Реакција од Локалната на соопштението од ВМРО НП

Тезгите за продавање на новогодишните  честитки и реквизити поставени  кај  малиот плоштад “Чинар“  беа само  времено решение.

 |  Јаковлева Лионела  | 
opstina ohrid
општина охрид

Тезгите за продавање на новогодишните  честитки и реквизити поставени  кај  малиот плоштад “Чинар“  беа само  времено решение. Овие продажни објекти  во текот на денешниов ден ќе бидат заменети со  убаво уредени  дрвени тезги. Стручните служби на општина Охрид се на терен , превземени се сите потребни мерки  и по постигната  согласност со закупците  веќе е грбпристапено кон   преуредување  на овој простор кој ќе биде естетски попривлечен за охриѓани и гостите кои се очекуваат за Новогодишните и божиќни празници.  Ќе бидат поставени вкупно   единаесет    дрвени тезги, пет се   заштитени со покрив  и шиндра    а останатите шест   имаат слична конструкција,   што значи дека  уште денес  просторот на кој се изложени новогодишните реквизити ќе добие многу подобар и унифициран изглед од сегашниот.
За разлика од политичките субјекти кои со неиздржани соопштенија настојуваат да добијат мали политички поени, градоначалникот  Никола Бакрачески и надлежните служби во општината неуморно работат на убавиот новогодишен лик на градов.  Се очекува Охрид  да биде еден од најубаво украсените  градови во државава за новогодишните и божиќни  празници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top