драматично намалување на ефективноста на повеќето конвенционални лекови.
Традиционалните народни лекари долго време дискутирале за предностите нa медот во третирањето на инфекциите додека конвенционалните лекари ги негирале овие тврдења.
Конечно, дел од науката се сложи за ова тврдење и започна да ги поддржува мислењата дека медот можеби и има одредена улога во помагањето (но самостојно применет, не и во убивањето), на антибиотиците во уништувањето на бактериите.
Истражувањата...
Post Views: 4
Досега сеуште нема никаква информација за шесте унифицирани куќарки кои минатата година беа поставени на големиот градски плоштад околу лизгалиштето. На нив минатата година се продаваа суверини, греено вино и слатки. Годинава нив сеуште ги нема на градскиот плоштад. Засега барем четири од шесте куќарки се наоѓаат на градските гробишта каде служат за продавање на цвеќе и свеќи. Денес побаравме информација од локалната самоуправа за тоа дали овие куќарки повторно ќе бидат поставени на истата локација како минатата година, или на некоја друга, што ќе се продава на нив...
Post Views: 1
Наместо наредени од двете страни на малиот плоштад кај Чинарот, годинава, новогодишните тезги на малку поразлична локација, поставени околу градската фонтана.
Неколкуте тезги со години наназад со својот неугледен изглед им бодат очи и на охриѓани и на туристите кои доаѓаат тука за новогодишните и божиќните празници. Откако минатата недела беа поставени овие тезги, не стивнуваа реакциите на граѓаните околу нивниот изглед. Еве што кажаа охриѓани:
„Треба тоа да се продава, да си има убави куќарки, сите да се исти, а не вака.“
„Нема тезги, кога имаше пари имаше и тезги,...
Post Views: 4
Тезгите за продавање на новогодишните честитки и реквизити поставени кај малиот плоштад “Чинар“ беа само времено решение. Овие продажни објекти во текот на денешниов ден ќе бидат заменети со убаво уредени дрвени тезги. Стручните служби на општина Охрид се на терен , превземени се сите потребни мерки и по постигната согласност со закупците веќе е пристапено кон преуредување на овој простор кој ќе биде естетски попривлечен за охриѓани и гостите кои се очекуваат за Новогодишните и божиќни празници. Ќе бидат поставени вкупно единаесет дрвени тезги, пет...
Post Views: 4
Често пати во минатото ДПМНЕ бурно реагираше на поставувањето на тезгите на плоштадот кај чинарот за време на новогодишните и божиќните празници. Во годините наназад, тие тезги го нагрдуваа ликот на градот кој баш во тој период има зголемен број на туристи, истите тие тезги личеа на панаѓур и беа предмет на жестока критика од партијата која сега е на власт.После неколку години, откако ДПМНЕ ја презеде локалната власт во Охрид, тезгите иако го имаат истиот лик и покриени се со најлони, истите се во ред и не се грдото лице на Охрид. Зошто ДПМНЕ сега не реагира за тезгите...
Post Views: 5
Охрид и нареднава година ќе остане без стратегија за развој на туризмот. Во развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2015-2017та ТЛЕР не побара средства од буџетот на општинава кој ќе се проектира за наредната година за оваа намена. Раководителот на ТЛЕР, Ѓоко Апостолов вели дека стратегија ќе се прави, но чекаат во тоа да им помогнат странски експерти. Тој објаснува дека кога во посета на Охрид бил генералниот секретар на Светската туристичка асоцијација, Талеб Руфаи им ветил помош во изработката на една одржлива и квалитетна локална ...
Post Views: 1
Угостителите од градов и малите винарии учат како подобро да го презентираат виното, да го разберат виното, од каде потекнува, кои сорти се соодветни за нашата земја, како подобро да го продадат но и да го спојат со храната која ја нудат на своите гости. Денес и утре Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации заедно со тренинг центарот на винаријата Камник организираат обука за лозарство и енологија во градов. Според Ана Амбаркова, консултант за развој на кластери при оваа организација, смета дека со ваквата обука ќе се влијае на развивање и подобрување...
Post Views: 4
Профилираните квалитетни кадри кои што излегуваат од ФТУ како и од охридското средно угостителско училиште, во потрага по брза заработка за време на летната сезона, ги одминуваат охридските хотелско угостителски објекти. Најатрактивни за нив се работните позиции во туристичките места на крајбрежјето на Егејско и Јадранско Море. Голем дел од нив по завршеното стручно образование воопшто не планираат да работат во струката за која стекнале диплома. Недостатокот од кадар угостителите го надополнуваат со сезонски работници. Охридскиот угостител Љупчо Патче смета дека тоа...
Post Views: 3
Црниот дроб ја чисти крвта од отрови, ги чува витамините и железото, ги разградува хормоните и го оддржува нивото на гликоза во крвта. Затоа ви претставуваме попис на намирници кои проверено ја чистат најголемата жлезда на човечкото тело од хемиски загадувачи како тешките лекови, алкохолот и масната храна.
–Лук – Овој природен антибиотик е преполн со сулфур кој ја поттикнува работата на ензимите од црниот дроб и така му помага на телото да ги лачи отровите. Лукот исто така има алицин и селен кои се природни чистачи на црниот дроб.
–Овошје богато со С-витамин...
Post Views: 19
Водата кај плажите Андон Дуков и Женска плажа во Струга со алармантен степен на загаденост. Црвеното светло го уклучија последните испитувања кои ги спровеле екипите од Центарот за јавно здравје од Охрид кои покажале дека водата кај овие две плажи е од најниска можна, односно петта класа, опасна и по здравјето на луѓето. Д-р Лидија Симоноска, специјалист за хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје од Охрид вели дека според Уредбата за класификација на води, за петта класа се смета водата која во себе содржи над 500 термотолерантни бактерии, односно...