Ознака: кои

smile

Ќе изгинеме од куртоазија

Post Views: 2 Местењето на лажна насмевка пред нељубезните муштерии му штети на нашето здравје, велат научниците, бидејќи личноста може да “прегори” на работа. Освен тоа, поголем е ризикот од депресија и болести на срцето.Двегодишното истражување во кое учествувале вработените на аеродромите, болниците, и телефонските центри, го спроведоа научниците од франкфуртскиот универзитет. Испитаниците биле поделени во две групи. Кај оние кои морале да одговараат љубезно, без оглед на тоа колку клиентот бил непријатен и незгоден, измерено е поголемо количество на стрес и чукање...

Continue reading

lazarki

Весели лазарки го најавија Велигден пеејќи лазарски песни низ охридската чаршија

Post Views: 5 Денес е христијанскиот празник Лазарева сабота, лазарици или Лазаровден. На овој ден лазарките го најавувале доаѓањето на пролетта и Велигден. Има повеќе лазарски песни кои обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок. Младите играорки од КУД „Ѓердан“ од Охрид втора година со ред се обидуваат да ја популаризираат подзаборавената традиција на лазарките.  Тие од рано утринава облечени во традиционална невестинска облека, пеејќи ги лазарските песни шетаа низ стариот дел на градот. „Денеска е лазарева сабота и денеска одиме по куќи...

Continue reading

otcet

Отчет за изминатите две години на Бакрачески на чело на Охрид

Post Views: 1 Отчет за сработеното во изминатите две години. Денес градоначалникот Никола Бакрачески пред охриѓани и пошироката јавност се пофали со сработеното во неговиот двегодишен мандат. Тој рече дека општина Охрид полека, но сигурно застанува на здрави нозе. Од една општина којаја затекле во тотален финансиски хаос, на работ на банкрот со домаќинско работење и максимално искористување на сите човечки ресурси, општина Охрид исплатила 491.523.721 денари од обврските по сите основи, а вкупниот долг денес е намален за над 175 милиони денари. „Она што можам недвојбено да го потврдам...

Continue reading

promo tura

Странски туроператори и медиуми ќе се запознаваат со туристичките потенцијали на Охрид, а потоа ќе ги нудат во своите земји

Post Views: 0 Новинари, туроператори и туристички агенции од Србија, Словенија, Русија, Турција, Израел, Австрија ќе го промовираат Охрид во своите држави. Претставувањето на туристичките потенцијали на Охрид ќе се прави преку подготовка на новинарски репортажи во најмалку десет туристички списанија како и телевизиски репортажи на национални сателитски телевизии од Срција, Словенија, Русија и Турција. Ова треба да биде епилогот на промотивната тура за медиуми, туристички агенции и туроператори која по втор пат локалната самоуправа ја организира со цел привлекување на поголем број...

Continue reading

povedenie ucenici

Родителите на проблематичните охридски средношколци, зачестено во школските клупи на советување

Post Views: 7 Поради поведението, успехот и изостаноците на проблематичните охридските средношколци, родителите зачестено ги посетувале советувалиштата за родители кои од февруари 2011та година станаа задолжителни со измените во Законот за средно образование. Според психологот во општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“, Весна Спасеска, фактот дека овие советувања се задолжителни, позитивно влијаел на одзивот на родителите, но и нивната заинтересираност да бидат што е можно поангажирани во училишниот живот на нивните деца. „ Во досегашниот период, значи за првото...

Continue reading

школо

Во Охрид расте бројот на аутистични деца

Post Views: 24 Во Охрид расте бројот на аутистични деца. Иако не се знае точниот број на деца со аутизам учителките од одделенска настава се почесто во пракса  се среќаваат со деца кои боледуваат од аутизам. Аутистичните деца  не може подолго време да го задржат вниманието на наставната содржина, велат наставниците. Во текот на наставата овие деца бараат поголемо внимание од училтелката, почести паузи, да работат со фломастер или пластелин, кажува Мери Димзова учителка од ОУ „ Григор Прличев“ со долгогодишно работно искуство. Димзова  има работно искуство со аутистично дете. Напоменува...

Continue reading

kabel

Каблите повторно проблем за охриѓани

Post Views: 6 Граѓаните повторно реагираат на големиот број испреплетени жици и кабли кои висат над нивните глави насекаде низ градот. Овој пат на улицата „Ѓорче Петров“ на самиот влез во нас „Христо Узунов“, телефонски или кабли од кабелските оператори кои веќе на земја кои над самите глави на минувачите, се новата опасност за сите учесници во сообраќајот. Иако надлежните ветија решение за овој проблем изгледа истиот уште долго же „виси“ над главите од охриѓани. {loadposition content9}

Continue reading

Идни чувари кои ќе се грижат за безбедноста

Post Views: 3 Пред неколку години Јужна Кореа најави дека за безбедноста во нивните затвори ќе се грижат роботи кои ќе внимаваат на затворениците, а на почетокот на овој месец на настанот “Rise of the robots”, Microsoft прикажа чувари кои ќе се грижат за безбедноста во иднина. Тие чувари – роботи изгледаат како мали вселенски бродови,  ги коментирале К5 роботите на PC Mag, а ги движат компјутери со напредна вештачка интелегенција која следи сѐ што се случува, и ако е потребно превзема акција. Роботите ги развила американската компанија Knightscope и се опремени со 4 HD камери, бројни...

Continue reading

mazija

Зошто се сечат дрвата на „Мазија“

Post Views: 56 Во месноста „Мазија„ во близина на Холандскиот Парк се расчистува обраснатата џбунеста вегетација, се поткаструваат дрвата, а се исечени и некои стари стебла. Граѓаните прашуваат зошто се превземаат вакви активности. Загрижено велат дека сигурно нешто ќе се гради. Некои зад камера коментираат дека тука ќе биде лоциран Центарот на вода кој уште пред неколку години требаше да се гради во непосредна близина на мостот кај каналот. Од Локалната смируваат. Знете дека се што се прави во градов е според претходно донесена програма и урбанистичко решение кое е изгласано на совет....

Continue reading

рецепт

Хаос со печатените рецепти

Post Views: 0 Четири дена откако матичните лекари почнаа да работат со печатени рецепти, хаосот во нивните ординации е невиден. Пациентите се револтирани, лекарите се уште слабо се снаоѓаат, а гужвите надвор од ординациите се страшни, коментираат дел од пациентите кои вчерашниот ден го поминале кај своите матични лекари. За ситуацијата да биде поалармантна, болните кои имале поголеми здравствени проблеми, поради технички причини чекаат со часови за да бидат прегледани.Планот на Фондот за здравство за матичните лекари да почнат да работат со печатени рецепти се планираше одамна, ама...

Continue reading

РН

Потребно реновирање на домот на култура во населбата Радојца Новичиќ

Post Views: 5 Мирисот на мувла и влага во просториите, полското веце зад  Домот на култура во населбата Радојца Новичиќ покажува дека на овој објектот му  е потребно реновирање. Во моментов просториите ги користат  фолкорното друштво Охриѓанка,  Теквондо клубот и амбулантата издадена под  концесија. Претседателот на Урбаната заедница, Игор Николески вели дека благодарение на нив го одржуваат во функција  објектот. „ Треба голема реконструкција на домот. Самата местоположба е крај река, ѕидовите се ронат, кровот е од азбест и е штетен, треба да се смени“, наведува Николески. Домот...

Continue reading

logo

Отворен ден во судството

Post Views: 4 На 02 април 2015 година, ќе бидe одржан „Отворен ден во судството“, со цел запознавање на граѓаните со надлежноста и работата на судовите, како и заради полесно разбирање на базичните постапки и процеси кои се одвиваат во рамки на еден суд. Настанот ќе се одржи во следните судови: Основен суд Струга, Основен суд Охрид, Основен суд Струмица, Основен суд Битола, Основен суд Велес, Основен суд Прилеп и Основен суд Тетово. Отворениот ден ќе трае од 11.30 до 13.30 часот. Во овој временски интервал ќе бидат реализирани посети на заинтересирани граѓани, кои ќе бидат организирани...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top