Ознака: кандидатот

kralev

Министерот за образование, Панче Кралев денес прошета по училиштата во Струга

Post Views: 22   Целосно ќе се реконструира Основното општинско училиште Јосип Броз-Тито во Струга. Ова денес го најави министерот за образование, Панче Кралев. Тој го посети ова училиште со цел да види какви се условите во кои се одвива наставата. Кралев рече дека набрзо ќе бидат заменети прозорците, подовите и кровната конструкција во ова училиште.Министерот нагласи дека и во програмата на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Владимир Кочоски предвидени се инвестиции во делот на образованието. Кралев подвлече дека само со заедничко делување на Владата и Локалната самоуправа...

Continue reading

Igor Trajkoski

Трајкоски го обвини Којчиноски за несовесно работење

Post Views: 4 „Долгогодишнaта голгота спроведувана од страна на СДСМ и Брaнко Црвенковски и неговиот близок соработник Којчиноски е при крај“, истакна кандидатот за градоначалник на општина Дебарца Игор Трајкоски. Тој потенцираше дека за 16 години поминати во општина Дебарца сведоци сме на несовесно работење од страна на градоначалникот Којчиноски, поради што денеска оваа општина е една од најслабо развиените во Р Македонија. „Со ваков пристап СДСМ упорно продолжува понатаму давајќи му ја добербата на кандидатот за градоначалник на човек кој не направил ништо во изминативе две децении....

Continue reading

Trajkoski Debrca

Трајкоски најави сигурна победа на ДПМНЕ во Дебрца во вториот круг

Post Views: 1 Иако доживеа минимален пораз со разлика од 61 глас во првиот круг, Игор Трајкоски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Дебрца задоволен од постигнатото. „Им честитам за храброста на моите дебрчани што прв пат по децентрализацијата во Дебрца гласаа за да победи духот за подоброто.“-изјави Трајкоски. Тој рече дека фактот што се оди во втор круг на гласање во Дебрца е доказ дека таму може да се оствари нова власт за подобра Дебрца. „Би сакал да им изразам благодарност на сите кои во Игор Трајкоски, неговиот тим и во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ препознаа политичка...

Continue reading

prostorsdsm

Завршна пресс конференција на Сојузот за иднината

Post Views: 10 Александар Петрески, кандидатот за градоначалник од коалицијата Сојуз за иднината денес  на завршното официјално обраќање пред новинарите, даде генерална оценка за кампањеата која се водеше во изминатите две недели. Тој рече дека ова е најлошата кампања која досега се спровела и дека нивните опоненти не бирале средства и начини за заплашување на граѓаните. Петрески вети дека првото утринско кафе во новиот мандат ќе го испие со новинарите, а мандатот ќе го потпише со пенкалото кое денес му го подарија членовите од неговиот тим. Кандидатот за градоначалник од коалицијата...

Continue reading

Saso JAnkovski

Сашо Јанковски со визија за промена на Општина Вевчани

Post Views: 2 Сашо Јанковски кандидатот за градоначалник на Општина Вевчани од Коалицијата Сојуз за иднината, посочи дека во оваа изборна кампања, настапиле со програма и проекти во кои се содржани ставовите и мислењата на вевчанци. „Во оваа предизборна кампања,  ние настапивме како што му личи на вевчанскиот народ, достоинствено, храбро и принципиелно“ истакна Сашо Јанковски кандидатот за градоначалник на Општина Вевчани од Коалицијата Сојуз за иднината. Тој на денешното негово завршно обраќање објасни дека програмата и проектите кои се во неа содржани  во себе пред се ги содржи...

Continue reading

Vasil Ristevski

Васил Ристески: „Гласајте со своето срце“

Post Views: 3 Кандидатот за градоначалник на Охрид поддржан од Социјал демократската унија на пoследната прес конференција пред почетокот на изборнит молк, истакна дека  верува оти овој пат ќе можат сите да заборават на миг на политичката или партиска припадност бидеќи ова се локални избори и дека неговите сограѓани ќе се определат според индивидуалните квалитети и спред веројатноста, можностите и претпоставките кој навстина може најсоодветно да одоговори на функцијата градоначалник и советниците за доброто на сите граѓани за поубав Охрид. „Треба секогаш да имате на ум дека станува...

Continue reading

Blazeski sliki

Искршен штаб на Сојузот за иднината во населбата Воска

Post Views: 6 Портпаролот и кандидат за советник од Сојузот за иднината, Дејан Блажески вели дека и во гладијаторските борби постојат правила кои треба да се почитуваат. Тој смета дека во Република Македонија нема политичка зрелост и почитување на најсветото.   „Притисоците и заканите продолжуваат и понатака. Изминатава ноќ демолиран е штаб на Сојузот за иднината во населбата Воска. Случајот е пријавен во охридската полиција, истражните органи биле на местото на настанот, направен е записник и како Сојуз за иднината бараме брзо расветлување на настанот. Затоа ви го приложувам како...

Continue reading

sojuz za idninata

Станкоски:„Владата многу ветуваше, но ништо не направи“

Post Views: 8 „ДПМНЕ за оваа изборна кампања, за овие локални избори го избра најнесреќниот и најироничниот слоган. Им порачуваат на граѓаните да изберат дела“, истакна кандидатот за советник Јоне Станкоски.  Тој јавно запраша кои дела ги направила владата  за Охрид, за да можат граѓаните да изберат. При тоа Станковски посебно се осфрна на најавите за изградба на спортската инфраструктура. „Ветија изградба на фудбалски игралиша во Косел и Лескоец. Ветија изградба на спортски сали во училиштата ЕМУЦ Св. Наум Охридски, угостителското училиште Ванчо Питошески и ОУ Христо Узунов, но до...

Continue reading

Risteski

Поврзување на Охрид со градови од соседните држави-најави кандидатот за градоначалник Ристески

Post Views: 5 Збратимување на Охрид со градовите од соседните држави во најбрз можен рок. Ова го најави кандидатот за градоначалник, Васил Ристески. Тирана, Драч, Солун, Атина, Софија, Пловдив, Белград, Ниш. Овие, но и соработка со многу други градови од Европа и пошироко доколку тој седне во градоначалничката фотелја. Ваквата соработка, според Ристески ќе значи сериозно поттикнување на развојот на стопанството во Охрид. „Тоа ќе биде секако дополнителен инпут или дополнителна инфузија за севкупниот стопански развој на Охрид, пред се на туризмот како примарна стопанска гранка, а и...

Continue reading

Petreski

Петрески тврди- владее паника во редовите на Вмро Дпмне

Post Views: 0 Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар  Петрески  изрази благодарност  до сите учесници  на вчерашниот  митинг во Скопје на кој учествувале над 2500 охриѓани. Тоа е поддршка кон нас  и го одсликува располажението на граѓаните. Со тоа им се залудни  лажните анкети од Павел  Шатев, работатата овде е завршена. Тие тоа добро го знаат и затоа почнаа со подземна и ниска кампања, рече Петрески. Почнаа нивните министри да одат низ охридските  села и да злоупотребуваат службени возила и наместо да работат во интерес на сите граѓани, кажа Петрески. Порача дека кампања...

Continue reading

Trajkovski za Debrca

„Општина Дебрца е изолирана општина“-обвини кандидатот за градоначалник Трајковски

Post Views: 1 „После локалните избори, општина Дебрца ќе биде конечно ослободена со завршувањто на функцијата градоначалник на Љупчо Којчиноски.“-порача кандидатот за градоначалник на Дебрца од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајковски. Тој воедно го обвини и дека општина Дебрца во изминативе 16 години е држена во изолација. „Живееме во 21 век каде што секоја институција е транспарентна и отворена за граѓаните, единствено за оваа наша општина никој ништо не знае нитуа пак се има пристап до било какви информации, ниту туа колку средства, какви средства се вложени нитуа пак можеме да...

Continue reading

VMRO DPMNE kancelarija

Работата на Секторот за локален економски развој ставена под лупа на кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија

Post Views: 3 Секторот за локален економски развој тема на денешната прес конференција на Никола Бакрачески, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ. Бакрачески потенцира дека и после осум години овој сектор сеуште е на ниво на хипотези, теории и дисертации. Тој додаде дека луѓето кои го водат овој сектор  досегa не донеле ниту една реална инвестиција ниту пак направиле некој посериозен проект за развојот на градот. Бакрачески рече дека за да се остварат овие предуслови и да се забрза локалниот економски развој  во нивната програма предвидени се неколку  сериозни проекти. Тоа пред...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top