Ознака: информатички

Се поголем е интересот за упис на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле

Post Views: 0 На Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле на свечен начин им беа врачени дипломите на 73 завршени академци. Информатичарите од овој универзитет се задоволни од  стекнатото образование и  диплома на факултетот за информатички науки и технологии, а поголемиот дел од нив понатамошното професионално  реализирање го гледаат во земјава. Меѓу дипломираните студенти кои се стекнале со диплома на овој Универзитет е и информатичарот од факултетот за машинска интелигенција и роботика, Александар Лазаревски. „Јас работам во информатичка фирма и е добро....

Continue reading

gragjanski univerzitet

Универзитетот за информатички науки и технологии ќе и помага на охридската локална заедница

Post Views: 2 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ со своите занења и капацитети ќе и помага на охридската локална заедница.  Започнаа да го реализираат проектот „1000 идеи за подобар Охрид“.  Идејата на Универзитетот  е преку овој проект да излезе во пресрет  на  локалната заедница, за да се олеснат секојдневните активности користејќи ги придобивките на информатичките науки и технологии, нагласува  Горан Шибакоски ассистент  на УНИТ. „Сите сервиси и услуги кои ги нуди Локалната самоуправа ќе бидат полесно подостапни ако се користат информатичките...

Continue reading

informatijada

Спорт, дружење, програмирање и можност за бизнис идеи на првата Информатијада 2014

Post Views: 7 Пет дена програмирање, играње на сајбер игри, натпревари во фудбал, кошарка, одбојка, шах, пинг понг на првата Информатијада 2014та. Студентите од универзитетите со информатички насоки од земјава се собраа на едно место со цел да ги покажат своите знаења во областа на информатиката и спортовите. Освен спортскиот и научниот дел, студентите ќе имаат можност и да го демонстрираат она што го сработиле, нивните апликации и програми пред претставници од бизнис секторот кои ги поддржаа овие студентски игри. „Информатијадата е составена од три дела, едукативен дел, научен дел...

Continue reading

memorandum

Потпишан меморандум за соработка помеѓу студентскиот парламент при Универзитетот “Св. Апостол Павле” и НАПАГ

Post Views: 7 Денес беше потпишан меморандум за соработка помеѓу студентскиот парламент при Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле” и Националната асоцијација на престижни академски граѓани. Целта на овој меморандум е  да се искористи потенцијалот на најуспешните студенти преку низа одржани обуки и натпревари. Дел од нив ќе бидат организирани во странски земји. Оваа соработка со студентскиот парламент на универзитетот Св. Апостол Павле е само  почеток на неколку настани што во блиска иднина ги имаме договорено како и останата настани кои ќе...

Continue reading

upisi

Започнуваат уписите на охридските факултети

Post Views: 5 На Факултетот за Туризам и угостителство во Охрид, за четиригодишни универзитетски студии вкупно ќе можат да се запишат 285 студенти, од кои 150 редовни, 85 со кофинансирање и 50 вонредни. На насоката Туризам, за четиригодишни универзитетски студии слободни места има 100, на Осигурување 50 и на Царина и шпедиција 15. За тригодишни студии на насоката Гастрономија, исхрана и диететика можат да се запишат 50 студенти, а на Хотелско- ресторански менаџмент 40. На Универзитетот за информатички науки и технологија „Св. Апостол Павле“  слободни се вкупно 440 места, од кои 220...

Continue reading

aplikacija

„Учиме низ забава“ – апликација за деца со интелектуална попреченост

Post Views: 1 Студентите од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“  од Охрид, изработија  апликација за децата со посебни образовни потреби. „Учиме низ забава“ претставува интерактивна, едукативна и забавна игра, со примарна цел – стимулација на развојот на визуелната перцепција, формирањето на нови поими, стимулација меморијата како и стекнување на основни, комуникациски, организациски, емоционални и социјални  вештини. Оваа едукативно-забавна игра, пред сè, е креирана и наменета за децата со интелектуална попреченост од посебното основно училиште...

Continue reading

дипломци

Дипломира првата генерација на Универзитетот „ Свети Апостол Павле“

Post Views: 8   Триесеттина студенти од првата генерација дипломци при Универзитетот за информатички науки и технологии „ Свети Апостол Павле“, денес ги доби своите дипломи. Ректорот на универзитетот Проф. Д-р Нинослав Марина рече дека е среќен што заврши оваа прва генерација и додаде дека тие ќе бидат квалитетен кадар бидејќи ова е единствениот универзитет во регионот кој дава образование на англиски јазик, а воедно е специјализиран за информатички науки и технологии. Фактот што на „Св. Апостол Павле“ доаѓаат да предаваат професори од познати високообразовни институции од светот...

Continue reading

logo

Излезе првата генерација дипломци од УИНТ „СВ.Апостол Павле“

Post Views: 2 Во понеделник , 12- ти мај, со почеток во 12 часот, во Универзитетот за информатички науки и технологии „ Свети Апостол Павле“, свечено ќе им бидат доделени дипломите на студентите од првата генерација од учебната 2009/2010 година. Дипломите ќе ги додели ректорот на универзитетот професор д- р Нинослав Марина. {loadposition content9}

Continue reading

codefest

Викендов, второ издание на „Codefest“

Post Views: 4 Овој викенд на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, по втор пат ќе се одржи програмерскиот маратон „Codefest“. Овој настан, уникатен по својата природа, претставува маратон во програмирање на кој непрекинати 32 часа млади програмери од цела Македонија ќе развиваат креативни и иновативни идеи со добар бизнис потенцијал. „Codefest“ ќе започне во сабота на 5 април, во 9:00 часот наутро, а ќе трае до недела, 6 април  до 17:00 часот. Настанот е организиран како идеја и иницијатива на тимот од студенти на Универзитетот за информатички...

Continue reading

logo

Уште еден меморандум за соработка за УИНТ „Св.Апостол Павле“

Post Views: 2 Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Универзитетот за информатички науки и технологии “Свети Апостол Павле” Охрид потпишаa меморандум за соработка. Целта на меморандумот e развој и унапредување на партнерските односи на двете институции, oрганизирање на заеднички активности како семинари, конференции, работилници; размена на релевантни информации кои се од заеднички интерес; заедничко учество на стручни едукации и други манифестации поврзани со јакнење на капацитетите и квалитетот на услугите на двете институции. {loadposition content9}

Continue reading

Tockov i Marina

Црвениот крст и Универзитетот „Св.Апостол Павле“ со поинтензивна соработка

Post Views: 1 Со потпишувањето на денешниот формален меморандум за соработка, Црвениот крст од Охрид и Универзитетот за информатички науки и технологии најавија уште поинтензивна соработка. Претседателот на Црвениот крст, Сашо Точков, вели дека овој меморандум и идната соработка ќе биде само надоградување на веќе добро воспоставените и реализирани програми помеѓу двете институции. Точков напомена дека бенефитите се обострани. „Се надевам и ве повикувам и медиумите како и досега да ги следите нашите активности како и заедничките активности со Универзитетот за информатички науки и технологии...

Continue reading

univerzitet Sv Apostol Pavle

Универзитетот „Св. Апостол Павле“ доби пофалби и од Груевски

Post Views: 3 Информатичката технологија е една од најразвиените индустриски гранки во светот. Иако по навика кај нас работите се случуваат со задоцнување, сепак може да се рече дека полека но сигурно фаќаме чекор со технолошкиот напредок, пред се од информатичката технологија. Македонија произведува нови и одлично образовани кадри, од кои дел излегуваат и од Охридскиот универзитет за информатички науки и технологии, „Св.Апостол Павле“. Во последната своја посета на градов, премиерот Груевски се запозна поблиску со функционирањето на овој факултет, и искажа само пофални зборови за...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top