Ознака: изјави

Монако во лов на невозможното

Post Views: 8 Екипата од кнежевството приреди низа од изненадувања и стигна до четвртфиналето на елитното натпреварување каде сега ги чека италијанскиот првак Јувентус. Монако во групата го освои првото место пред Баерн Минхен, Зенит и Бенфика примајќи само еден гол во шест средби, а потоа во осминафиналето го елиминира Арсенал. “Кога си заминаа Џејмс и Фалкао, француските медуими ни предвидуваа европски дебакл и десетта позиција во француското првенство. Но, ние стигнавме до четрвртфинале, а во француското првенство сме трети”, изјави играчот за врска Мутињо. Португалскиот репрезентативец...

Continue reading

Воз влетал во подвижни скали

Post Views: 4 Несреќата се случила околу 3 часот наутро по локално време во подземната железница во близина на интернационалниот аеродром во Чикаго. Увидот е во тек и не се знае што е причината за несреќата. Еден од сведоците на лице место изјавил, за ТВ мрежата “5 NBC„ дека возот воопшто не успорил кога влегол во станицата. „Настана општ хаос, луѓето беа преплашени, пробувајќи да сфатат што се случи“, рекол тој. Како што наведуваат американските медиуми, за среќа никој од повредените немал тешки повреди. Како што пренесуваат медиумите, не се знае дали причината е некој медицински...

Continue reading

dete

UNESCO: 250 милиони деца во светот се неписмени

Post Views: 0 Најмалку 250 милиони деца, на возраст за во основно училиште, од вкупно 650 милиони низ светот не можат да читаат, пишуваат и не ги владеат основите на математиката, покажува извештајот нарачан од Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), пренесоа американските медиуми. Околу 130 милиони деца посетуваат основно училиште, но не ги покриваат минималните образовни стандарди. Речиси 120 милиони деца многу малку време или воопшто не минувале во училниците, а од нив дури 57 милиони не посетуваат училиште.Годишно владите низ светот губат по 129 милијарди...

Continue reading

Arkan

Сефовите на Аркан, празни

Post Views: 0 Во двата сефа на Аркан кои вчера беа отворени во Комерцијална банка не е пронајдено ништо. Сефовите беа скршени, бидејќи клучевите за нивното отворање не биле пронајдени. Тајниот трезор на Ражнатовиќ на сила бил отворен во присуство на полицијата и обвинителството. Од членовите на семејството на некогашниот командант на Српската добороволна гарда никој не се појавил, вклучувајќи ја и сопругата Светлана Цеца Ражнатовиќ, која не одговорила на повикот да дојде во банка. „Добив повик да присуствувам во отворање на сефовите, но не отидов бидејќи не сакам да учествувам во...

Continue reading

katalonia protesti

Нема отцепување на Каталонија

Post Views: 2 Шпанскиот премиер Мариано Рахој изјави дека нема да дозволи ниту еден референдум, чиј резултати ќе ги доведе под сомнеж територијалната целост и суверенитет на земјата, вклучувајќи го и прашањето за независност на автономната област Каталонија. „Државата е подготвена за секакви сценарија на развој на настаните. Законот ќе биде почитуван. Нема да има референдум, кој ќе го доведе под знак прашалник суверенитетот на шпанскиот народ. Додека јас сум премиер ниту една шпанска територија нема да добие независност“ – рече Рахој. Тој вети дека ќе работи на „зајакнување на врските...

Continue reading

logo

Новата закана за човештвото, повторно доаѓа од Кина

Post Views: 2 Во Хонг Kонг е потврден првиот случај на лице инфицирано со новиот тип на вирусот на птичји грип Х7Н9, изјави министерот за здравство на овој специјален административен кинески регион, Гао Јонгвен. Тој рече дека со вирусот е заразена 36-годишна Индонезијка, која работела како домашна помошничка во семејство во Хонг Конг. Се претпоставува дека таа се заразила на пазарот од соседниот град Шенжен во провинцијата Гуангдонг, во континетална Кина. Состојбата на женета е критична. Лекарите планираат да ја стават во карантин и да ги испитаат сите лица, кои имале контакт со...

Continue reading

policiska akcija texas

Убиен починителот на маскарот во Тексас

Post Views: 0 Вооружен напаѓач уби 12 лица, а повреди десетици во комплекс на Морнарицата во Вашингтон, пред да биде елиминиран од полицијата.Полицијата го идентификува напаѓачот како поранешен армиски работник под договор, Арон Алексис од Форт Ворт, сојузната држава Тексас. Засега не се знае како успеал да влезе во комплексот без соодветна пропусница и кој бил неговиот мотив. Градоначалникот на Вашингтон, Винсент Греј, изјави дека нема причина да се верува дека се работи за терористички напад Полицијата и ФБИ првично мислеа дека има други двајца напаѓачи, но подоцна соопшти дека...

Continue reading

mayon

Вулканот Мајон се разбуди, однесе пет жртви

Post Views: 12 Еден од најактивните вулкани на Филипини денеска исфрли големо количество на камења и пепел , усмртувајќи на тој начин најмалку пет алпинисти, информираа филипинските медиуми. Спасувачки тимови со хеликоптери се упатија кон планината Мајон на околу 340 километри од Манила за да ги извлечат мртвите тела на алпинистите и да ги згрижат повредените , од групата од околу 20 тина алпинисти кои биле затекнати од ненадејната ерупција на вулканот, изјави гувернерот на покраината Албеи Џои Салкеда. Алпинистите биле усмртени од огромното количество на камења кои биле исфрлени...

Continue reading

Evo Morales

„USAID“, протерана од Боливија

Post Views: 9 Боливискиот претседател Ево Моралес изјави дека ja протерува Агенцијата на САД за меѓународен развој (USAID) од неговата земја за наводно мешање и заговор против владата, јавува Си-Ен-Ен. “УСАИД е надвор, јас побарав од министерот за надворешни работи веднаш да комуницира со Амбасадата на САД”, изјави Моралес во својот говор вчера, според државната АБИ новинска агенција. Според боливискиот веб-сајт на УСАИД, агенцијата работела таму од 1964 година и оваа агенција, се грижи за здравјето, одржливиот развој и еколошките програми во земјата. Агенцијата вели...

Continue reading

Horacio Cartez

Претседателот на Парагвај не сака плата

Post Views: 2 Орасио Картес, новиот претседател на Парагвај се откажа од платата во корист на добротворни цели. Картес е еден од најбогатите луѓе во Парагвај кој со совјата победа, по пет годишна пауза, го означи враќањето на власт на конзервативната партија „Колорадо“. Веднаш по победата Картес изјави дека приоритетна цел за време на неговиот мандат ќе биде борбата против сиромаштијата со која се соочува 40 отсто од населението. {loadposition content9}

Continue reading

kokoski

Расте бројот на жртвите од новиот птичји грип

Post Views: 4 САД ја следат будно состојбата со новиот вид на грип Н7N9 во Кина кој веќе зема пет жртви, изјави портпаролка на Белата куќа. Во Кина има 14 заразени со новиот тип на птичји грип, а четири од петте жртви починаа во Шангај. Здравствените организации во држави од светот се во состојба на зголемена будност, но засега нема информации дека тој нов вид се пренесува од човек на човек. – Тим за национална здравствена безбедност на Белата куќа ја следи ситуацијата, изјави портпаролката Кејтлилн Хејден. – Центарот за контрола на болести во САД се подготвени за помош на СЗО...

Continue reading

burgas

Бургас, 8 жртви, нападот дело на самоубиец

Post Views: 4 Нападот врз автобусот со израелски туристи во Бугарија во кој загинаа најмалку осум лица е дело на ,,напаѓач самоубиец“, изјави денеска бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов. „Експлозијата ја предизвикал еден човек кој загинал во нападот и чијшто идентитет уште не е утврден“, рече Цветанов на аеродромот во Бургас. Тој кажа дека напаѓачот имал лажна возачка дозвола издадена во Мичиген во САД. Министерот рече дека во автобусот со израелски туристи загинале осум лица, шест Израелци, еден Бугарин и самиот напаѓач. Според извештаите, во автобусот имало...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top