Ознака: информира

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти, 26 нови случаи

Post Views: 5 Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г). Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови. Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје -4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово -4, Велес – 2, Кочани -1 и Пробиштип -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти...

Continue reading

vlada

Владата денес ќе информира за вработувањата

Post Views: 3 Владата денеска ќе информира за измената на Оперативниот план за активни програми и мерките за вработување за 2009 година. Поединостите ќе бидат соопштени на прес конференција, закажана за напладне. На пресот, како што е најавено, ќе говорат заменик-министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, директорот на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.   {loadposition content9}

Continue reading

delfini

За само неколку недели, 500 мртви делфини на плажите на Перу

Post Views: 2 Најмалку 500 мртви делфини биле пронајдени на различни плажи на северот на Перу, информира „Асошиејтед Прес“. Причината за смртта сѐ уште е непозната, а обдукцијата е во тек. Перуанскиот поморски институт испратил тим експерти за да откријат зошто делфините се насукале во областите Ламбајек и Пиура на северот на Перу.Во рамки на обдукцијата ќе бидат анализирани белите дробови, бубрезите и црните дробови, а резултатите ќе бидат објавени за две недели. Ова не е првиот таков случај во овој регион. Во 2012 беа откриени остатоци од 870 делфини, а ни тогаш не беше позната...

Continue reading

yahoo

Хакерски напад на „Yahoo“

Post Views: 6 Американската компанија „Јаху“ ги информира своите корисници дека нејзиниот систем за електронска пошта бил цел на хакерски напад, при кој се украдени податоци за кориснички имиња и лозинки. Според соопштението на компанијата, овие податоци биле употребени за да се соберат лични информации за луѓе, со кои корисниците на „Јаху“ контактирале преку електронската пошта во последниот период. Компанијата не информира колку податоци со кориснички имиња и лозинки се украдени при хакерскиот напад, но соопшти дека моментно соработува со безбедносни органи со цел да бидат пронајдени...

Continue reading

Владата досега нема одземено ингеренции на ниедна општина во областа на управувањето со отпадот

Post Views: 5 Владата на Република Северна Македонија информира дека досега не ги одземала ингеренциите за управување со отпадот на ниту една општина во земјата. Надлежноста и обврските за собирање, селектирање, транспорт и депонирање на комуналниот отпад, како и одржување на нестандардните локации за отстранување на отпадот се на единиците на локалната самоуправа, односно општините. Законот за управување со отпадот ја дава единствено можноста Владата на Република Северна Македонија да ја преземе обврската за воспоставувањето на регионалниот систем, доколку општините не го сторат...

Continue reading

Завршена е програмата за годинешното издание на Фестивалот Охридско лето

Post Views: 7 Завршена е програмата за годинешното издание на Фестивалот Охридско лето. Од Националната установа имаат првичен предлог отворањето на јубилејното 60-то издание да биде на 4 август кога е роденденот на фестивалот. Од Националната установа ги чекаат насоките од Владата и Министерството за култура, информира Наташа Поповиќ, директор на Фестивалот Охридско лето.  „Одлучивме, но тоа секако е предлог, Фестивалот Охридско лето кога оваа година слави јубилеј, да се отвори на 4 август, кога почнал пред 6 децении и е роденден на фестивалот. Но, чекаме да се прогласи крај на пандемијата...

Continue reading

Министерството за здравство од денеска еднаш дневно ќе информира за состојбата со Ковид 19

Post Views: 2 Министерството за здравство од денеска еднаш дневно ќе прави пресек на новозаболени со коронавирус и ќе ја информира јавноста за тоа. Ваквата одлука е донесена заради растот на бројот на случаи на Ковид 19 во земјава. „Ќе информираме за состојбата до 12 часот и таа бројка ќе се однесува на претходните 24 часа. Досега ова го правевме два до три пати во денот, но откако имаме локалана трансмисија и почнуваат да се вршат тестирања на повеќе локации, собирањето на точните бројки и статистики бара повеќе време“, се наведува во соопштението од министерството за здравство. Од...

Continue reading

josip broz tito

Обезбедена е нафта во ООУ„Јосип Броз Тито“, утре почнува наставата

Post Views: 3 Денес пристигна нафта за основците од струшко „Јосип Броз Тито“, како што информира Тони Савевски, В.Д. директорот. Учениците од утре, петок, ќе продолжат со настава откако е обезбеден неопходнот енергенс. Околу 10 тони нафта веќе се испорачани во ООУ, а дел од неа ќе биде испорачана и во подрачните паралелки во селата Враништа и Мислашево. Како што веќе информиравме со одлука на Советот на родители од вчера околу 700 основци не ја посетија наставата поради незагреаните училници. Родителите беа категорични во својот став, се додека нема нафта за греење учениците ќе бидат...

Continue reading

logo

Потврдите за упис на децата во училиште, ќе се издаваат бесплатно

Post Views: 5 Министерството за здравство ги информира родителите дека потврдите за упис на децата во предучилишни и училишни установи може да ги обезбедат бесплатно во здравствениот дом на место на живеење. Потврдата за вакцинален статус ја издава службата за имунизација во здравствениот дом, а потврдата за забен статус ја издава службата за детска превентивна стоматологија.при здравствениот дом. Овие потврди се бесплатни и ги издава исклучиво докторот кој врши вакцинација во службите за имунизација, односно службата за превентивна стоматологија и тие не треба да се издаваат од матичните...

Continue reading

li;ni dokumenti

Брза постапка за издавање на биометриски документи во пресрет на изборите

Post Views: 9 Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска информира дека во наредниот период до изборите, сите документи ќе се разгледуваат во брза постапка. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска информира дека во наредниот период до изборите, сите документи ќе се разгледуваат во брза постапка односно веднаш ќе се одобруваат и изработуваат, со цел да им се излезе во пресрет на колку што е можно поголем број граѓани да го остварат своето гласачко право. Притоа министерката Јанкулоска беше информирана дека евиденциите на начин како што тоа го бараат законските...

Continue reading

policija

Ласерски радари за „лов“ на несовесни возачи

Post Views: 1 Нов ласерски радар користеле полицајците од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај – Тетово при контролите на брзината со која се движат возилата во градот и на регионалниот пат Тетово-Волковија, во  Брвеница во изминатиот викенд, информира портпаролот на СВР – Тетово Марјан Јосифовски. – При саботните неколкучасовни контроли во Брвеница биле констатирани пет пречекорувања на дозволената брзина и три други прекршоци, како управување без возачка дозвола, управување со дозвола од друго лице и непоседување дозвола. Утврдените прекршоци...

Continue reading

Ramiz Merko

Мерко дојде, кој ќе биде директор на МЈП „Проаква“?

Post Views: 3 Петок 09. декември ќе падне одлука за директорската позиција на МЈП „Проаква“. Дали градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, после работната посета во Америка, конечно го донесе клучот на досегашната тактизација на охридскиот градоначалник Александар Петрески, околу назначувањето на прв човек на МЈП „Проаква“, најверојатно ќе се знае за утре, барем според најавите на Мерко. Едно треба да е јасно како ден, мора да се избере добар човек кој ќе има своја програма за излез, односно за водење кон подобро на МЈП Проаква, вели Мерко. Но, тој не признава дека состојбата во претпријатието...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top