За крадците на струја и вода, затворски казни

Граѓаните кои неовластено ќе користат струја, вода, парно или природен гас, ќе заработат затворска казна. Ова го предвидуваат измените во Кривичниот законик, што е на сила веќе една недела. Во охридско-струшкиот регион се краде и струја и вода.

 |  Јаковлева Лионела  | 
struja
струја

Во Охридско струшкиот регион не е мал бројот на оние кои крадат струја, велат од ЕВН. Во Струга минатата година биле регистрирани 100 кражби. Граѓаните бесправно потрошиле 4 300 мегават часови со што во касата на ЕВН влегле  500 000 евра помалку. Во Охрид бројката е нешто помала, но не и незначителна.  Ланската година се регистрирани 80 кражби на струја при што недозволено се потрошени 3000 мегават часови, односно ЕВН е оштетена со 250 000евра. Граѓаните кои неовластено ќе користат струја, вода, парно или природен гас, ќе заработат затворска казна, ова го предвидуваат измените во Кривичниот законик, што е на сила веќе една недела, вели Ленќе Карпузоска, портпарол на ЕВН.

За кражба на струја ќе се смета секоја манипулација или онеспособување на броило, премостување на броило, превземање на енергија пред уредот за мерење, приклучување на мрежата без согласнот на ЕВН или било какви промени со мерните уреди. Од ЕВН објаснуваат дека нивни екипи постојано се на терен и вршат контроли, а онаму каде ќе се утврди кражба тие одат во судска процедура. Zlatko Starkoski
Покрај струја, наголемо се краде и вода. Од МЈП Проаква велат дека дури 50% од водата што ја произведуваат недозволено се троши. Најмногу вода се краде во периферните делови од градот, како што се Рача, Велгошти, Лескоец и Чекоштина. Околу 2000 семејства во охридско-сртрушкиот регион не плаќаат сметки за вода, вели директорот наМЈП Проаква, Златко Старкоски.

Оние кои недозволено користат струја или вода, освен затворска казна, истовремено ќе добијат и парична казна. За кражба на електрична енергија, казната затвор ќе биде 3 години. Но, доколку вредноста на украдениот енергенс е поголема, тогаш казната затвор ќе биде 5 години. Истото важи и за кражба на вода. Ако кражбата ја стори правно лице, ќе се изрекува само парична казна. Законот не ги прецизира сумите за паричните казни, бидејќи тие ќе бидат различни во зависност од тоа колкава штета е направена.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top