Основано „Здружението на сметководители – Охрид“

Причина, потребата од консолидација на претставниците од оваа фела на локално ниво, а се со цел нивна полесна комуникација и справување со тековните проблеми.

 |  Крсте Голабовски  | 
smetkovoditeli
smetkovoditeli

Сметководителите од Охрид формираа свое здружение. На иницијатива на десеттина професионалци, а како резултат на долгогодишната потреба од подобра меѓусебна комуникација, денес во просториите на Општина Охрид се формира ова здружение. Стојан Кузманоски, е избран за претседател на Здружението. Тој информира дека нивна цел е заштита на интересите на оваа фела како и унапредување на работата.

„Порано постоеше здружение на сметководители, меѓутоа поради сплет на околности истот згасна и не се чувствуваше неговата активност. Поради тоа додјде до оваа иницијатива да настапиме организирано со цел да се заштитат нашите инереси и да се унапредува нашата работа, пред се во меѓусебната комуникација како и во комуникацијата со институциите на системот“ објаснува Кузманивски.

smetkovoditeliИако на седницата на основачкото собрание, мал беше бројот на присутни, Кузманоски информира дека  очекува, во иднина бројот на членови драстично да се зголеми. Само за информација, во претходното здружение имаше околу 500 сметководители, како и претставници од други професии, кои се занимаваат со оваа проблематика, односно, банкари, ревизори, даночници, потенцира Кузманоски. Следната седница на Здружението е закажана за две недели.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top