Ознака: инвалидитет

logo

Рокот за субвенционирање комунални услуги завршува во петок

Post Views: 7 Заинтересираните граѓани барањата за субвенционирање на комунални услуги можат да ги поднесат заклучно со петок , 5- ти декември.Вкупниот износ на субвенцијата изнесува 600 денари месечно за секој корисник и ќе биде составена од четири компоненти: покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари, покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари и покривање на трошоците за плаќање на гробна такса – гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно субвенцијата. Барателот...

Continue reading

општина

Продолжен рокот на огласот за субвенционирање на комуналните трошоци

Post Views: 4 Продолжен рокот на огласот за субвенционирање на комуналните трошоци. Причина за тоа е зголемениот интерес на граѓаните на општина Охрид кои своите барањата можат да ги поднесат заклучно со 05.12.2014 година. Вкупниот износ на субвенцијата изнесува 600 денари месечно за секој корисник и ќе биде составена од четири компоненти: покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари, покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари и покривање на трошоците за плаќање на...

Continue reading

parking

Ј.П. „Градски Пазар“ изгради пристапни рампи за лицата со инвалидитет

Post Views: 1 Ј.П. „Градски Пазар“ изгради пристапни рампи за лицата со инвалидитет, а обезбеди и паркинзи за оваа категорија граѓани. Ова е само еден од проектите на новиот директор на Ј.П „Градски Пазар“, Тони Коталески. „Сметам дека беше повеќе од неопходно да се направат пристапни рампи до објектите во сопственост на ЈП Градски пазар – Охрид, за лицата со инвалидност. Овие рампи кои пред се се направени до продажните места за текстил и продажното место за производи од животинско потекло јајца и сирење ќе им овозможат ист пристап на сите граѓани на Охрид“, вели директорот...

Continue reading

zdruzenija

Се надминуваат бариерите за лицата со инвалидитет

Post Views: 6 Институциите почнуваат полека да учат дека ние постоиме во оваа држава, вели Снежана Танеска од Здружението со телесно инвалидизираните лица  Мобилност од Охрид. Требаше да поминат две години по ратификацијата на Конвецијата за правата на лицата со инвалидитет за работите да почнат  да се менуваат. Танеска напоменува дека тие се свесни дека промените нема да се случат преку ноќ. Додава дека тие треба да се изборат за промените во свеста кај останатите граѓани за да  сфатат кои се нивните потреби.„ Досега бевме маргинилизирани, туркани настрана и не не погледнуваа. Сега...

Continue reading

sigri

Охрид домаќин на 25-те јубилејни спортски игри на лица со телесен инвалидитет

Post Views: 6   За лицата со телесен инвалидитет се одржаа јубилејните 25-ти спортски игри. Стрелаштво, пинг понг, неколку атлетски дисциплини и трка со инвалидски колички се дисциплините во кои лицата со телeсен инвалидитет ги одмерија своите спортски вештини. Учествуваа над 100 натпреварувачи од кои 50- тина со телесен инвалидитет, 22-ца слепи и слабовидни и 8-мина со оштетен слух. На спортските игри учествуваше и Оливера Наковска Бикова,  освојувач  на златна медалја во стрелаштво на параолипмиските игри 2012 во Лондон. Очекувано и на овој натпревар таа беше убедливо најдобра со...

Continue reading

Mojsovska kolonija

Хендикепот не може да ја спречи уметноста

Post Views: 0 Уметноста не познава и не признава граници и препреки. Каде поголем доказ за тоа, од веќе традиционалната меѓународна ликовна колонија за лица со телесен инвалидитет. Од самите почетоци на колонијата, нејзин редовен учесник е Роза Мојсовска. Таа нема функција на долните и горните екстремитети, но вели дека никогаш не дозволила тоа да и биде проблем. Со уметност се занимава уште од рана возраст, но од 2006 година почнала да работи посериозно. Таа црта со акрилни бои на платно и вели дека сака да се бори, и да им докаже на луѓето дека инвалидитетот не е ги спречува во...

Continue reading

komunikacija lica so hendikep

Нови можности за вработувања на лицата со хендикеп

Post Views: 9 „Ова се врските кои се создаваат во семејството, на работното место, и ова се врските кои ние ги создадовме изминативе три дена“. Со оваа скоро поетска мисла, психологот Шпела Реш на лицата со хендикеп им покажа колку се значајни врските на работното место, комуникацијата, себепретставувањето пред работодавците, а се со цел или нивно полесно вработување или полесна и покоренита интеграција на своето работно место. Овие вештини, тие ги учеа на работилницата која деновиве се одржува во Охрид, како дел од проектот на Европската унија за социјална инклузија на лицата со...

Continue reading

precka

Архитектнонските бариери, проблем број еден за лицата со инвалидитет

Post Views: 2 Лицата со телесен инвалидитет и натаму мака мачат со архитектонските бариери. Пристапот до јавните институции, установи, објекти станува невозможен, доколку тие не се адаптирани или пак изградени по стандарди кои предвидуваат пристапност за лица со инвалидитет. „Почетокот, основата за разрешување на одредени права за лицата со инвалидитет, тргнува од пристапноста, од можноста овие лица самостојно да се придвижат и пристапат кон институција која им е во интерес во даден момент.“-вели претседателот на националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет, Бранимир Јовановски....

Continue reading

владо

Инвалидите без пристап на плажа

Post Views: 6 Охридските плажи непристапни за луѓето со инвалидитет. Луѓето со различен степен на инвалидитет и покрај желбата да се капат во езерските води, тоа не можат да си го дозволат. Владимир Дојчиноски од Скопје укажува дека со мала инвестиција плажите на брегот би можеле да се прилагодат за луѓето со телесен ивлаидитет, кои како и сите останати луѓе сакаат да уживаат во летниот одмор. Ние сакаме да се почуствуваме како и другите луѓе, да бидиме самостални, а не да не третираат како инвалиди. „Саат и пол барав по плажите каде што ќе можам да влезам со количка. Ставиле песоци,...

Continue reading

сонце

Упевче автор на мозаикот „Сонце“

Post Views: 6 Мозаикот како симбол на животот и вечноста, топлина и светлина ќе ги грее срцата на децата со инвалидитет без родители во Белград. Оваа порака ја носи новиот мозаик изработен од вредните раце на академски сликар, конзерватор и реставратор. Со посветеност и упорност Никола Упевче рачно обработил над 10.000 минијатурни камчиња, црн гранит и златен оникс, а за тоа му биле потребни три месеци ефективна работа. „Станува збор за класична техника на редење на камчиња каде што е употребен каменот оникс кој е многу мек, ронлив и нежен, и гранит во црна боја, многу цврст и груб,...

Continue reading

licna karta

Неподвижните лица до лични карти со помош на мобилна екипа

Post Views: 0 Лицата кои тешко се движат и не можат да стигнат до службите на СВР Охрид за да ги заменат старите лични карти со нови биометриски ќе добиваат помош. Мобилна служба ќе доаѓа во нивните домови по пријава од страна на семејствата или старателите, нагласува портпаролот на СВР, Стефан Димоски. Полицијата наскоро ќе прави и приодни рампи за  лицата со инвалидитет. Овие лица досега немаа  лесен пристап до полициските служби.Сега по потпишувањето на Конвецијата за заштита на правата на лицата со инвалидитет и полицијата ќе мора да им овозможи лесен пристап на овие лица. За...

Continue reading

parking

Лицата со инвалидитет бараат почитување на Конвенцијата на нивните права

Post Views: 1 Лицата со различни видови инвалидитет ги повикуваат надлежните на почитување на Конвенцијата за нивните права.Тие долго време беа запоставувани од држaвата, а сега со нејзиното потпишување, овие лица очекуваат да ги имаат истите права како и „обичните“ луѓе. Сега треба да се адаптираат сите објекти и институции кон нивните потреби и  да се отстранат сите бариери, и физички и интелектуални. Лицата со инвалидитет се свесни дека промените нема да се случат  преку ноќ туку постепено, но бараат  од некаде промените да  стартуваат. Побараа од Локалната самоуправа одговор...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top