Ознака: информира

ohrid

Нити едно барање за Е-дозвола не стигнало до охридскиот сектор за урбанизам

Post Views: 9   Од 1 јуни постапката за издавање на одобренија  за градба е исклучиво по електронски пат. Во секторот за урбанизам во општина Охрид, по месец и половина  од законските измени не пристигнало  нити едно барање. Следствено на тоа општината  нема  издадено одбренија за градби по електронски пат. Сите барања кои не се поднесени по електоронски пат по први јуни се неважечки и ништовни и од секторот постапуваат само по барањата поднесени пред 1 јуни, информира Митко Трпкоски, ИТ администратор во секторот за урбанизам, заштита на животна средина и комунален развој.  На прашањето...

Continue reading

bolnica

Променливото време ги наполни амбулантите

Post Views: 0 Променливото време почна да создава проблеми. Дневните амбуланти преполни. Зголемен е бројот на пациенти кои се жалат на последиците од временските прилики, покачен крвен притисок, чести главоболки, стегање во градите информира Валентина Милошеска интернист од Општа болница Охрид. „Не се сите симптоми на срцево заболување, стресот исто така влијае, температурните промени влијаат но сепак ако имаат карактеристични симптоми болки и стегање во градите треба да побара помош“.   Не е мал бројот на охриѓани, кои кога ќе почуствуваат здравствени тегоби, наместо првично да се...

Continue reading

lokalna

Станоиздавачите да поднесат барања за категоризација

Post Views: 3 Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, ги информира станоиздавачите на кои им е истечена важноста на Решенијата за категоризација, дека треба да поднесат ново барање за утврдување на минимално-техничките услови и продолжување на решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем. Барањето се поднесува во Секторот за туризам и локален економски развој, со седиште во просториите над УНИ банка (втор кат ) . За подетални информации граѓаните можат да се обратат на телефоните 046/ 230 175 и 230 455.  

Continue reading

strajkuvac

Протест во Ј.П. „Нискоградба“

Post Views: 0 Вработените од Никсоградба на протест. Велат дека причината за протестот се провлекува подолг период, некаде од месец декември минатата година кога добиле само половина плата. Тогаш им биле исплатени 8000 денари кои ни оддалеку не им се доволни, а велат дека треба да платат кредити, сметки, а тука се и давачките за храна и друго. Исто така, вработените се жалат дека не им се платени ни придонесите за здравствено осигурување. Велат дека веќе се наоѓаат на работ на егзистенцијата. „Крај со крај? Ако се ставиш ти во моја положба сигурно ќе земеш и заем од некаде, а како...

Continue reading

пожар

Два пожари за два дена

Post Views: 10 Поради човечко невнимание, два пожари за два дена. Денес околу 12 часот, приметен е пожар во близина на селото Влегошти, кај црквата Св. Илија. Командирот на противпожарната единица, Спасе Прентоски не информира дека пожарот навреме е ставен под контрола и дека нема опасност од ширење. Нивните екипи први стигнале на местото на пожарот, а потоа и екипи на Националниот парк Галичица и Шумско стопанство. Од охридската противпожарна единица, на терен се со две возила и осум пожарникари. Прентоски информира дека штетата дополнително ќе се утврдува. A во вчерашниот пожар...

Continue reading

svr

Приведени три лица учесници во инцидентот во кафе бар „Пијано“

Post Views: 9 Портпаротолот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека после интензивната потрага, спроведена  од страна на службите, пронајдени се и приведени три лица кои учествуваа во инцидентот кој се случи на 3 Ноември во кафе барот „Пијано“. По едно лице сеуште се трага. {loadposition content9}

Continue reading

smetkovoditeli

Основано „Здружението на сметководители – Охрид“

Post Views: 0 Сметководителите од Охрид формираа свое здружение. На иницијатива на десеттина професионалци, а како резултат на долгогодишната потреба од подобра меѓусебна комуникација, денес во просториите на Општина Охрид се формира ова здружение. Стојан Кузманоски, е избран за претседател на Здружението. Тој информира дека нивна цел е заштита на интересите на оваа фела како и унапредување на работата. „Порано постоеше здружение на сметководители, меѓутоа поради сплет на околности истот згасна и не се чувствуваше неговата активност. Поради тоа додјде до оваа иницијатива да настапиме...

Continue reading

vila piano

Вооружен инцидент во срцето на Охрид

Post Views: 0 Вооружен инцидент во срцето на Охрид. Интензивната потрага по сторителите. Портпаротолот на СВР Охрид, Стефан Димоски информира дека синоќа околу 21.30 мин, три лица со патничко моторно возило и вооружени застанале пред објектот, „Пијано бар“ на улицата „Абас Емин“. Лицата за кратко време упаднале во внатрешноста на објектот и притоа еден од нив упатувајќи вербални навреди и закани кон сопственикот на објектот, пиштолот го вперил во вработените. Димоски информира дека едно од лицата имало пластична туба со запалива течност, истот го полеало објектот и на тој начин предизвикале...

Continue reading

jagula

Патот на јагулата, врзивна приказна за Дримскиот басен

Post Views: 65 Патот на јагулата, врзивно ткиво на целокупниот Дримски басен. На двете важни конференции кои неодамна се одржаа во Подгорица Црна Гора, а се однесуваат на Дримскиот басен и заштитата на езерата во басенот, претставниците на Регионалната иницијатива за животна средина т.н РЕНА потенцираа дека станува збор за вид којшто навистина има своја специфика и секако треба да биде ставен под заштита, информира секретарот Билатерален комитет за заштита на сливот на Охридското езеро, Дејан Паноски. „После презентацијата увидоа тие и увидовме и ние дека имаме една прекрасна...

Continue reading

ugostitelsko

Во средното угостителско има слободни места за упис

Post Views: 4 Трите средни општински  училишта ќе ги отворат своите врати во вториот уписен рок за оние ученици кои  останале не запишани. Во средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“ има место за упис на петте стручни занимања келнер, готвач, пекар, слаткар и угостителски техничар информира директорот на училиштето Секула Баткоски. Училиштето располга со ученички дом, модерно опремена кујна и стручни кабинети кои придонесуваат од година на година учениците да стекнуваат се поголеми знаења и вештини по стручните предмети. „Се поголем е бројот на наши ученици кои ја преставуваат...

Continue reading

rooms

На охридскиот брег странските гости побројни, а домашните се помалку

Post Views: 4 Туристичките работници на охридското крајбрежје ги сумираат досегашните резултати од летната сезона 2011. Покрај езерскиот брег летуваат се повеќе странски гости, холанѓани, финци, австралијци, како и  гости од соседството, меѓу кои најборјни повторно се туристите од Србија. Според податоците од  книгите кои ги водат во сместувачките капацитети видливо е дека хотелските објекти на  ривиерата се исполнети со околу 90 посто од расположливиот капацитет претежно со странски туристи,  информира раководителот на туристичкиот локален економски развој Гоце Симоноски.  Годинава...

Continue reading

pres SDSM

Сите митинзи на полигон

Post Views: 1 „Градскиот полигон е идеалната локација за одржување на предизборните промотивни активности“ велат од Општинскиот изборен штаб на СДСМ од Охрид. Претседателот Александар Петрески потенцира дека целта за ваквата одлука е заштитата на градскиот плоштад пред самиот почеток на туристичката сезона. Локацијата за предизборните промотивни активности, тема на денешната прес конференција на Општинскиот изборен штаб на СДСМ од Охрид. Претседателот Александар Петрески во функција на Градоначалник, информира дека и покрај негодувањето на некои политички субјекти одлуката стои....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top