Бургас, 8 жртви, нападот дело на самоубиец

Нападот врз автобусот со израелски туристи во Бугарија во кој загинаа најмалку осум лица е дело на ,,напаѓач самоубиец“, изјави денеска бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов.

 |   | 
burgas
Бургас

burgasНападот врз автобусот со израелски туристи во Бугарија во кој загинаа најмалку осум лица е дело на ,,напаѓач самоубиец“, изјави денеска бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов.

„Експлозијата ја предизвикал еден човек кој загинал во нападот и чијшто идентитет уште не е утврден“, рече Цветанов на аеродромот во Бургас.

Тој кажа дека напаѓачот имал лажна возачка дозвола издадена во Мичиген во САД.

Министерот рече дека во автобусот со израелски туристи загинале осум лица, шест Израелци, еден Бугарин и самиот напаѓач.

Според извештаите, во автобусот имало околу 40 луѓе.

Израелскиот премиер Бењамин Нетањаху за експлозијата го обвини Иран и вети остар одговор.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top