Трговијата со луѓе во надолна линија, но, бележи осцилации

Трговијата со луѓе како феномен бележи надолна линија но облиците во кои се јавува се менуваат. Поради тоа исклучително е важна регионалната соработка и споделување национални искуства и практики  за превенирање и сузбивање на овој феномен, нагласи директорот на МАРРИ регионалниот центар. Денеска во Охрид започна  регионална конференција посветена на  соработката за подобро справување со трговијата со луѓе .

 |  Николоска Биљана  | 
trgovija so luge
трговија со луге

trgovija so lugeИзнаоѓање на поефикасен регионален концепт за превенција и сузбивање на трговијата со луѓе, една од целите на дводневната средба на земјите од регоинот, на регионалната конференцја за подобро справување со трговијата со луѓе. Размената на национални искуства се извонредно важни бидејќи преку нив може да се осознаат  добрите пракси но и проблемите со кој се соочуваат институциите со што регионот може да стане поефикасен во превенирањето и сузбивање на овој феномен, нагласи директорот на МАРРИ Трпе Стојаноски.

„Трговијата со луѓе е инаку темелен феномен повеќеслоен, каде што облиците на трговија со луѓе се менуваат, меѓутоа исто така се отвгараат и нови аспекти кои што можеби и не се докрај прецизирани со легислативата, токму овие работилници се одлична можност за разменување на модусоперанди , како се појавуваат облиците на извршување на овој вид криминалитет за државите да бидат посвесни и вово правењето на стратегиите програмите подобро да соработуваат“ – вели Стојаноски.

Првиот впечаток кога се зборува за трговијата со луѓе асоцира на трговија заради сексуално искористување,  нагласува Стојаноски. Додава дека тој облик на трговија со луѓе е најприсутен, но не е единствен. Стојаноски кажа дека и експлоатацијата заради трудово искористување е обик кој е значаен и е поосетлив кога треба да се документира, бара квалитетно препознавање на проблемот и градење стандарди со кои што ќе може да се влијае на овој проблем. Но тој категоричен дека трговијата со луѓе бележи надолна линија.

trgovija so luge„Трговијата со луѓе статистички бележи осцилации и во моментов може да се говори дури и за тенденција на смалување на откриениите детктирани случаи не само во Македонија дури и во регионот. Но од друга страна феноменто на трговија на луѓе не смее да се посматра само преку кривичнот дело кое што се однесува за трговијата со луѓе, бидејќи тоа е поврзано и лесно се премините од еден криминален облик во друг и ако тука ги имаме во предвид криумчарењето на мигранти и уште повеќе она што денес се случува во регионот со нерегуларната миграција можностите може драматично да се менуваат затоа што тоа се феномени кои што лесно можат да се прелеваат“ – појаснува Стојаноски

Конференцијата посветена на „Регионалната соработка за подобро справување со трговијата со луѓе“ која денес и утре се одржува во Охрид, е во организација на МВР, МАРРИ Регионалниот центар и Центарот за безбедносна соработка.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top