• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Универзитетот за информатички науки и технологии ќе и помага на охридската локална заедница

Универзитетот за информатички науки и технологии ќе и помага на охридската локална заедница

Универзитетот за информатички науки и технологии ќе и помага на охридската  локална заедница.

 |  Валентина Неловска  | 
gragjanski univerzitet
gragjanski univerzitet

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ со своите занења и капацитети ќе и помага на охридската локална заедница.  Започнаа да го реализираат проектот „1000 идеи за подобар Охрид“.  Идејата на Универзитетот  е преку овој проект да излезе во пресрет  на  локалната заедница, за да се олеснат секојдневните активности користејќи ги придобивките на информатичките науки и технологии, нагласува  Горан Шибакоски ассистент  на УНИТ.

gragjanski univerzitet

„Сите сервиси и услуги кои ги нуди Локалната самоуправа ќе бидат полесно подостапни ако се користат информатичките науки и технологии. Во сите сфери каде што може да се помогне тоа ќе го направиме. Целта е ако граѓаните имаат своја идеја, ја слушнале или виделе да предложат тоа да се имплементира тука а универзитетот  може да го направи тоа ќе помогне во реализацијата“, истакнува  Шибакоски.

 

gragjanski univerzitetЦелта е преку развојот на иновативни решенија за урбаните и социјални проблеми и креирање на технологии достапни за локалната заедница, да се создаде  иновациска  мрежа помеѓу Универзитетот  и локалната заедница, која ќе води кон прогрес  во развојот и прифаќање на е-услугите и поставување на нови стандарди за испорака истите во рамките на градот Охрид.

„ Проектот е во прва фаза, почетна. Прво  ги детектираме и собираме идеите и ќе е периодот во почетокот на овој семестар. Од кога ќе имаме собрани идеи ќе се направи селекција и ќе се  пристапи кон реализација“, укажува  Шибакоски.  

Проектот „1000 идеи за подобар Охрид“ ќе придонесе кон развојот на образованието, економијата, здравството, судството, екологијата, сообраќајот, туризмот, промоцијата на културното и историско наследство и генерално подобрувањете на квалитетот на животот во Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top