Ознака: казна

Бизарни прописи кои звучат неверојатно во 21 век

Post Views: 4 Бакнежот на јавно место во многу земји може скапо да ве чини. Колку и да звучи неверојатно за 21 век, сепак тешко е разбирливо дека во Западна Европа сеуште владеат пуритански прописи од пред Првата светска војна. Така, во Франција, на пример, и понатаму важи закон од 1910 година со кој се забранува бакнување на пероните од железничките станици. Целта била, своевремено, да се оневозможи доцнење на возовите, но законот не е укинат ни во време на супер брзите возови. За кршење на овој закон не е предвидена драконска казна, но важат наредбите во ист момент да се напушти...

Continue reading

Спроведеното истражување до фрапантни заклучоци

Post Views: 0 Возачите кои  користат мобилен телефон за време на возење би требало по автоматизам да им се одземе возачката дозвола. Истражувањето покажало дека телефонирањето ги успорува реакциите на возачот повеќе отколку конзумирањето алкохол и дрога. Истражувањето кое било спроведено во Велика Британија од страна на “Transport research laboratory” открило дека типкањето по тастатурата ги успорува реакциите за 37%. За споредба, уживањето во мариуханата ги успорува за 21% а во алкохолот за 13%. Затоа сега во Велика Британија се разгледуваат предлози за драстично зголемување на казните...

Continue reading

Французите шокирани од казната за BNP PariBas

Post Views: 6 Казната на американските власти од 10 милијарди долари за француската банка BNP PariBas предизвикала сериозни политички реакции. Запрашан за коментар за казната, за француската телевизија France2, министерот за надворешни работи Laurent Fabius истакнал дека одлуката на американските власти претставува сериозен проблем во американско-француските односи. “Сред преговори сме за трансатлантскиот трговски договор. Такво трговско партнерство може да се втемели само на основ на реципроцитет. Реципроцитет е незамислив ако во исто време се носи одлука од ваков тип”, рекол Fabius...

Continue reading

zatvor

Охридскиот затвор место за ресоцијализација

Post Views: 3 Охридскиот затвор е едниствената казнено поправна установа за малолетни лица во земјава. Отворен за соработка директорот Стефан Трпеноски, ни откри како работи ова установа во поглед на затворските, односно притворските услови на лицата кои издржуваат казна за разни кривични дела. Трпеноски во брифинг за ТВМ потенцираше дека затворот е составен од два дела затвор и притвор. Притворените лица се во надлежност на судовите на градовите од каде што доаѓаат, односно од Охрид, Струга и Дебар, додека пак затворот има обврска да се грижи за сместување, исхрана, пружање здравствена...

Continue reading

struja

За крадците на струја и вода, затворски казни

Post Views: 4 Во Охридско струшкиот регион не е мал бројот на оние кои крадат струја, велат од ЕВН. Во Струга минатата година биле регистрирани 100 кражби. Граѓаните бесправно потрошиле 4 300 мегават часови со што во касата на ЕВН влегле  500 000 евра помалку. Во Охрид бројката е нешто помала, но не и незначителна.  Ланската година се регистрирани 80 кражби на струја при што недозволено се потрошени 3000 мегават часови, односно ЕВН е оштетена со 250 000евра. Граѓаните кои неовластено ќе користат струја, вода, парно или природен гас, ќе заработат затворска казна, ова го предвидуваат...

Continue reading

РК Охрид

РК „Охрид 2011“ ќе се натпреварува и покрај неправедната казна

Post Views: 16 Ракометниот клуб „Охрид 2011“ продолжува со натпреварите во првата лига. Вака синоќа одлучи управниот одбор на ракометниот клуб по казната која им ја изрече Ракометната федерација.  РК „Охрид 2011“ е казнет со 120.000 денари и три месечна забрана на спортски ангажман за тренерот Горан Андоновски. Наместо да се санкционира клубот „Ринија“ заради заканите и физичкото насилство врз охридските ракометари, ракометната федерација го казни РК Охрид. Со таквата одлука РФМ примени двојни аршини за насилничкото однесување на РК „Ринија“. Овој клуб и во 2011 на гостување во Охрид...

Continue reading

kanal

Кој го прекршува Законот за јавна чистота

Post Views: 2 Голем е бројот на граѓани кои го прекршуваат законот за јавна чистота сечејќи дрва на јавна површина, правејќи ајвар пред зграда, фрлајќи отпадоци на улица, продавајќи зеленчук на импровизирани тезги. Но, само мал дел од нив, најбаксузните заработиле казна за тоа. 56 260 ден. се наплатени годинава од страна на Општинскиот комунален инспекторат како глоба за непочитување на Законот за јавна чистота. Овој закон кој се донесе пред четири години граѓаните многу не го почитуваат, вели раководителот на Општинскиот комунален инспекторат, Танас Танасоски. Оваа сума не е реална...

Continue reading

skara

Првомајската скара може да ве чини плус 50 евра

Post Views: 10 Меѓународниот ден на трудот – Први мај се наближува. Се кројат планови кој каде ќе оди и каква скара ќе направи. Оваа традиција е многу убава, но може и скапо да ве чини. Од општинскиот инспекторат апелираат да се зачува комуналниот ред на излетничките места и граѓаните да ги почитуваат воспоставените забрани за палење на оган и приготвување на скара на отворените површини. Доколку не го сторат тоа можат да заработат казна од 50 евра. Минатата година за првомајските празници биле напишани 50-тина казни само по основ палење оган на недозволено место. Охриѓани и...

Continue reading

bratoubistvo

Намалена казната на братоубиецот од Охрид

Post Views: 0 Вака одлучи Апелациониот суд во Битола, врз основ поднесените жалби од страна на адвокатите на обвинетиот. Второбвинетиот пак, Зоран Јовески кој беше обвинет дека на Ангелески му помагал да ги разнесе искасапените делови од телото на жртвата, согласно одлуката на Апелациноиот суд доби казна затвор во траење од 3 години. Ова за него е трета пресуда, после измената на првичната казна која му беше изречена во Основниот суд во Охрид во траење од 12 години,  а која претходно веќе беше намалена на 6 години.Во пресудата донесена од битолска апелација стои дека со измените на...

Continue reading

ohrid noke

Пазарниот инспекторат затвори три угостителски објекти поради пречекорување на работно време

Post Views: 0 Во акција на Државниот пазарен инспекторат спроведена на 18-ти овој месец, неколку познати угостителски објекти во Охрид добија забрана за работа одреден временски период и парична казна. Контактиравме со сопственикот на објектот „Џез и блуз“ Павел Каралиев, кој потврди  дека добил 10 дневна забрана за работа, поради 10 минутното пречекорување на работното време. Покрај затворањето на објектот следува и парична казна од 2500 евра, согласно Законот за угостителска дејност. Паричната казна е иста и доколку се пречекори работното време и повеќе од 1 час од пропишаното,...

Continue reading

gavel

14, 5 години затвор за 4-ца виновници за смртта на српскиот турист Новаковиќ

Post Views: 0 Тројца охриѓани и еден државјанин на Србија добија затворски казни за смртта на српскиот турист Дејан Новаковиќ, кој лани во Охрид беше брутално претепан до смрт. Учесниците во тепачката денеска ги слушнаа пресудите. Митре Костовски е осуден на 4 години затвор, Иљче Јоновски доби 4 години и 6 месеци затворска казна, најдолга казна од 5 години затвор доби Србинот Драган Ѓорѓевиќ кој е во бегство и кому му беше судено во отсуство. Ѓоко Наумовски е осуден на една година затвор. Сите се осудени за учество во тепачката во која брутално до смрт беше претепан српскиот турист...

Continue reading

pedofilija

Казна затвор за охриѓанецот во случајот „Педофилија“

Post Views: 9 Основниот суд во Штип им одреди казна од вкупно четиринаесет и пол години затвор на тројцата обвинети во аферата со малолетничка проституција од Куманово, Штип и Охрид.  На обвинетиот Д. Ѓ. од Куманово за две кривични дела му изрекува казна затвор од 5 години, обвинетиот Е. Т. од Штип за едно кривично и едно продолжено дело го осудува на единствена казна затвор од 5 години и шест месеци, а обвинетиот А. М. од Охрид за едно кривично дело полов напад врз малолетник, кој не наполнил 14 години го осудува на казна затвор во траење од 4 години. Штипскиот основен суд во изминатите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top