Ознака: изјави

Doutsen Kros

Ангел на пат кон вселената

Post Views: 16 Холандската манекенка Дутсен Крос е една од стоте лица кои во 2014 година ќе патуваат во вселената.Ангелот на “Victoria’s Secret” ќе патува во вселената со туристичка компанија од својата земја, а на првиот комерцијален лет од групата на славни личности друштво ќе и прават Армин Ван Бурен, и наводно, Кејти Пари и Расл Бренд. “Благодарејќи на мојата работа сум ги видела најубавите места на светот, но мислам дека никогаш нема да видам нешто поспектакуларно од Земјата од вселената”, изјави манекенката. {loadposition content9}

Continue reading

priredba

ОУ “Григор Прличев” го одбележа патронатот

Post Views: 0 ОУ “Григор Прличев” со низа активности, меѓу кои и синоќешната свечена приредба, го одбележа патрониот празник во слава на преродбеникот и поетот од крајот на 19-ти век Григор Прличев. Синоќа во преполнетата сала на НУ Центар за култура “Григор Прличев“ се одржа свечената приредба на основците од училиштето чиј патрон е големиот поет. Подготовките за приредбата, која што беше круна на дводневното чествување на делото на Прличев, траеле два месеци, изјави директорката на училиштето Силвија Мојсоска.   „Ние веќе два месеци наназад ги правиме плановите за одбележување...

Continue reading

vremeni objketi

Во Охрид почна отстранувањето на времените објекти

Post Views: 6 Започна отстранувањето на дел од 107- те времени објекти во Охрид. Сопствениците на овие објекти од 2006 година не ги подмирувале обврските кон државата која била сопственик на земјиштето до 2012 година каде што тие се поставени. Од август 2012 ингеренциите врз  земјиштето ги презема Локалната самоуправа. „ Нашите служби извршија скенирање на состојбите на терен и утврдија кои од нив треба да се отстранат, бидејќи не се во согласност со урбанистичките решенија и планови кои треба да се донесат, а при тоа го нарушуваат и амбиентот и функционалноста на просторот. Оние...

Continue reading

donacija uvo grlo nos

Одделението за уво, грло и нос доби нова опрема

Post Views: 3 Охридската општа болница доби опрема од австралиско – македонското друштво на лекари. Се работи за современ уред за полесно дијагностицирање на болестите на уво, нос и грло, а исто така и прегледите со помош на новата опрема треба да бидат побезболни, како што изјави др Ленка Беде. Таа појасни дека со новата опрема болницата оди чекор понапред и ги следи современите светски трендови во медицината. „Добивме еден софицистиран уред бинокуларна конвергентна оптика со која може многу прецизно да дијагностицираме, а исто така и да го опсервираме лекувањето после ординирана...

Continue reading

elka

Што очекуваме од Новата 2014 година?

Post Views: 0 Изминуваат последните часови од 2013та година, година која кај сите ќе остави различен впечаток, година која некои ќе сакаат вечно да ја паметат, но некои и веднаш да ја заборават. Часовникот несопирливо отчукува и ги брои последните минути од годинава, а оние кои досега не помислиле што сакаат од оваа новата, ова е вистинскиот миг тоа да го сторат. Еве што нашите сограѓани очекуваат и колку се оптимисти дека Новата 2014 година ќе биде подобра од оваа во заминување. „Очекувања? Да биде побогата од оваа година, народот да биде позадоволен, и да оди вака како што е, да...

Continue reading

slovenci

Словенија заинтересирана за инвестиции во туризмот

Post Views: 1 Словенците најзаинтересирани за инвестиции во туризмот. Денес словенечкиот амбасадор Бранко Раковец оствари работна средба со градоначалникот Никола Бакрачески. Пред делегацијата на Р. Словенија беа презентирани можностите и капацитетите на општина Охрид за развој на економијата и реализација на потенцијални инвестиции. Градоначалникот Бакрачески изјави дека туризмот е она што Охрид може да го понуди на словенците како економска гранка во која ќе најдат интерес за инвестирање. „Добивме податоци од регионалната стопанска комора дека бројот на словенски туристи кои престојуваат...

Continue reading

kvadril

Шести пат „Матурска парада“

Post Views: 5 Охридските матуранти и годинава традиционално танцуваа квадрил на звуците на  штраусовата опера „Лилјакот“. На „матурската парада“ учествуваа 360 матуранти од гимназиските, економските и медицинските паралелки. Дел од нив за ТВМ изјавија дека овој момент долго ќе го паметат. Пред почетокот на парадата, на матурантите им се обрати д-р Никола Бакрачески, градоначалникот на Охрид. Тој им порача достоинствено и храбро да чекорат по патот што секој сам си го осмислил, да бидат цврсти во своите одлуки за напредок во животот на начин без да бидат нарушени човековите, етички...

Continue reading

Trajkoski Debrca

Трајкоски најави сигурна победа на ДПМНЕ во Дебрца во вториот круг

Post Views: 1 Иако доживеа минимален пораз со разлика од 61 глас во првиот круг, Игор Трајкоски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Дебрца задоволен од постигнатото. „Им честитам за храброста на моите дебрчани што прв пат по децентрализацијата во Дебрца гласаа за да победи духот за подоброто.“-изјави Трајкоски. Тој рече дека фактот што се оди во втор круг на гласање во Дебрца е доказ дека таму може да се оствари нова власт за подобра Дебрца. „Би сакал да им изразам благодарност на сите кои во Игор Трајкоски, неговиот тим и во советничката група на ВМРО-ДПМНЕ препознаа политичка...

Continue reading

acepetreski

Петрески – Подготвени сме за избори

Post Views: 5 Комплетно сме подготвени за настап на овие избори, најави Александар Петрески, кандидатот за градоначалник на опозицискиот фронт „Сојузот на иднината“ кој од охриѓани ја бара довербата за трет мандат. Вечерва со митингот на градскиот плоштад Петрески презентирајќи ја својата изборна програма и официјално ја отпочнува битката за градоначалничката функција. Петрески рече дека Охрид заслужува да има убаво лице, а не грдо како синоќешната слика на митингот на владеачката гарнитура на ВМРО – ДПМНЕ, каде што според него имало се, само охриѓани не. „Преку 300 автобуси беа присутни,...

Continue reading

parola

„Работното лето“ на СДСМ пристигна во Охрид

Post Views: 5 „Македонија е мала земја со огромни и тешки проблеми, земја која нема капацитет премногу долго да издржи погрешни политики за клучните прашања“, изјави претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на митингот кој во рамките на „Работното лето“, се одржа во саботата на градскиот плоштад во Охрид. Црвенковски потенцира дека значењето на претстојните локални избори за излез од компликуваната ситуација во која се наоѓа земјата, е огромно. „Нaродот се осмели се одважи, народот се реши, запирање повеќе нема. Доаѓа време за наплата на сметките за голема народна казна за сите досегашни...

Continue reading

sdsm

„Работно лето“, во Охрид

Post Views: 1   Изборот на Александар Петрески по трет пат за кандидат за градоначалник е вистинскиот, изјави Бранко Црвенкоски лидерот на социјалдемократите.Според него, Петрески е најдокажаниот градоначалник кој во невозможно тешки услови  ја презел власта и успеал покрај сите притисоци и опструкции од централната власт, да покаже дека доколку сака, и ако се знае се може, па така за Охрид досега направил многу дури и работи кои не се под негова капа. „Јас сум убеден дека и Аце и охриѓани во наредниве четири години ќе имаат можност прв пат да видат како и новата Централна власт ќе...

Continue reading

ekspert

Соработка меѓу Македонија и Израел во сферата на иновациите

Post Views: 0 Светот денес се менува на таков начин и со таква брзина, што и Македонија ќе мора да се адаптира и да изнаоѓа начини да се вклучи во тие текови. На денешните предавања во Универзитетот за информатички технологии „Св.Апостол Павле“ во Охрид, експертите од Израел ги споделија искуствата кои ги имаат од вакви слични соработки низ целиот свет. Данчо Давчев, Ректор на Универзитетот истакна дека плодна соработка е особено можна на полето на иновациите со користење на европските фондови. „Заедничко учество на проектите финансирани од ЕУ, посебно од програмата за исни технологии....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top