Продолжен рокот на огласот за субвенционирање на комуналните трошоци

Голем интерес за субвенционирање на комуналните трошоци. Поради тоа општината го продолжи рокот на огласот па граѓаните своите барањата можат да ги поднесат заклучно со 05.12.2014 година.

 |  Јаковлева Лионела  | 
општина
opstina

Продолжен рокот на огласот за субвенционирање на комуналните трошоци. Причина за тоа е зголемениот интерес на граѓаните на општина Охрид кои своите барањата можат да ги поднесат заклучно со 05.12.2014 година. Вкупниот износ на субвенцијата изнесува 600 денари месечно за секој корисник и ќе биде составена од четири компоненти: покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 250 денари, покривање на трошоците за одведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари и покривање на трошоците за плаќање на гробна такса – гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата. ohrid

Рокот е продолжен токму поради интересот на граѓаните кои имаат основа да бидат субвенционирани а ги немаа докомплетирано сите документи, вели Томе Џамтоски, портпаролот на Локалната самоуправа.opstina

Барателот на субвенција мора да е корисник на социјална помош, корисник на постојана парична помош или невработен подолго од 12 месеци. Доколку корисникот е во брак, тогаш неговиот брачен другар да е невработен. Исто така право на субвенционирање имаат и лица кои имаат најмалку 70% степен на инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или челен на семејството е со инвалидитет од најмалку 70% или има тешка болест. Досега 226 семејства имаат поднесено барања за субвенционирање. Оваа бројка покажува дека охриѓани имат се помалку пари за покривање на основните т-ци за живот.

Имаме за жал поголема група граѓани кои тешко излегуваат на крај со основните т-ци за живот. Но локалната прави напори за подобар локален економски развој и за отварање нови работни места како би се подобрила економската ситуација на граѓаните, вели Џамтоски.

Инаку, подносителите на барањето за субвенционирање треба да се државјани на Република Македонија и да се жители на општина Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top