Ознака: иницијатива

narodna

ВМРО НП предлага драстично намалување на казните кои ги изрекуваат државни институции

Post Views: 0 ВМРО Народна партија со став дека во Република Македонија има драстична и неприродна казнена политика. Претседателот на охридскиот огранок на партијата, Ванчо Костоски вели дека во земјава има преголем број на казни во сите сфери на живеењето. Како пример тој ги посочи казните од 10.000 евра за фирма која држи неосигурено вработено лице, казните од 4 до 5000 евра за неиздавање на фискални сметки, како и казните за пушење во затворени и јавни простории и фрлање на отпушоци. Костоски смета дека нелогично е казната за пушење во јавни и затворени простории која изнесува...

Continue reading

obuka

Наставниот кадар од охридските основи училишта се обучува за укажување прва помош

Post Views: 7 Наставниците од основните училишта од градов се обучуваат за укажување на прва помош. Обуките ги спроведува општинската организација на Црвениот крст од Охрид, а самите курсеви се организираат на иницијатива токму на наставниците. Освен теоретската обука, тие имаат можност и практично да укажуваат прва помош, но и да ги погледнат едукативните видеа изработени од страна на Црвениот крст од Охрид. Наставниците, на овие обуки имаат можност да се запознаат со најчестите повреди и здравствени состојби кои може да се појават, од срцеви, мозочни удари, ангина пекторис, астматични...

Continue reading

memorandum

По 5000ден. за секое новородено охриѓанче

Post Views: 5 Потпишан меморандум за соработка помеѓу Општина Охрид и Општата болница од Охрид. Општината на сите новороденчиња родени во Охрид, но и на оние кои се родени во другите градови во државава или во странство чии родители живеат во градов ќе им даде еднократна парична помош во висина од 5000ден. ГрадоначалникотБакрачески вели дека ова активност на општината е во контекст на заложбите на Владата на РМ за зголемување на наталитетот. Без наталитет нема здрава основа за развој на една држава или општина. Сите знаеме колку е важно зголемувањето на наталитетот за обезбедување...

Continue reading

cestitki bratstvo

Учениците од Братство изработија новогодишни честитки

Post Views: 29 Pаботилница за рачна изработка на честитки по повод претстојните новогодишни празници во О.У. „Братство Единство“. Во пријатна атмосфера поткрепена со искрено дружење помеѓу учесниците на оваа работилница беа изготвени најразновидни новогодишни честитки. Карактеристично за овие честитки е тоа што тие се единствени и неповторливи, бидејќи секоја една честитка е лична креација на секој учесник одделно, вели педагогот Дрита Ќато. Додава дека со тоа децата покажаа дека постои меѓуетничка интеграција во образованието, „Токму денес ова што се случува во училиштето е една...

Continue reading

Иницијатива за прогласување на Ресторан Парк за споменик на културата

Post Views: 10 Охрид ЅОЅ поднесе Иницијатива за прогласување на Ресторан Парк за споменик на културата. Награденото архитектонско дело на охриѓанецот Павел Балабанов вреди да биде зачувано според стручните лица од архитектурата  но и според голем дел од охридската јавност која е против негово рушење посочуваат од Охрид СОС.  Делото на архитектот Павел Балабанов претставува исклучително значаен и редок пример на современа архитектура од втората половина на XX век, чии вредности како од обликовно естетски, така и од статичко-конструктивен аспект, се несомнени, што се потврдува со специјалното...

Continue reading

Sovet na gradski tatkovci

Иницијатива за возобновување на Св. Климентовиот Универзитет

Post Views: 12 Иницијатива за возобновување на Св. Климентовиот универзитет, но не оној кој се гради на Плаошник, туку институција која ќе ги обедини постоечките високо образовни институции во градов. Оваа идеја членот на Локалниот економски совет, Стефан Буџакоски,  ја пезентираше пред советот на градските татковци. Бучакоски потенцираше дека ицијативата се темели врз основа на интегрирање на постоечките образовни институции на подрачјето на Охрид во еден универзитет и вклопување на универзитетот кој што ја има историската димензија.  „Идејата произлегува од духовните вредности на...

Continue reading

memorandum

Меморандум за соработка со лицата со попреченост

Post Views: 9   СРЦ „Билјанини извори“потпиша меморандум за соработка со лицата со попреченост. На вкупно шест здруженија од Охрид, на располагање ќе им бидат спортските објекти со кои стопанисува претпријатието за да можат да ги изведуваат сите активности што ќе ги организираат самите здруженија, вели првиот човек на СРЦ „Билјанини извори“ Иван Цветкоски. „Градскиот базен за време на летниот период ќе биде достапен за користење на здруженијата, да имаме едно промотивнио возоње со панорамскиот автобус кога ќе го отвараме и секако да им помогнеме во сите домени каде што може да помогне...

Continue reading

mikseta

Се стиска обрачот околу ММИ

Post Views: 6 Ќе се плаќа или нема да се плаќа за јавно емитување на македонска музика? Сеуште нема разрешница на ова прашање, а во меѓувреме, кај медиумите се поголем отпор против Македонската музичка индустрија, здружението кое наметна нова давачка за сите оние кои јавно ќе емитуваат македонски фонограми. Атмосферата уште повеќе ја вжештија националните медиуми, откако деновиве јавно покренаа иницијатива за одземање на дозволата на ова новоформирано здружение. Вчера трите национални медиуми, Сител, Канал 5 и Алсат-М, ја добија подршката и од останатите свои колеги. „Вчера во Битола...

Continue reading

Споменик за писателот Ванчо Николески

Post Views: 1 Охрид  да му се одолжи на писателот Ванчо Николески со подигање на  споменик, предлагаат од Здруженито на акцијаши „Брег на младоста“. Ванчо Николески е автор на 30 романи, поеми и раскази со кои во национални рамки и пошироко се издигна и  себе си, но и градот Охрид како непресушна културна ризница, напоменува Зоран Стевоски, претседател на Здруженито. Иницијативата  ја поткрепува со фактот што годинава се  навршуваат 100 години од раѓањето на писателот и 50 години од објавувањето на романот „Волшебното самарче“. Споменикот  ќе биде едно признание за неговиот книжевен...

Continue reading

sednica sovet

Субвенционирани комунални давачки за ранливите категории?

Post Views: 15 Дали општината ќе ги субвенционира комуналните давачки за ранливите категории? Ова прашање уште на минатата седница на Советот на општина Охрид беше покренато како иницијатива од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а веќе утре може да биде и конкретно реализирана. Општината оваа предлог одлука ја стави на дневниот ред на утрешната седница, а доколку е комплетна, од советничката група на ДПМНЕ велат дека ќе ја подржат. „Поведени бевме од таа иницијатива пред се како одговор на одлуките на мнозинството на Советот и на Управните одбори на јавните претпријатија...

Continue reading

strujomeri

На охриѓани не им гори под нозе

Post Views: 6 Ценовниот удар на струјата ги погоди и охриѓани. Но нашиот град очигледно слабо реагира на ударот бидејќи во Охрид сеуште нема индиции за штрајк против поскапувањето на електричната енергија. Поголемите градови во земјава Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Куманово се приклучија кон граѓанската иницијатива на здружението Аман, од каде најавија одржување на протести секој вторник. Да се надеваме дека нема да поминат многу вторници. Охриѓани ги поддржуваат протестите и доколку би имало би се приклучиле кон нив, но очигледно нема кој да ги организира. Атмосферата во Битола...

Continue reading

panoski

Цените на услугите да се намалат

Post Views: 4 Локалните ЈП да ги намалат комуналните услуги. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски денес јавно ја покрена оваа иницијатива, поради намалувањето на цената на нафтата и нафтенте деривати, чија висина првично беше причина за зголемување на цената на услугите. Паноски дури смета дека треба да се размислува да се воведе конкурентност на пазарот на услугите, во интерес на граѓаните. „Комуналец да ги намали цените на комуналните услуги, нискоградба исто така и секако и Градски гробишта Јавното Претпријатие да ги намали цените, посебно услугата гробарина...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top